Вегетеријанство

Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Телото МОРА да ги добие протеините,и другите состојки што ги има во месото ;)
Се слагам со тоа, но тие состојки ги има секаде во храната не само во месото;)
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Глупа логика.

Си се запрашал какво месо јадеш? И колку е здраво тоа?
Ако така гледаш не знаеме што има ни во воздухот што го дишеме, па сепак не шетаме со посебни прочистувачи на воздух.

Јас не поддржувам вегетеријанство, посебно не веган. Сосем непотребно се лишуваш од состојки кои на организмот му требаат за нормално и правилно да функционира. Пример месото е најдобро организираниот пакет тип „се на едно место“ од протеини, есенцијални киселини, железо и витамин Б12. Само животинските производи ги содржат протеините кои му ги овозможуваат 8те есенцијални амино киселини без кои телото НЕ МОЖЕ НОРМАЛНО ДА ФУНКЦИОНИРА И ДА ОСТАНЕ ЗДРАВО.

Ако веќе стануваш вегетеријанец или полошо веган, задолжително ти треба помош од нутриционист за да ти кажува сложни комбинации од треви и плодови што треба да ги конзумираш за да внесеш се што ти треба и да останеш здрав.
 
Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
ја некад ке излезам со 2-3 женски што се вегетиранки и многу ефтино ме кошта да им купам за јадење
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Веќе 17 месеци се хранам со храна добиена без болки и страдања и можам да кажам дека се чувствувам прекрасно, како и телесно, така и душевно. Имунитетот ми се подобри во последнава година, плус и со некое килце се надополнив (колку и да звучи чудно), а најважно од се' - можам да им погледам на животните во очи без да се осеќам виновен за тоа што сум го ручал претходно.

"Animals are my friends... and I don't eat my friends."
George Bernard Shaw
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001

Извини за тебе. Јас кога ќе изедам едно лепиње немаш поим како прекрасно се чуствувам, и телесно и душевно.
Имунитетот ми е супер (ич не звучи чудно).
И можам да ги погледнам животните во очи без да осеќам вина. А нив им го оставам зеленчукот и другите треви да ги јадат, а не јас да им јадам од нивната храна. :)
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Се изначитав глупости на темава.
3 години сум вегетаријанец. Сега да почнам со етапи да се обидам да одговорам на сите горенаведени заблуди:
а) Вегетаријанството не е здраво - Грешно
Вегетаријанството исто како и нормалната исхрана е здраво, сите протеини кој ги има во месото може да се внесат преку други продукти. Па ово-лакто вегетаријанци преку јајца може да ги внесат истите додуше, без да конзумираат соја.
Единствената ствар која ја нема во природна форма а ја има во месото е креатинот.

б) Ако толку ги сакаш животните, зашто им ја јадеш храната? - Глупост
Кога последен пат сте виделе крава како јаде помфрит ?
Не сите се вегетаријанци бидејќи ги сакаат животните, некој од нас се вегетаријанци бидејќи го мрзат зеленчукот.

в) Поздраво е да се јаде месо - Грешно
Нема „поздраво“ или не, се е до индивидуата и неговите желби и потреби.
Само да напоменам дека над 70% од стомачните вируси се пренесуваат преку месо, што е една завидна бројка.
Немам намера да вреѓам нити месојади, ама ме пизди кога вреѓаат вегетаријанци а се што знаат за нутриционизмот се сведува на 3 минутно пребарување на гугл и малоградски муабети. Сеа уште да ми кажат дека соја предизвикува стерилност па да очекуваат да ги сватам сериозно.
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Извини за тебе. Јас кога ќе изедам едно лепиње немаш поим како прекрасно се чуствувам, и телесно и душевно.
Имунитетот ми е супер (ич не звучи чудно).
И можам да ги погледнам животните во очи без да осеќам вина. А нив им го оставам зеленчукот и другите треви да ги јадат, а не јас да им јадам од нивната храна. :)
Пробај барем 5 секунди стави се во кожата на животните кои се во кланиците... ужасно е, нели?

Срамота е во 21ви век, кога се правиме дека сме толку свесни и хумани да одземаме животи дури и на поварварски начини од нашите нискоинтелигентни предци од камено време, а од друга страна пропагираме мир и љубов на секој ќош.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Се изначитав глупости на темава.
3 години сум вегетаријанец. Сега да почнам со етапи да се обидам да одговорам на сите горенаведени заблуди:
а) Вегетаријанството не е здраво - Грешно
Вегетаријанството исто како и нормалната исхрана е здраво, сите протеини кој ги има во месото може да се внесат преку други продукти. Па ово-лакто вегетаријанци преку јајца може да ги внесат истите додуше, без да конзумираат соја.
Единствената ствар која ја нема во природна форма а ја има во месото е креатинот.

б) Ако толку ги сакаш животните, зашто им ја јадеш храната? - Глупост
Кога последен пат сте виделе крава како јаде помфрит ?
Не сите се вегетаријанци бидејќи ги сакаат животните, некој од нас се вегетаријанци бидејќи го мрзат зеленчукот.

в) Поздраво е да се јаде месо - Грешно
Нема „поздраво“ или не, се е до индивидуата и неговите желби и потреби.
Само да напоменам дека над 70% од стомачните вируси се пренесуваат преку месо, што е една завидна бројка.
Немам намера да вреѓам нити месојади, ама ме пизди кога вреѓаат вегетаријанци а се што знаат за нутриционизмот се сведува на 3 минутно пребарување на гугл и малоградски муабети. Сеа уште да ми кажат дека соја предизвикува стерилност па да очекуваат да ги сватам сериозно.
јадеш помфрит пржен во рафинирано масло ?? иначе овошјето денес е прскано безброј пати,а во зеленчукот може(а не мора) да се најдат разни паразити......

многу стеснет е изборот на вистински здрава храна денес,за жал тој што би се определил за таков посен живот ќе биде на големи маки ако сака навистина здраво да се храни,а не да ублажува последици од премногу користење на месо и маснотии во исхраната
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
*јадеш помфрит пржен во рафинирано масло ?? иначе *овошјето денес е прскано безброј пати,а во зеленчукот може(а не мора) да се најдат разни паразити......

*многу стеснет е изборот на вистински здрава храна денес,за жал тој што би се определил за таков посен живот *ќе биде на големи маки ако сака навистина здраво да се храни,а не да ублажува последици од премногу користење на месо и маснотии во исхраната
*Постојат: пире, варен/печен компир, њоки итн итн кои се поздрава алтернатива на пржениот (deep fry) помфрит. Така да вегетаријанците/веганите кои јадат помфрит и мислат дека здраво се хранат - се во тешка заблуда.

*Верувам си чул за органско или уште подобро биодинамичко производство на овошјето и зеленчукот... :)

*Се слагам дека е стеснат, бомбардирани сме со видливи и невидливи отрови и канцерогени супстанци: колоранти, адитиви, ГМХ, пестициди, презервативи, хидрогенирано масло, хормони за растење, антибиотици и диоксини во месото, меламин и флуор во млекото, неферментирана сојна храна и што ли уште не..... :sick:

*Маката да се храниш вистински здраво денес е во тоа што кошта. Со мизерниот стандард во МК, едвај сметките народот ги плаќа а камо ли пак да почне да купува сертифицирана органска храна. :(
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Ако така гледаш не знаеме што има ни во воздухот што го дишеме, па сепак не шетаме со посебни прочистувачи на воздух.

Јас не поддржувам вегетеријанство, посебно не веган. Сосем непотребно се лишуваш од состојки кои на организмот му требаат за нормално и правилно да функционира. Пример месото е најдобро организираниот пакет тип „се на едно место“ од протеини, есенцијални киселини, железо и витамин Б12. Само животинските производи ги содржат протеините кои му ги овозможуваат 8те есенцијални амино киселини без кои телото НЕ МОЖЕ НОРМАЛНО ДА ФУНКЦИОНИРА И ДА ОСТАНЕ ЗДРАВО.

Ако веќе стануваш вегетеријанец или полошо веган, задолжително ти треба помош од нутриционист за да ти кажува сложни комбинации од треви и плодови што треба да ги конзумираш за да внесеш се што ти треба и да останеш здрав.
Еве јас сум вегетеријанец 2 години и функционирам нормално и останав здрав? Ти паѓа логиката во вода. Зошто ке ми е помош од нутриционист кога на интернет и по библиотеките има тони книги за здрава изхрана и здрав живот. Сум истражувал многу и никаде не сум наишол на тоа дека вегетеријанството е штетно. Еве ти пример во книгата “ Храната како лек “ од Ерл Миндел :

Горе наведените материи па и б12 го има во јајцата и млечните производи така да секој оволактовегетеријанец и песковегетеријанец нема да има проблем. Прашањето за воздухот нема да го одговорам зошто мислам дека е апсурдно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom