Велес

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.602
Поени од реакции
8.652
Кафаната на Ингилизот е одговорна за освоеното место во убавина на нашата автобуската станица, бидејќи она го краси тој дел таму, реката Вардар дава само мал придонес при ароамтизирањето на средината.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
969
Поени од реакции
405
Kazete de edna ubava kafana vo Veles.Jas ne procitav od nikogo da dade misla.
A po se izgleda vie ne ste vlegle tamu pa taka da toj sto ne videl ne znae.
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 11:16 ---
A za vkus sekoj si ima razlicen moze vas ve bendisuva vo BOEMI ili Kaj Dimce.Kaj Dace Skorpion ili vo Prevalec.Znaci birtija i kafana se 2 razlicni zbora.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
672
Поени од реакции
1.084
Kazete de edna ubava kafana vo Veles.Jas ne procitav od nikogo da dade misla.
A po se izgleda vie ne ste vlegle tamu pa taka da toj sto ne videl ne znae.
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 11:16 ---
A za vkus sekoj si ima razlicen moze vas ve bendisuva vo BOEMI ili Kaj Dimce.Kaj Dace Skorpion ili vo Prevalec.Znaci birtija i kafana se 2 razlicni zbora.
Пријателе, во Велес навистина нема убава кафана, но од тие што ги имаме Ингилизот не е меѓу поубавите, мене лично ми се допаѓа Деспина што е на главната улица под Пабот и на Дацо кафаната Антика, кај оградата кај трговски. И Маринела може да ја ставам тука. Додека Боем, ни малку не е кафана, тоа е биртија, тешка биртија. :)
Е сега, ми се крши филмот кога ке влезам во кафана, од типот на ингилиз, дацо, деспина, шкорпион и кога ке видам средношколци како пијат две пива и се сликаат послето цела вечер. Бљак.
Додека у биртијата на Мешката, Боем. Одат работници, железничари, градежници. Е тие луѓе знаат како да се однесуваат во кафана. Таму никој не ме гледа накриво кога ке се опијам. Додека во "поотмениве" кафани, срамота е да се опиеш да не те сликне некој и ке те стави на твитер. :)
 
Sekoj svoj vkus samo moeto mislenje e toa.Kafana so 5 masi ako za tebe e toa ambient toa e veke drugo.Moderna birtija nasminkana e toa e toa.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.602
Поени од реакции
8.652
И биртиите изумреа готоо, не беа тоа што беа пред 10тина години, тогаш се знаеше како се облекуваше, какво беше понашањето во такво место, постарите го држеа тоа правило, сега отиди у некоја биртија ќе видиш ропаци напушени и облечени во сакоа како се сликаат и се силат на пиење, ужас.
 
Raziel

Модератор
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.448
Поени од реакции
5.843
http://duma.mk/veles/8589-se-penzioniraa-tri-profesorki-na-veleskata-gimnazija

КонтраКонт

"Не можеш ти да определуваш за кого вреди да се зборува, а за кого не,
основоположниците на социологијата биле тие,
тоа е тврдење на науката, е факт, нема што да коментираме ние."
-Ми рековте, драга професорке, кога ми запечативте тројка за полугодие.

"Не", Ви одговорив тој кобен ден, "немам ама баш ништо да кажам за Конт,
немам намера да прераскажувам, ниту да го величам идиотот и да си го сушам мозокот.
Ако сакате, може да ме прашате за Диркем комуњарот, иако и тој бил бот
и на крај пак нема да ви се допадне одговорот."

Четири пати, професорке, четири пати од инает ли, гнев ли или пркос,
четири пати на "ајде П. пак за Конт, мора да го поминеме тој гребен"
ви враќав крајно арогантно и многу дрско,
дека не сум спремен.

Години поминаа, па и јас стигнав да полагам испит на факултет,
спремен скроз, научен учебник од назад и од напред.
Како за беља, ме прашува професорот за Платон,
какво мислење сум имал јас за бескичмењакот превртлив проклет.
Бев спремен да го изгорам, пеплишта да го направам, сосе неговите периоди на "транзиција"
ќе го фатеше професорот неспремен мојата шпанска инквизиција.
Се сепнав, професорке, се сепнав во последен момент,
па го испеав како попче цело евангелие, цело учебникарско воспевање на Платон,
на тој вошкар, тој проклет вошкар, да даде господ да си цицаат со Конт куровите во адот,
се најубаво кажав за ебаниот Платон и поминав глатко.

..

Без таа тројка немаше да поминам.
Без таа тројка немаше да сфатам дека моето мислење не се ни бара,
дека не вреди, не тежи и нема да одекне,
дека со него ќе завршам на буништето на себепрогласените бунтовници.
Да, професорке, Конт е татко на социологијата, Господи помииилуј.
Да, Платоновиот идеализам и подоцнежен прагматизам воопшто не кажуваат дека се работи за класичен шизо, Господи помиииилуј.
Да, без разлика на суштината и на внатрешните пориви, општествениот крој е таков и секоја борба за прекројување завршува неславно.
И да, да сте ми жива и здрава, тенк ју фор евритинг.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
112
Поени од реакции
76
Ало Чади Баба читаш ли,или уште си на одмор ???
:facepalm:
Има 160 времени објекти во градот , а не плаќале кирија !

Градот доби грозен изглед со овие времени објекти. Тие од мали киосци од 5-6 квадрати станаа продавници со квадратура од 25 и повеќе квадрати. На потегот од фонтаната кај Авона до Автобуската станица има 121 ваков објект. Ако се видат останатите градови во земјава, на главната улица, Прилеп, Битола, Штип, Скопје нема такви објекти, нема барака или гаража претворена во деловен објект – пишува во писмената реакција на граѓанскиот совет, кои во документацијата имаат повеќе од сто потписи на незадоволни велешани.
Тие бараат да се застане на пат на работата на нелегалните времени објекти, кои дури и се изнајмуваат преку огласи иако тоа не е законски.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
673
Поени од реакции
1.291

Тебе на пример, ти сметаат ли баракиве?

CTRL + Q to Enable/Disable GoPhoto.it
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
112
Поени од реакции
76
Постои закон , а дали мене ми смета или не воопшто не е битно !

А ако е по закон треба да се видат неколку работи ...(y)

Дали плаќаат надоместок = НЕ (n)
Дали смеат да ги реиздаваат = НЕ (n)
Дали смеат храна да продаваат во нив = НЕ (n)
Дали смеат да узурпираат јавен простор со проширувањата = НЕ (n)

Мислам дека ова се доволно причини да дојде булдужерот и да ги однесе во историјата...
 
Добро но, на пример ако Јосе го снема од таму, од каде ќе си купувам цигари во 23ч. Ова посебно се однесува на летниот период, често ми се случува да седнам некаде на кафе и да ми текне дека немам цигари, а најблиску ми е Јосе да речеме. Притоа, можеби ми се грицка нешто... од каде би си купила ете во 23ч летно време, нема ваљда да одам до семафорите од бензиска да купувам. За алкохолот да не збориме. :))))
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
112
Поени од реакции
76
Во потполност се сложувам со тебе...
Меѓутоа треба да бидеш искрена и да кажеш дека до Јосе Тобако е Тедико кое работи до 24 часот , до Фото Весна има Цаил Тобако кое исто така работи до доцна во ноќта,овие бизниси плаќаат кирии а Тенекиите не плаќаат ништо , а плус го грдат целиот простор,тоа се вика нелојална конкуренција !
Ако овие бизнисиве што се во тенеќиите сакаат да продолжат да работат слободно можат да се префрлат погоре или подоле,слободни дуќани има колку сакаат !
На ќошот кај Авона комплексот од Тенеќии изгледа како да си во Кабул !

За Гаражите под Убавиците воопшто и да не разговараме,константно се поплавени од канализацијата,полни со влага,го уништија зеленилото пред објектите,ниеден од дуќаните нема регуларни документи за пренамена затоа што е невозможно да се направи пренамена од Гаража во дуќан,субсандард на ДЕЛО на главната улица !

Порано или по доцна ќе мора да се расчисти ...
 
Член од
30 април 2013
Мислења
673
Поени од реакции
1.291
Во потполност се сложувам со тебе...
Меѓутоа треба да бидеш искрена и да кажеш дека до Јосе Тобако е Тедико кое работи до 24 часот , до Фото Весна има Цаил Тобако кое исто така работи до доцна во ноќта,овие бизниси плаќаат кирии а Тенекиите не плаќаат ништо , а плус го грдат целиот простор,тоа се вика нелојална конкуренција !
Ако овие бизнисиве што се во тенеќиите сакаат да продолжат да работат слободно можат да се префрлат погоре или подоле,слободни дуќани има колку сакаат !
На ќошот кај Авона комплексот од Тенеќии изгледа како да си во Кабул !
За Гаражите под Убавиците воопшто и да не разговараме,константно се поплавени од канализацијата,полни со влага,субсандард на ДЕЛО на главната улица !
Порано или по доцна ќе мора да се расчисти ...
Тоа е веќе друго.. би ми се допаѓала некоја таква опција, ако веќе одиме на уредување архитектурата на градов. Кога би се преместиле повторно тука некаде во близина, не би имала никаков проблем. Посебно за Јосе. Овие другиве не ме занимаат баш нешто најискрено :))
Само изгледа уште не им дошол редот. Кога можеа ерик и останатите да ги кутнат, ваљда ќе им дојде крајот кога тогаш и на овие. Само им треба време изгледа да смислат што би направиле на нивно место и кој ќе биде донатор. Реално, зарем Јосе или некој од нив не плаќа ќирија на сопственикот на бараката, да ја наречам? Верувам дека му плаќаат на некој за да не ги задеваат засега или пак имаат пријатели на право место :)))
 
Еве за ова зборуваме цело време нели :( ...

Улицата Благој Ѓорев стана од најубава , нај дива.
Од другата страна можете да видите дека иако под зградата наречена Убавица има деловен простор , тој не се користи ,од 20 дуќани работат само 6, останатите затворија.
Се започна кога се дозволи пренамена на гаражите кои се до улицата. Така луѓето кои платија по 30 илјади евра за тој простор, сега ги затворија ,а гаражите се преуредија за 5 илјади и станаа бутици. Еве преку ноќ таму за еден месец се уредија пет нови дуќани а немаат дозвола за пренамена...
 
На врв Bottom