Велес

Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.635
Поени од реакции
3.969
Кај одат гомната од Глориус и бродот?
ГЛОРИУС ДОО извоз-увоз Велес е приклучен на градскиот водоснабдителен систем со кој управува ЈКП Дервен, што се потврдува со водомерна шахта изведена во границите на ресторанот и инсталиран комбиниран водомер, односно водоснабдувањето за хотелот, ресторанот и полнење на базенот се врши со водата од водоснабдителниот систем, за што се плаќа фактура за комунални услуги на ЈКП Дервен. Сите отпадни води се одведуваат преку сопствена канализациона линија која е приклучена на фекалната канализација на левата страна на езерото Младост (мал колектор) со која не управува ЈКП Дервен, а за што му се наплаќаат услуги на субјектот за одведување на отпадни води преку сметките за комунални услуги. Главната колекторска цевка од оваа фекална канализација поминува под базенот, под ресторанот, а ревизионата шахта каде е изведено приклучувањето се наоѓа во самиот ресторан, покриена со декоративни плочки. За вршењето на дејноста поседува Елаборат за заштита на животната средина одобрен од надлежниот орган.

- БРОД ПАНИНИ извоз-увоз ДОО Велес е поврзан за водоснабдување на градскиот водоснабдителен систем со кој управува ЈКП Дервен, што е потврдено со извршен приклучок и поставен водомер на системот. Сите отпадни води се одведуваат преку сопствена канализација која е изведена до машинското одделение во коритото на бродот, од каде се препумпува и одведува отпадната вода до приклучокот на колекторот на левата страна на Езеро Младост над асфалтираниот пат (мал колектор).
⚠️
Од ДИЖС побарано е да се изврши стручен увид на овој приклучок со ЈКП Дервен, но заради сериозни дефекти во градот, увидот е одложен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom