НА ВСЕЛЕНАТА НЕ И ТРЕБА БОГ
Stephen Hawking says universe not created by God
Господ не го создал универзумот, тврди Стивен Хокинг во својата нова книга “The Grand Design”, во која Големата експлозија е објаснета како неизбежен резултат на законите на гравитација.
Во “Кратка историја на времето”, напишана во 1988-та година, британскиот физичар ја прифати улогата на Бог во создавањето на вселената, но во новото дело на кое работеше заедно со колегата од САД, Леонард Млодиноу, тврди дека новите теории се чист доказ за тоа дека нема потреба од никаков создавател. Делови од книгата, која ќе излезе од печат на 9-ти септември, се објавени во британски Тајмс.
“Бидејќи постои закон каков што е оној за гравитацијата, универзумот може и се создава себеси од ништо. Спонтаната креација е причина за постоењето на вселената и човекот. Нема потреба Господ да го запали фитилот и да го предизвика создавањето на универзумот”, напишал Хокинг.
Според него, самиот факт што луѓето се доволно способни за да ги разберат законите кои управуваат со нив и универзумот е огромен триумф. Како прв контраудар на верувањето на Исак Њутн дека нема шанси универзумот да настанал од ништо, Хокинг го посочува набљудувањето од 1992-та година на планета која кружи околу ѕвезда која не е нашето Сонце.
“Тоа прави совпаѓањата во нашата планетарна состојба - едно сонце, среќна комбинација од оддалеченоста на Земјата од Сонцето и соларната маса – да изгледаат многу понезначајни, освен тоа покажува и дека не се доказ за тоа дека Земјата е внимателно создадена само за да им удоволи на човечките суштества”, објаснува физичарот.