Соочување со вистината-извадок од книгата-Детските солзи кога течат
Од многу велешки мајки ги слушав емотивните приказни за првото соочување со веста за тешката болест кај нивните деца.За долгите непроспиени ноќи и бдеење покрај болничката постела во моментите на криза кога и детето и мајката заеднички се борат против болеста.
-Силно биење на срцето.Како сите во амбулантата да го слушаат внатрешниот силен удар врз мозочните ќелии, додека свеста ја прифаќа веста од докторот и ја внесува како сознание со силен звук во ушите:
-Вашето дете е болно од тумор и треба да се испитува. Додека мајката во очај ја стиска раката на синот кој има само 11години и нестрпливо чека да заврши разговорот за да си одат дома, во себе вклучува илјадници сопирачки за да биде изразот на лицето мирен, а солзите да не почнат да течат како лавина.Со внимание ги слуша инструкциите на докторот, но тоа го прави со огромен напор, обидувајќи се да ја задржи присебноста, за да може се да запамети.Како некој робот да е задолжен за информации од надворешниот свет.Синот, оттргнувајќи ја од мислите, возбудено ја предупредува да не губат време..-Мамо, ајде, да побрзаме, ќе задоцнам на првиот час и вели детето.-Знаеш, дека имам англиски а наставничката е строга!
Но повторно оној другиот, роботот во неа,со најизнасилена насмевка се обудува да остане просебен.
-Не грижи се сине, ќе стигнеме..-му вели -Ако треба и на вториот час..Ќе те оправдам.
Го испрати детето до училиште со последните сили на контрола што ги изнајде во себе, а штом се затвори училишната врата, нозете сами и откажаа.Солзите како река, без прекин излегуваа и никаква контролна сила не можеше да ги запре.Чудно е колку солзи може да има во еден човек и колку тешко може да се запрат.Почувствува како две раце да и се залепија за вратот и со налудничаво изживување безмилосно ја дават и и го одземаат здивот...Но и оставајќи и простор за нов здив и пак повторна, речиси физичка болка на давење.
Се врати дома за да им ја соопшти веста на најблиските и да собере сили за понатаму........