Вегетеријанство

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Рибата ја јадеш претпоставувам заради Омега 3 масните киселини, така? Верувам ти кажале дека само рибите ги содржат овие есенцијални (за нас) масни киселини. Но, тоа е далеку од вистината (според моите научни истражувања).

П.С. Ако имаш недоумици околу фамозниот мит со витаминот Б12, прашај слободно ќе ја разјасниме и таа дилема. :)

ППС. Во секој случај веганската храна не е гаранција за беспрекорно здравје, затоа што (на приемр) и пржените компирчиња во масло од пченка/сончоглед спаѓаат во веганската диета, но истите се далеку од здрави. Истото важи и за неферментираните сојни производи кои се полни со анти-нутриенти. Доколку знаеш англиски нема да ти е проблем да истражиш на нетов што е поблиску а што подалеку од вистината кога станува збор за веганството (па и многу други работи).
Затоа, не верувај - ами проверувај! :cool:
Znam deka vo orevite ima najveke Omega 3 i 6 (8 orevi na den zadovoluvaat 98% od potrebite za Omega 3).
Przeni kompircinja ne jadam veke so godini zaradi poznatite negativni efekti :)
De podnaucime poveke za famozniot vitamin B12, sum cital razni statii no nitu edna ne go objasnila ovoj mit :) Site velat deka go nema na drugo mesto osven vo mesoto.
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Znam deka vo orevite ima najveke Omega 3 i 6 (8 orevi na den zadovoluvaat 98% od potrebite za Omega 3).
Przeni kompircinja ne jadam veke so godini zaradi poznatite negativni efekti :)
De podnaucime poveke za famozniot vitamin B12, sum cital razni statii no nitu edna ne go objasnila ovoj mit :) Site velat deka go nema na drugo mesto osven vo mesoto.
Ако не ги исфрлаш јајцата и млекото, нема што да учиш за витаминот - си го имаш во тие продукти.
Еве овде се' убаво е објаснето и за веганскиот начин на примање B12.
http://www.vegetarian.org.uk/factsheets/b12factsheet.html
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Во текот на зимата што повеќе јадете? Нели зеленчук нема баш многу.. Едино туршија нека напише некој ако може
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Член од
23 јануари 2011
Мислења
9
Поени од реакции
9
Јас сум вегетеријанка 6 години.
Во еден момент во животот почувствував дека не треба веќе да јадам месо и едноставно од следниот ден никогаш веќе не ставив во уста.

Да ви кажам, не знам од кои причини се случи тоа, претежно не се чувствував добро, но имав и некои морални прашања.
Пред една година открив дека имам болест која ја поттикнуваат животинските продукти и која е помирна без нив, иако нема лек.
Значи, сум си помогнала несвесно во животот.

Долго сум ги правела овие полемики со луѓето па можам да зборувам долго и нашироко.

Прво, колку и да ги сакате животните (како и јас секако) системот е направен така што скоро секаде има животински продукти. Само прочитајте позади на вашиот шампон, апче и сл. Значи, колку и да имате алтруистички побуди, никогаш навистина нема да престанете да конзумирате животински производи. Секако, јас ја поздравувам вашата одлучност да не придонесувате за одповеќе болка на овој свет.

Второ, околу прашањата како "воздухот каков е, растенијата дали се живи", и аргументот со дивината. Значи јас го почитувам секој оној човек кој ќе излезе во дивина и сам ќе си го улови тоа што го јаде. Тоа е негов избор, тоа е ланец на исхрана. Како и да е, никој од месојадците не го прави тоа, туку конзумираат готови продукти. Значи тоа се животни кои се раѓаат на фарми и се колат таму, живеат во крајно ужасни услови и се форсираат со хормони за растење. Како е тоа дел од дивината? И тој синџир? Тоа е само злоупотреба на моќта која ја има човекот во мометов.

Трето, зголемената побарувачка за месо, води до тие фарми, а растенијата кои се употребуваат за да се исхранат тие животни кои ќе се користат само затоа што некој сакал мирис на скара, е доволна да се нахранат цели држави ви Африка со леб. Ама така сме научени ние, себични, да не гледаме позади себе. И не сме ние криви, крив е цел систем. Ама промената почнува во секој од нас.

На крај, Енергичен, рецепти за вегетеријанска исхрана имаш милион во нашата традиционална македонска кујна. Јас си ги готвам за себе истите работи кои ги правела мама, но без месо. Понатаму, пици можеш да си правиш во многу комбинации, оривчиња, тестенини, да јадеш многу свеж, варен, печен зеленчук, овошје, вкусна зимница во зима :), итн. На оваа страница имаш многу рецепти на македонски јазик http://vegetarijanstvo.kauza.mk/, а на англиски јазик имаш многу страници, само пребарај. На оваа страница на пример http://www.vegetariantimes.com/recipes/ можеш да пребаруваш по критериуми , сакаш јајца- нејќеш, сакаш млечни производи -нејќеш итн.

И не заборавај покрај здравата исхрана треба и физичка активност за телото да добие полн потенцијал и да биде здраво.
 
B

Black Guard

Гостин
И која псевдонаука или пропаганда ве натера да се откажете од месо.а алкохол???
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
И која псевдонаука или пропаганда ве натера да се откажете од месо.а алкохол???
Мене ниту наука ниту пропаганда.
Јас ги сакам животните и не сакам да ги повредувам.
Алкохолот ништо не го боли.
--- надополнето: Oct 15, 2011 9:04 AM ---
Прочитај ми го убаво постот.. Мислам е лесен за разбирање.. Никој не е против вегетаријанството.. тоа си е лична ствар..

Ама неможе тоа да го правите од сожалување кон животните.. Колку пати имаме слушнато човек нападнат од лав,носорог,крокодил,змија итн.. A обратно ако човекот убие значи тоа е злочин? :) Едноставно така е створена природата. Ако така гледаме не јадете растенија им го уништувате животот :)
За да те нападне лав, тигар, носорог... треба да им отидеш дома.
И ти дома да ми дојдеш непоканет, ќе те нападнам.
Јас не јадам месо од љубов кон животните.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Dosledno izvedeno vegetarijanstvo e veganizam, znaci jadenje samo jemis, zelencuk, zitarici, orasasti plodovi...nisto od zivotni...znam edno vreme dolgo go praktikuvav toa odolevav ko nisto na svinsko peceno ...no b12 li bese? i ne e li nedosledno da go vnesuvas toj vitamin preku tableti? Inaku za razlozite, jas ne sum ubil niedno pilence tie veke za toa se rodeni a malku se zgoat tk satarot nego neli i rastenijata se forma na zivot? daj mu voda na cveketo ke raste taka da sto znam...neka kaze nekoj koj znae pro et contra....
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Добро, овде се збори за Вегетаријанство од здравствен аспект или некакви права и тука се бараат за животните?

Не ве разбирам, како и да е ќе бришам оф топик и секој што мисли дека му е избришано мислењето тука нека си го сфати како опомена.
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
На крај, Енергичен, рецепти за вегетеријанска исхрана имаш милион во нашата традиционална македонска кујна. Јас си ги готвам за себе истите работи кои ги правела мама, но без месо. Понатаму, пици можеш да си правиш во многу комбинации, оривчиња, тестенини, да јадеш многу свеж, варен, печен зеленчук, овошје, вкусна зимница во зима :), итн. На оваа страница имаш многу рецепти на македонски јазик http://vegetarijanstvo.kauza.mk/, а на англиски јазик имаш многу страници, само пребарај. На оваа страница на пример http://www.vegetariantimes.com/recipes/ можеш да пребаруваш по критериуми , сакаш јајца- нејќеш, сакаш млечни производи -нејќеш итн.

И не заборавај покрај здравата исхрана треба и физичка активност за телото да добие полн потенцијал и да биде здраво.
Благодарам за исцрпниот пост :), веќе две недели немам јадено месо и се чувствувам прекрасно, инаку не сум знаел дека вегетаријанската пица може да биде толку вкусна. Благодарам многу за линковите.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
:pos:
Наравоучение: не летајте туку така кон производите од соја. There may be dangers lurking by, errr in. ;)
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Благодарам за исцрпниот пост :), веќе две недели немам јадено месо и се чувствувам прекрасно, инаку не сум знаел дека вегетаријанската пица може да биде толку вкусна. Благодарам многу за линковите.
Ако веќе јадеш пица без месо, напрај ја со крукчиња пиперка, патлиџан, моеш и кромид ии со дробено бело сиренце :)

Он топик: Бев lacto-ovo вегетаријанец скоро година ипол чисто од љубопитност, и не е ништо страшно. Ако издржиш еден одреден период да не земеш од ќебапчињата на ручек, you're good to go :) Освен риба и многу ретко пилешко, не јадев никакво месо и искрено не ми фалеше многу. Единствена лоша страна, морав да јадам 4-5 пати во денот за да се заситам и оброците ми беа количински поголеми, и морав да јадам цвекла, спанаќ и слично почесто од обично.
Муабетите дека вегетаријанството не е здраво и дека месото е незаменливо се неиздржани и лаички и многу е напорно да ги објаснуваш на некој што не се намачил ни да провери дали е точно тоа што го тврди. Освен креатинот, сите потребни витамини, протеини итн. што му се потребни на организмот можат да се најдат во млечните производи, јајцата и растителната храна (со тоа што ги има во незначително помали количини, па мора да јадеш малце повеќе..). Помалку или никакво внесување на месо во исхраната (со исклучок на риба) значи и помалку заситени масти! Холестеролот, крвниот притисок и срцевите болести се намалени кај вегетаријанците :).
Рибата не ја тргнав од исхраната затоа што е најбогата со омега киселини, и пошо е вкусна (fuck you).
Незнам дали е плацебо ефект, ама таа година ипол додека не јадев месо се чувствував некако поздраво и поенергично :)

Not to forget, ако се придржуваш на ваков начин на исхрана и практикуваш да пиеш многу вода во текот на денот, многу лесно се губат килограми :)
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Сеуште нормално јадам 3-4 пати во денот и самиот организам не ми бара да јадам обилна храна дури забележав дека обилноста на оброците ми се намалува, можеби за 10-20% јадам помалку храна од вообичаеното. Инаку во исхраната воведов повеќе семки и јатки, инаку за протеините, во една рака семки од тиква содржат повеќе грама протеини од исто толку големо парче на пр.јунешко месо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom