http://duma.mk/veles/8589-se-penzioniraa-tri-profesorki-na-veleskata-gimnazija
КонтраКонт
"Не можеш ти да определуваш за кого вреди да се зборува, а за кого не,
основоположниците на социологијата биле тие,
тоа е тврдење на науката, е факт, нема што да коментираме ние."
-Ми рековте, драга професорке, кога ми запечативте тројка за полугодие.
"Не", Ви одговорив тој кобен ден, "немам ама баш ништо да кажам за Конт,
немам намера да прераскажувам, ниту да го величам идиотот и да си го сушам мозокот.
Ако сакате, може да ме прашате за Диркем комуњарот, иако и тој бил бот
и на крај пак нема да ви се допадне одговорот."
Четири пати, професорке, четири пати од инает ли, гнев ли или пркос,
четири пати на "ајде П. пак за Конт, мора да го поминеме тој гребен"
ви враќав крајно арогантно и многу дрско,
дека не сум спремен.
Години поминаа, па и јас стигнав да полагам испит на факултет,
спремен скроз, научен учебник од назад и од напред.
Како за беља, ме прашува професорот за Платон,
какво мислење сум имал јас за бескичмењакот превртлив проклет.
Бев спремен да го изгорам, пеплишта да го направам, сосе неговите периоди на "транзиција"
ќе го фатеше професорот неспремен мојата шпанска инквизиција.
Се сепнав, професорке, се сепнав во последен момент,
па го испеав како попче цело евангелие, цело учебникарско воспевање на Платон,
на тој вошкар, тој проклет вошкар, да даде господ да си цицаат со Конт куровите во адот,
се најубаво кажав за ебаниот Платон и поминав глатко.
..
Без таа тројка немаше да поминам.
Без таа тројка немаше да сфатам дека моето мислење не се ни бара,
дека не вреди, не тежи и нема да одекне,
дека со него ќе завршам на буништето на себепрогласените бунтовници.
Да, професорке, Конт е татко на социологијата, Господи помииилуј.
Да, Платоновиот идеализам и подоцнежен прагматизам воопшто не кажуваат дека се работи за класичен шизо, Господи помиииилуј.
Да, без разлика на суштината и на внатрешните пориви, општествениот крој е таков и секоја борба за прекројување завршува неславно.
И да, да сте ми жива и здрава, тенк ју фор евритинг.