Вегетеријанство

Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Oваа тема не е поврзана со апстрактни теми, всушност за
да човек биде вегетаријанец треба да биде вистина храбар,
и да не падне по влијание на општото мислење дека
ќе се разболиш и умреш ,гледам и се чудам на мислењата од повеќето..
 
D

dystopian

Гостин
А што е со растенијата? Зарем не знаете дека и тие чувствуваат болка? Само зошто немаат крупни очички и убаво лице кое те тера да крикнеш awwww! секојпат кога ќе го погледнеш не значи дека растенијата не се живи суштества, и секако тоа не ја прави нивната болка безначајна.

Затоа, секогаш кога ќе седнете да јадете whatever you vegetarians are eating these days, помислете на растенијата кога биле доведени на овој свет преку прекрасните механизми на природата, на нивното оддржување во живот преку процесот на фотосинтеза иии ред други работи за кои учев во основно и не ми текнуваат во моментов...*продолжувам* само за да бидат откорнати на брутален начин од лошиот земјоделец и фрлени во камион како човечки лешеви за време на холокаустот. Се надевам дека ова ќе ве натера да отидете чекор понапред па како освестени индивидуи ќе се откажете од вегетеријанството и ќе се научите да живеете само на воздух.

Сега сериозно, мене лично не ме интересира дали и зошто некој е вегетеријанец, нема да го убедувам со тези дека демек месото е далеку поздраво или што ти ја знам, туку едноставно иритирате кога глумите дека сте морално супериорни (како Пријателов) САМО зошто сте вегетеријанци.

За таквите... една интересна статија од nytimes.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844

Ми ги зеде зборовите од уста бре...(y)
Туку ете и јас како вегетаријанец официјало едно 6+ години, а неофицијално цел живот иако сум јадел месо само ме терале со сила моите не дека сум го сакал можда оние вештачкине салама, колбаси, и нешто од скара али тоа било многу ретко најчесто сум се тепал со моите зошто ме терале да јадам а поготово ми се гади од риба...
Како што кажа погоре дисто-пиан:P многу ми се смешни оние вега-пипл кои се ептен фанатици и мислат дека кујзне шо праат со тоа што не јадат месо демек рајот за нив е неизбежен а за останатите burn in hell, колку што мислите дека убивате невин живот за да се најадете важи за месојадите толку и за тревопасните(како мене)
Е сеа факт е дека нема потреба од месо мислам на здравствена база, протеините се заменуваат со многу други нешта, пример кркни си едно кајганче(без лутиш драга кајгано:D) и пун си протеини, или печурка, или грав или леќа(овија се замена на протеини нешто слично само растително) и што уште не...
Е сеа мое мислење е дека доколку човек мора да јаде месо мислам условите ако му го диктираат тоа ко на пример поларнине луѓе(ескимите) тие освен месо и снег ништо друго и да сакаат не можат да јадат(не ќе садат пиперки и патлиџани у санта мраз) тоа е сосема ок али во денешниве услови со такви технологии и разбирање во здравиот начин на исхрана(посебно органска) греота е да се јаде месо а и факт е (тепај те се со мене ако сакате али факт си е факт) дека месото е штетно (поготово како што го јадеме ние у балкану на кило) плус поестетски е да јадеш некој си плод( инаку колку јадења може да се напраат без месо некој луѓе не се ни свесни, одите само до индија и ќе видите што ти е изобилије од храна без месо и 3 пати повкусна е од искуство ви зборам сум ги пробал и месо и безмесо можам да проценам добро) одколку да убиваш животни( инаку кој не е запознаен со целата таа месна индустрија да му напоменам дека многу често и во сите да не речам фабрики за касапење животни вработените пред да ги убиваат се изживљаваат и ги малтретираат до немајкаде тоа е нешто нечовечно и ги надминува сите граници дури и сто пати пониско е од животинско однесување, незнам како да го наречам али ајде ќе речам тешка ментална и душевна ретардација) и после оди јади од тоа месо(али јадете јбг нема друго) кога се малтретира животното пред да го убијат тоа во себе испушта еден куп отрови на адреналинска база и му го трујат целото месо тоа е ради стресот кој го доживува за време на малтретирањето и касапењето, а тој отров и те како влијае на целиот човечки организам кога ќе се изеде тоа мртво месо(ти уствари внесуваш отров)
Додека пак плодот како плод не доживува толкав стрес (иако сепак во мали проценти и он проаѓа низ мучнини) бидејки скоро кај сите растенија( кај некој и не цели се вадат) се бере само плодот исто како да му го земеш на човек детето(јбг:cautious:) а растенијето или дрвото си останува да си живи а и онака самиот плод ќе му падне така да не е до толку страшно одколку масакрирање на животни...
Значи доколку морате да јадете месо јадете(иако да знаете дека внесувате отров затоа поумерено и со усул) а ако имате услови како мене тогаш одма да се се нацртале на ливада и пасете трева колку што сакате...:D
П.С. Вежбав до пред некое време интензивно, почнав со вежбање уште кога јадев месо, не дека не можев да вежбам убаво док бев месождер си беше нормано, али за брзо го баталив месото и моето искуство е дека многу поубаво се вежба т.е. си поздрав, повитален и поагилен 2 пати полесно ми беше вежбањето(y) бидејки јас бев полесен(месото придонесува да се чувствувате ептен сплескано под влијание на гравитацијата btw исто мое искуство)...
Ето така па сега видете си... секој со своето...:P;)
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Сега сериозно, мене лично не ме интересира дали и зошто некој е вегетеријанец, нема да го убедувам со тези дека демек месото е далеку поздраво или што ти ја знам, туку едноставно иритирате кога глумите дека сте морално супериорни (како Пријателов) САМО зошто сте вегетеријанци.

За таквите... една интересна статија од nytimes.

Добро де не реков така, некој и нема услови проблеми
и сиромаштија за нив е во ред да се јаде месо.
Но оние што можат треба да знае дека 1 кг месо=9 кг жито.
Што сепак значи нешто во африка, и колку повеќе се јаде месо
цената во земјите е повисока за лебот оти животните јадат пченка, јачмен и сл, повеќе увоз на жито и
на крајот помалку жито во сиромашните земји оти немаат пари да го купат, резултат 300000 деца годишно умираат од глад.
Ако 10 % од населението се хранат здраво(ако мислите дека месото што го јадете е здраво се лажете) односно не јадат месо тогаш нема да има глад и толкава смртност во
африка посебно на деца, ако мислите дека нема причини
за човек да биде вегетаријанец грешите.
Тие деца доколку би имале само леб би биле живи и здрави
а некои мислат дека само без месо не може каква манипулација, гледам и се чудам.
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323

28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Лурци, според најнови истражувања, на National Geographic, канцерот во најголема мера е предизвикан генетски, преку нокаутирање на одредени епигенетски маркери од страна на генетски модифициранава храна и глупостите што се прават до добитокот во таканаречениве развиени западни држави. Имаат специфични генетски образци кои како да се дизајнирани да намерно ги прегазат тие епигенетски фактори кај нас и предизвикаат канцерогено ширење кај телото.

Гледај ги стапките на рак, и местата каде има најмногу ГМ храна. Не би рекол дека е коенциденција тоа што одат во паралела.
Брате Шкорпија, збориме за нормално произведена храна .
Доколку збориме за ГМО и отрови, како причина за одредени болести (неоплазми пред се) потсети се на оловното жито (и порано житото од Украина), гравот од Киргистан (експериментален полигон на СССР), зеленчукот и бостанот од Албанија (без контрола од пестициди)...да не редам, свите сме у го**вна до гуша ради користење на ГМ во земјоделството или загадувањата од различен вид.
Дури и текстот кој го постираше Шедоу, истражувањата на British Journal of Cancer вели дека се потребни понатамошни истражувања и намалување на недостатоците на тие истражувања.
Инаку земени здраво за готово во %-ти, овие истражувања се косат со истражувањата и тврдењата на ВХО дека цигарата е ризик број еден за рак кај човекот. Со други зборови, самите се косат во истражувањата. Дали е до храната или до загадувањата...дури овде пишува дека и пластичните шишиња се канцерогени. Тко преживи, причаче :)
Ако 10 % од населението се хранат здраво(ако мислите дека месото што го јадете е здраво се лажете) односно не јадат месо тогаш нема да има глад и толкава смртност во
африка посебно на деца, ако мислите дека нема причини
Не е логички да се здраво за готово овој вид логика само врз основа на пишувањата на веган стајтовите. Земјоделското производство е комплексно, а пазарот на роба и пари/системот и интересот на луѓето уште покомплексни ...воглавно вакво нешто е неостварливо
 
B

Black Guard

Гостин
Но оние што можат треба да знае дека 1 кг месо=9 кг жито.
Што сепак значи нешто во африка, и колку повеќе се јаде месо
цената во земјите е повисока за лебот оти животните јадат пченка, јачмен и сл,
Мислам дека има разлика од сточна храна и храна за луѓе?

повеќе увоз на жито и
на крајот помалку жито во сиромашните земји оти немаат пари да го купат, резултат 300000 деца годишно умираат од глад.
Грешка,би значело повеќе оружје за да се дотепаат оти многу работи немаат решено па дури и се задолжуваат за да се вооружат,очигледно приоритетите на нивните лидери се други.

Ако 10 % од населението се хранат здраво(ако мислите дека месото што го јадете е здраво се лажете) односно не јадат месо тогаш нема да има глад и толкава смртност во
африка посебно на деца, ако мислите дека нема причини
за човек да биде вегетаријанец грешите.
Како тоа здраво??

Да не јадат месо,ма немој да ми кажеш дека нашите заби и дигестивниот систем се адаптирани за да бидеме тревопасни животни(немаме волчји заби нели:)) па од тука да се влечат заклучоци дејка да бидеш веган е здраво,природно кога се знае дека комбинирана исхрана и само комбинирана исхрана ги има сите потребни состојки за еден човечки организам,како тоа екстремните вегани добиваат слабокрвност недостаток на витамини посебно Б и.т.н??

За гладот и за смртноста сме јасни и за грешка како оваа

Тие деца доколку би имале само леб би биле живи и здрави
Живи но докога здрави??

а некои мислат дека само без месо не може каква манипулација, гледам и се чудам.
Ако има манипулација има и манипулатор а тоа е кој??

(ако мислите дека месото што го јадете е здраво се лажете)
Е што има во месото покрај хранливите состојки,ако ми спомнеш за конзервансите ОК некои се штетни ако месото што го јадеш ти лично си производител не можам да најдам штетно да е свежо месо под претпоставка дека ете ги храниш соодветно и без додатни хормони.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Не е логички да се тврди вакво нешто само врз основа на пишувањата на веган активистичките стајтови. Земјоделското производство е комплексно, а пазарот на роба и пари/системот и интересот на луѓето уште покомплексни ...воглавно вакво нешто е неостварливо[/quote]

Kако не е логички кога 30 до 40 % од површините со житарици
соја и др на планетата се користат за фармите за месо и млеко од кои барем 60 % од нив за месо.
10% од населението се 700 милиони народ
тоа е цела европа и скоро пола САД ако во овие држави
непостои месна индустрија би имало повеќе храна за
некои 800 милиони народ во африка.
Кога 10% од обработливата земја не би се користела за хранење на животните, таа земја сепак мора да биде посадена со нешто што дава храна и таа ќе храни луѓе.
Исто треба да се знае дека со секое литро био дизел вие
создавате глад и денес некој гладува поради вас.
Тие фабрики не треба да постојат наместо леб од таа
почва, од храната прават нафта, затоа користете природна
нафта.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69

Не ти е добра логиката. Во моментов во светот се произведува и повеќе од доволно храна за да се нахранат сите, проблемот е во дистрибуцијата и политиката.
 
B

Black Guard

Гостин
Kако не е логички кога 30 до 40 % од површините со житарици
соја и др на планетата се користат за фармите за месо и млеко од кои барем 60 % од нив за месо.
Чејкај малку се користат за фармите или се сопственост на истите и станува збор за интерно прашање а ако веќе се гарантира сопственост тогаш и се гарантира и право на алокација на ресурси.

10% од населението се 700 милиони народ
тоа е цела европа и скоро пола САД ако во овие држави
непостои месна индустрија би имало повеќе храна за
некои 800 милиони народ во африка.
Нели е малку нелогично удирање и целење врз цел сектор каде работат многу луѓе и од тоа живеат и прехрануваат семејства,еве кај нас полека умира сточарството и некако не е добро за сите нас посебно кога бројот на стока е намален било да е говедарство,овчарство ватева.

Кога 10% од обработливата земја не би се користела за хранење на животните, таа земја сепак мора да биде посадена со нешто што дава храна и таа ќе храни луѓе.
Чекај сега горе напиша дека 30-40% од земјата се користи за храна за животни посебно житни култури,од каде ова инфо?

Исто треба да се знае дека со секое литро био дизел вие
создавате глад и денес некој гладува поради вас.
Од шеќерна репка прават биодизел воглавно и мислам од веќе употребено масло за јадење и подабра алтернатива е производство на биодизел отколку отпад.

Тие фабрики не треба да постојат наместо леб од таа
почва, од храната прават нафта, затоа користете природна
нафта
Ахх тие веган сајтови-не постои вештачка нафта,нафтата е комплексно соединение за кое требало милиони години за да се оформи кога би имало начин производство на нафта вештачки би било многу подобро имајќи предвид дека директно и индиректно од истата и нејзините деривати имаме минимум 3000 производи што значи без нафта ќе биде малку зезнато за одредени сектори но ќе се адаптираат верувам бидејќи исцрпувањето е антиципирано во голема мера прецизно.

Премногу ако ако и би би...не е арно.
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Одиме:
Телото реагира ако внесуваш ЖИВОТИНСКИ масти.
Ајде да речеме дека информациите не се точни, ни јас не верувам на се’ што ќе прочитам, исто како што не ти верувам ни тебе за пишаново, ама затоа си верувам на себеси и знам како ми реагира телото кога целосно го отфрлам месото од исхрана. Што мислиш, зошто се пости? Зошто луѓето тоа го нарекуваат „чистење на организмот“? Зошто кога постат се осеќаат поздраво?

Ако има нешто полошо од (понекогаш) „чудни и смешни“ активисти за животински права, тоа се луѓето кои те убедуваат колку е ок месото, а ти веќе си ги почувствувал „благодетите“ на своја кожа.

Тврдењето дека си на некаков врв на некаква квази еволуција е доказ дека си во огромна заблуда. Абе деца, скрос ви ги ебаа мозочињата... Не дека „нашето“ време беше подобро, ама барем нас не учеа за „кругот на животот“, не за имагинарната пирамида.

Ако ти си ги почуствувала благодетите од нејадење месо никој не ти вика да го консумираш насила. Ти си таа што се избаци од никаде со куп глупости за функционирањето на човечкиот организам. Јас само ги поправив за да нема забуни и погрешни информации на темава. е сум на кампања овде.

Што се однесува до постењето, за него има религиозни и највеќе, социо-економски причини ама би отишле оф топик ако запнеме за тоа сега.

Јас ги имам осетено благодетите од умерената исхрана исто како ти од вегетеријанската. Секој се држи до тоа што му одговара.

И не знам како било во „вашето време“ ама нас не учеа дека кругот на животот и пирамидата не се исклучуваат меѓусебно.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
А што е со растенијата? Зарем не знаете дека и тие чувствуваат болка? Само зошто немаат крупни очички и убаво лице кое те тера да крикнеш awwww! секојпат кога ќе го погледнеш не значи дека растенијата не се живи суштества, и секако тоа не ја прави нивната болка безначајна.
.
Плодовите се создадени за јадење така и растенијата се
размножуваат семињата во нив се горе долу несварливи за желудникот и на тој начин тие се шират во природата
растенијата немаат нервен систем како животните,

вакви мислења дека црешата плаче кога ги јадеш црешите се
апсурдни 100%
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289

ти ако имаш толкава развиена свест и совест ќе знаеш дека уништуваш живо битие да не ти кркорат цревата
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Мислам дека има разлика од сточна храна и храна за луѓе?

Грешка,би значело повеќе оружје за да се дотепаат оти многу работи немаат решено па дури и се задолжуваат за да се вооружат,очигледно приоритетите на нивните лидери се други.

Како тоа здраво??

Да не јадат месо,ма немој да ми кажеш дека нашите заби и дигестивниот систем се адаптирани за да бидеме тревопасни животни(немаме волчји заби нели:)) па од тука да се влечат заклучоци дејка да бидеш веган е здраво,природно кога се знае дека комбинирана исхрана и само комбинирана исхрана ги има сите потребни состојки за еден човечки организам,како тоа екстремните вегани добиваат слабокрвност недостаток на витамини посебно Б и.т.н??

За гладот и за смртноста сме јасни и за грешка како оваа

Живи но докога здрави??

Ако има манипулација има и манипулатор а тоа е кој??

Е што има во месото покрај хранливите состојки,ако ми спомнеш за конзервансите ОК некои се штетни ако месото што го јадеш ти лично си производител не можам да најдам штетно да е свежо месо под претпоставка дека ете ги храниш соодветно и без додатни хормони.
Гледам веганциве на видеово се прилично слабокрвни... :)
Се што постои во храната од животинско потекло (месо, риба, морски плодови, млеко и нивните производи/деривати), може без НИКАКОВ проблем да се најде во растителната храна (без притоа да мораш да зимаш редовно билокакви витамински или што ти знам таму какви додатоци). :свиркам:
--- надополнето: 12 јули 2012 во 01:31 ---
Плодовите се создадени за јадење така и растенијата се
размножуваат семињата во нив се горе долу несварливи за желудникот и на тој начин тие се шират во природата
растенијата немаат нервен систем како животните,

вакви мислења дека црешата плаче кога ги јадеш црешите се
апсурдни 100%
Семињата доколку соодветно се накиснат во вода стануваат исклучително хранливи. На овој начин инхибиторите на ензими (кои не ни дозволуваат да ги апсорбираме хранлитите состојки од семките, а притоа често и ни создаваат дигестивни проблеми) се отстрануваат и овие проблеми исчезнуваат. Исклучок се семките од коноп кои не бараат натопување (а коишто патем имаат извонредно голем % на Омега 3 масни киселини како и протеини!) :)

Плодовите на црешата, јаболкото, крушата и сл. - точно не „плачат“, но со лукот, кромидот, морковот и сите растенија (корени) кадешто растението умира за да ние го консумираме... е тоа е сосема друга прикаска. Почни со фрутаријанците на нет, доколку си заинтересиран... ;)
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Можеби оваа слика баш и не личи на вашиот ручек, но ве уверуваме дека тоа е тоа - иако постојат многу еуфемизми за ова што го гледате на фотографијата, како на пример „плескавица“, „шницла“, „кобасица“, „пршута“..итн. Ви звучи познато?

И ова е пекол, не кога јадеме кромид и сл.
Знам дека оваа слика нервира и фрустрира но да се соочиме со реалноста
едитирано: вознемирувачка слика во спојлер
.
Доколку реални би биле рекламите на месната индустрија значи вакви како на​
сликата А не насмеани животни кои ви се прикажуваат и​
доколку не ве држат во лаги дека без месо ќе умрете.​
И доколку знаете колку е здрава оваа исхрана вегетаријанската исхрана , месо сигурно нема да јадете,​
но не треба да чуствувате вина ако јадете месо зашто тоа ви е наметнато,​
на некој начин и вие сте "овца"​
која е одгледувана и програмирана на ваков стил на живот.​
 
Kajgana Shop

На врв Bottom