Вегетеријанство

Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Mитот за вегетаријанците
Се верува дека овие луѓе јадат само трева, и сите мислат дека е невозможно да
нејадеш месо оти ќе ти ослаби крвта и ќе умрете, или дека треба да се биде богат за да
бидеш вегетаријанец. Во оваа тема целосно ќе биде едноставно напишано се
што треба да се знае во врска со здравата храна.
Зошто некој би сакал да биде вегетаријанец, сигурно би имало добри причини за тоа,
не е тоа од лудост.
Ќе почнеме со храната која им се дава на свињите, кравите и кокошките и сл.
Да знаете како се одгледуваат во фармите овие животни и што се се инјектира во нив ќе
знаете дека тоа месо не е отровно, но е на границата помеѓу нездраво и отровно,

Ако познавате повеќе луѓе вегетаријанци ќе видите дека тоа се здрави луѓе.

Ви се прикажуваат слики на насмеани животни на рекламите, затоа што ако знаете што
се случува никогаш не би јаделе месо.

Кога ќе јадете хамбургер и било како месо запомнете дека тоа месо не расте на дрвјата,
гледате кравате не се смее како на рекламите исто е и со другите животни

Бидете луѓе пред се, не дозволувајте да бидете само програмирани потрошувачи,
и здравјето е на удар со ваква "храна" јадете вистинска храна. изборот е твој.
Едитирано: вознемирувачка слика во спојлер
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896

Еве како лав се храни со мебел.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.483
Добро де, јадете си ја вашата храна, не мрчете за нашата. Никој не ви ја чепка „тревата“ и не става слики од лепешки.
Очекувам и вие да не ставате слики на темава со заклани животни. Нормално дека знаеме од што потекнува шницлата. Немаме проблем со тоа.

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не сум сигурен дали мразам вегетеријанство зашто не се јаде месо или заради досадните вегетеријанци кои напињаат зашто е лошо да се јаде месо.
Порака до досадните вегетеријанци - знаеме како се "прави" месо, просветлението што мислите дека го правите е беспотребно, не сме идиоти да мислиме дека свињите, кокошките, кравите и остали животињи донираат месо и после си трчкаат по ливадата каде што сите се собираат сите инвалиди животни кои донирале месо.

П.С. Не се сите досадни, туку само тие што напињаат.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
ако не јадам бело месо како риба, пилешко и друго кое е
главен извор на протеини ќе бидам сушле.
 
MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
“As long as man continues to be the ruthless destroyer of lower living beings, he will never know health or peace. For as long as men massacre animals, they will kill each other.”
~ Pythagoras

Vegan.jpg

--- надополнето: 2 јули 2012 во 17:53 ---
еве една статија баш за месото - http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/hrana/civilizacija-na-meso
иако има многу да се зборува за месото - ама кој сака сам ќе се заинтересира - на сила не бива - некои гледам тоа го свајќаат ко инаетење од страна на вегетаријанците . . . браќа шо ви е ќеф јадете . . не лутете се одма :P прочитајте шо сакаме да кажиме - Сватете не имаме потреба да споделиме тоа што сме научиле/ чуле /прочитаче со сите, меѓу другото сакме и тие шо не знаат да научат - а во туѓите избори и одлуки не се мешаме ;)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Интересно ми е што вегетаријанците мислат дека ние што не сме вегетаријанци,мислат дека јадеме само месо,не им текнува дека знаеме да каснеме и патлиџанче,пиперче,краставица......
Човекот всушност и не е стрикно карнивор,тој е омнивор :)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Јас бев вегетаријанка еден период, но поради огромниот притисок од моите родители почнав да јадам пилешко месо и риба.Сега секако инсистираат и црвено месо да јадам, но не толку многу како за пилешкото.Многу пати сум се расправала со нив, сум им потенцирала дека сум доволно возрасна и имам право на таква одлука, но беше невозможно да седнам да јадам на маса со нив без да бидат намуртени и без да се караме околу тоа.Безброј пати сум станувала од масата со солзи во очите.Нивниот однос кон мене правеше да се чувствувам виновна, како да правам нешто лошо некому...Не можев да издржам повеќе...Сега претпоставувам сум полувегетаријанка.
Поради ова јас мислам дека никој на никого не треба да му се меша и да му дава памет за тоа што е правилно или здраво да се јаде, а што не е...Треба да се почитува сечиј избор!
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Поубаво од мирисот и вкусот на плескавица,колбас,кебап (да не набројувам) на скара има ли?ок секој има право на свој вкус не одлучувам јас, но само си кажувам.
Има, мирисот на Pizza.

Не сум сигурен дали мразам вегетеријанство зашто не се јаде месо или заради досадните вегетеријанци кои напињаат зашто е лошо да се јаде месо.
Порака до досадните вегетеријанци - знаеме како се "прави" месо, просветлението што мислите дека го правите е беспотребно, не сме идиоти да мислиме дека свињите, кокошките, кравите и остали животињи донираат месо и после си трчкаат по ливадата каде што сите се собираат сите инвалиди животни кои донирале месо.

П.С. Не се сите досадни, туку само тие што напињаат.

Ја па обратно мислам, колку се опседнати оние кои не сакаат животни со тие кои сакаат, ова е далеку по досадно од иницијативите на вегетеријанците, кои да ти кажам искрено во мојата богата "интернет историја" ниту еднаш не сум ги видел во било која форма, дали спам на мејл, или некој си банер, или реклама на некој сајт, или нешто слично. Му доаѓа како атеситите вс религиозните, абе катастрофа.

