Многу би сакал човекот да може да опстои како вегетаријанец, но тоа не е можно.
Млекото, житариците, јајцата, шеќерите... секој кој својата исхрана ја базира на нив, трпи последици.
Човекот почнал да консумира млеко (како возрасен) дури по појавата на сточарството и тие кои можеле да го приспособат организмот на него, преживувале во далеку поголем процент и биле поздрави кога немало овошје, зеленчук и месо. Но тоа било само средство за преживување, а не за главна исхрана (огромен процент од популацијата има проблеми со лактозата, што говори дека организмот на човекот не е создаден за тоа.) Простите шеќери се опасни по панкреасот, метаболизмот во мозокот и води до пад на нивото на шеќери во крвта (заради бурното активирање на инсулинот), што предизвикува нервоза и агресивност, неприродно дебелеење и куп болести како последица.
Посебно опасна комбинација е месо-млеко, при што во метаболизмот се создаваат радикали кои предизвикуваат рак.
Колку и да сакаме, не смееме да го исфрлиме месото (квалитетното, создадено од исхрана преку растенија и житарици, не концентрати, стероиди и што не). Како што човечкиот организам има способност да создава некои витамини од други хемикалии, така и животните создаваат соединенија кои се незаменливи за човекот.
Квалитетно месо, овошје, зеленчук и виши шеќери кои се ослободуваат постепено во крвта (варени житарици со лушпа) - од тоа што сум читал, ова е тоа што треба да го конзумираме за да бидеме здрави и подолговечни. Инсистирањето да станеме вегетаријанци, ќе има исти последици по човекот како да ги пуштиш волците да се хранат со трева и лисја.
Ние сме доминантно месојадни животни, сакале да признаеме или не. Нашите предци биле ловци и во долг период се хранеле со живо месо, собирале плодови и зеленчуци. Синџирот на исхрана е таков и не треба многу многу да кршиме емоции околу тоа. Нашите чуства и емоции кои сме ги стекнале со времето, не треба да не одвлекуваат од нашата вистинска природа, доколку сакаме да го зачуваме видот таков каков што е и да спречиме развој на нови видови болести заради хемиската нерамнотежа во организмот создадена со неправилна исхрана.