Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.158
- Поени од реакции
- 83.931
Повторно ограбена црквата во Св. Никола во Радожда
За неполн месец повторно ограбена црквата Свети Никола во струшкото село Радожда. Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Свети Климент Охридски непознати вандали насилно со обивање на вратата влегле во црквата и украле десетина вредни икони.
Ова е втора тешка кражба после онаа на 15 ноември, кога од престолот на истиот храм беа украдени 12 икони од 19 от век и еден сребрен крст.
Свети Никола е централниот храм во село Радожда. Мештаните како и минатиот така и овој пат не слушнале ништо, но се исплашиле од пустошот што го направиле крадците.
Честите кражби во струшко ги натераа МПЦ и Завод и музеј да ги соберат вредните црковни артефакти и да ги заклучат во депо. Но, Радожда не беше на списокот бидејќи е живо село.
- Тоа е живо село има 2000 луѓе над 500 куќи. Не е ставено на листа и не треба да е ставено. Нам не ни е целта да ги симнеме сите икони од иконостасите. Ние одиме со еден избор кои се тие вредни кои треба да бидат собрани и тоа е успешно направено и еве сега привршуваме, вели Сашо Цветкоски, директор на Завод и музеј – Струга.
Црквите во струшко се постојана мета на крадците. Исчезнуваат вредни икони и црковни артефакти со непроценлива вредност, кои се дел од културно историското наследство на земјава. Но храмовите и натаму се незаштитени без алармни уреди, камери и сигурносни врати.
Материјалната штета од минатата кражба беше проценета на 30 000 евра, а штетата од синоќешниот пустош дополнително ќе се утврдува.