Секој втор на форумов што не е љубител на животни едвај чека да се избаци некоја тема од тој тип и да мрчи и плука со обвинувања за луѓе кои не ги познава, да им дава предлози да не мрчат само на форуми, туку да направат нешто во општеството што ќе промени нешто вистински, е сега прашањето, како бе мајка му стара знаат што било кој од луѓето кои сакаат животни, прават во својот приватен живот? дали се волонетери или не? колку животи спасиле? колку жртви дале за да помогнат? незнам само од каде вакви ставови....несакаш животни? fine, нема проблем, само немора да бидат douchebags со смешни тврдење и обвинувања, хуманоста неможе да биде негативна особина како и да гледаш на проблемот.

За разлика од некои луѓе постојат такви кои растеле со животни, и сакајќи или несакајќи создале емотивна поврзаност со нив, епатија....така да мислам дека треба да се гледа на оваа работа на еден друг начин, постов не се однесуваше на тебе директно него зборам општо.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
110
Поени од реакции
170
^
Не знам за вас, ама на ова време +40С ако поминам покрај сенвичара ќе се онесвестам од мирисот. :sick:

Енивејз, кој што сака нека си јаде. Менито ни е многу ограничено. На луѓето кои си сакаат да мрцнат мевце им е потешко да преминат на веге исхрана бидејќи не експериментирале какви се чудесии од храна постојат. Не зборам за тофу енд шит, зборам за секакви зеленчуци и овоштија, начинот на кои се приготвени етц. И месото ако не го зачините ќе ви има вкус на бљувотина, особено ако го јадете живо како животните, бљак. :D
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Mитот за вегетаријанците
Се верува дека овие луѓе јадат само трева, и сите мислат дека е невозможно да
нејадеш месо оти ќе ти ослаби крвта и ќе умрете, или дека треба да се биде богат за да
бидеш вегетаријанец. Во оваа тема целосно ќе биде едноставно напишано се
што треба да се знае во врска со здравата храна.
Зошто некој би сакал да биде вегетаријанец, сигурно би имало добри причини за тоа,
не е тоа од лудост.
Ќе почнеме со храната која им се дава на свињите, кравите и кокошките и сл.
Да знаете како се одгледуваат во фармите овие животни и што се се инјектира во нив ќе
знаете дека тоа месо не е отровно, но е на границата помеѓу нездраво и отровно,

Ако познавате повеќе луѓе вегетаријанци ќе видите дека тоа се здрави луѓе.

Ви се прикажуваат слики на насмеани животни на рекламите, затоа што ако знаете што
се случува никогаш не би јаделе месо.

Кога ќе јадете хамбургер и било како месо запомнете дека тоа месо не расте на дрвјата,
гледате кравате не се смее како на рекламите исто е и со другите животни

Бидете луѓе пред се, не дозволувајте да бидете само програмирани потрошувачи,
и здравјето е на удар со ваква "храна" јадете вистинска храна. изборот е твој.

1. Тоа е точно. Не е неопходно да се случи, ама најчеста нус појава од вегетеријанството е слабеење на крвта. Ако разговараш со искусни вегетеријанци (не полувегетеријанци и вегетеријанци што издржале 2 месеца.) ќе видиш дека поголем дел од нив го имале овој проблем. Вегетеријанската исхрана е сиромашна со железо и затоа доаѓа до пад на хемоглобинот. За да се надмине овој проблем треба да се планира исхраната и да се внесуваат растенија кои се богати со железо па и со други состојки кои вообичаено се внесувале со месо, а овие растенија не секогаш се лесно достапни, што не води до следната точка...

2. Вегетаријанската исхрана е скапа. Добро, барем онаа поздравата. Затоа што овој поход, нели, се прави за поздрав живот. Одзема време и пари. За почеток треба да се планира што треба да се консумира за да се добијат потребните состојки, да се најдат специфични производи кои ги содржат тие состојки и да се снабдат во сите сезони. Притоа, овие растенија треба и да се органски, затоа што џабе е трудот да бидеш вегетаријанец кога купуваш нешто со 25 различни видови на отрови на него.Ова не води до точките број

4, 5, и 6. Ако познавате вегетеријанци ќе видите дека се луѓе како и сите други. Некогаш се болни, некогаш се здрави. Инфективните заболувања не зависат од исхраната, па така, ако ви се искивало некое дете во лице, или ако сте имале незаштитен секс, сета зелка на светот не ве спасува од болест. Исто е и со сите малигни заболувања. Единствен систем кој има реален бенифит од вегетеријанската исхрана е кардиоваскуларниот, и тоа само под услов да се внесуваат сите потребни состојки. Џабе е тоа што ќе се заштитите од натрупување на масти и атеросклероза по 50тата година, кога имате моментален дефицит од магнезиум, железо и омега масни киселини. А друга работа е тоа што и растенијата имаат свои токсини. Прекумерната консумација на некои растенија може да доведе до акумулација на токсините во организмот и да му наштети на телото.

И на крај точка број 3. Човекот е конструиран за умереност. Најдобро функционира на умерени температури, му одговара умерена физичка работа и умерена исхрана. Секој радикалец не е во право. Ниту оние мрсни топки над 100 кг. што одвај се движат и ждерат по 5 кила месо секој ден и се дават во сопствените мрснотии, ниту пак тревојади кои го отфрлаат месото од својата исхрана поради необјасниви причини.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Немам ништо против вегетаријанскиот начин на исхрана.
Ама кога ќе видам некаја пропагандна реклама „Не јади го мојот пријател“ ми се блуе!
Кога кокошките и луѓето биле пријатели?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom