Како крвните групи докажуваат дека организмот не ни е дизајниран за дигестија на месо?
Немој да ми кажеш да барам на google, ако веќе го ставаш како аргумент, објасни го.
И, пиша дека си бил вегетаријанец, зошто веќе не си?
Човечкиот организам е создаден за да прими и искористи хранливи материи како од месото, така и од растенијата. Можеби месото може да се замени со храна од растително потекло, но зошто би го заменувале кога е вкусно?
Не бидете ко Јеховини сведоци и едните и другите, кој сака да си биде вегетаријанец нека си биде, веќе е докажано дека може да се заменат и надокнадат хранливите материи од месото.
Исто како што е и веќе со илјадници години познато дека човекот бил ловец и јадел месо од почетокот на своето постоење. Постојат докази и за едната и за другата теза. Човекот отсекогаш бил и ќе биде омнивор. Некој и
omnomnomnivore
Доколку се јаде здраво месо во умерени количини не се покачува холестеролот ниту има штетни ефекти.
Доколку се исхранува некој вегетаријански и ги јаде сите неопходни состојки, нема да има никакво нарушување на здравјето.