ФБИ ги учи своите агенти дека исламот е религија на насилството
Министерот за правда и главен обвинител на САД Ерик Холдер во обраќање во Сенатот даде уверување дека прикажувањето на исламот како религија, која претежно е поврзана со насилството, е извадено од подготвителната програма за вработување во ФБИ.
- Тие квалификации би можеле исто така да имаат негативни последици за нашата способност за ефикасна комуникација со американските муслимани, додаде тој.
Агентите на ФБИ исто така учеле дека просечниот американски муслиман има тенденции да биде симпатизер на терористите.
Постоењето на оваа програма беше откриено во септември од списанието „Вајрд“, кое го цитираше експертот за борба против тероризмот, Вилијам Готорп, кој рече дека исламот сам по себе, а не Ал Каеда, претставува закана.
- Содржината на таа обука е редактирана со цел да дадеме гаранција оти повеќе нема да има такви дезинформации, изјави Холдер пред Сенатот и додаде дека цитираниот експерт повеќе не работи за ФБИ