А што е со растенијата? Зарем не знаете дека и тие чувствуваат болка? Само зошто немаат крупни очички и убаво лице кое те тера да крикнеш awwww! секојпат кога ќе го погледнеш не значи дека растенијата не се живи суштества, и секако тоа не ја прави нивната болка безначајна.
Затоа, секогаш кога ќе седнете да јадете whatever you vegetarians are eating these days, помислете на растенијата кога биле доведени на овој свет преку прекрасните механизми на природата, на нивното оддржување во живот преку процесот на фотосинтеза иии ред други работи за кои учев во основно и не ми текнуваат во моментов...*продолжувам* само за да бидат откорнати на брутален начин од лошиот земјоделец и фрлени во камион како човечки лешеви за време на холокаустот. Се надевам дека ова ќе ве натера да отидете чекор понапред па како освестени индивидуи ќе се откажете од вегетеријанството и ќе се научите да живеете само на воздух.
Сега сериозно, мене лично не ме интересира дали и зошто некој е вегетеријанец, нема да го убедувам со тези дека демек месото е далеку поздраво или што ти ја знам, туку едноставно иритирате кога глумите дека сте морално супериорни (како Пријателов) САМО зошто сте вегетеријанци.
За таквите... една интересна
статија од nytimes.
Ми ги зеде зборовите од уста бре...
Туку ете и јас како вегетаријанец официјало едно 6+ години, а неофицијално цел живот иако сум јадел месо само ме терале со сила моите не дека сум го сакал можда оние вештачкине салама, колбаси, и нешто од скара али тоа било многу ретко најчесто сум се тепал со моите зошто ме терале да јадам а поготово ми се гади од риба...
Како што кажа погоре дисто-пиан
многу ми се смешни оние вега-пипл кои се ептен фанатици и мислат дека кујзне шо праат со тоа што не јадат месо демек рајот за нив е неизбежен а за останатите burn in hell, колку што мислите дека убивате невин живот за да се најадете важи за месојадите толку и за тревопасните(како мене)
Е сеа факт е дека нема потреба од месо мислам на здравствена база, протеините се заменуваат со многу други нешта, пример кркни си едно кајганче(без лутиш драга кајгано
) и пун си протеини, или печурка, или грав или леќа(овија се замена на протеини нешто слично само растително) и што уште не...
Е сеа мое мислење е дека доколку човек мора да јаде месо мислам условите ако му го диктираат тоа ко на пример поларнине луѓе(ескимите) тие освен месо и снег ништо друго и да сакаат не можат да јадат(не ќе садат пиперки и патлиџани у санта мраз) тоа е сосема ок али во денешниве услови со такви технологии и разбирање во здравиот начин на исхрана(посебно органска) греота е да се јаде месо а и факт е (тепај те се со мене ако сакате али факт си е факт) дека месото е штетно (поготово како што го јадеме ние у балкану на кило) плус поестетски е да јадеш некој си плод( инаку колку јадења може да се напраат без месо некој луѓе не се ни свесни, одите само до индија и ќе видите што ти е изобилије од храна без месо и 3 пати повкусна е од искуство ви зборам сум ги пробал и месо и безмесо можам да проценам добро) одколку да убиваш животни( инаку кој не е запознаен со целата таа месна индустрија да му напоменам дека многу често и во сите да не речам фабрики за касапење животни вработените пред да ги убиваат се изживљаваат и ги малтретираат до немајкаде тоа е нешто нечовечно и ги надминува сите граници дури и сто пати пониско е од животинско однесување, незнам како да го наречам али ајде ќе речам тешка ментална и душевна ретардација) и после оди јади од тоа месо(али јадете јбг нема друго) кога се малтретира животното пред да го убијат тоа во себе испушта еден куп отрови на адреналинска база и му го трујат целото месо тоа е ради стресот кој го доживува за време на малтретирањето и касапењето, а тој отров и те како влијае на целиот човечки организам кога ќе се изеде тоа мртво месо(ти уствари внесуваш отров)
Додека пак плодот како плод не доживува толкав стрес (иако сепак во мали проценти и он проаѓа низ мучнини) бидејки скоро кај сите растенија( кај некој и не цели се вадат) се бере само плодот исто како да му го земеш на човек детето(јбг
) а растенијето или дрвото си останува да си живи а и онака самиот плод ќе му падне така да не е до толку страшно одколку масакрирање на животни...
Значи доколку морате да јадете месо јадете(иако да знаете дека внесувате отров затоа поумерено и со усул) а ако имате услови како мене тогаш одма да се се нацртале на ливада и пасете трева колку што сакате...
П.С. Вежбав до пред некое време интензивно, почнав со вежбање уште кога јадев месо, не дека не можев да вежбам убаво док бев месождер си беше нормано, али за брзо го баталив месото и моето искуство е дека многу поубаво се вежба т.е. си поздрав, повитален и поагилен 2 пати полесно ми беше вежбањето
бидејки јас бев полесен(месото придонесува да се чувствувате ептен сплескано под влијание на гравитацијата btw исто мое искуство)...
Ето така па сега видете си... секој со своето...