Вегетеријанство

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Гледам вргањ спомнавте, а некој погоре се пожали дека на темава и недостигале рецепти без месо. Епа да го корегираме сето тоа... :)

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Значи вака, претходните неколку дена бев веген, но по конксултации се одлучив да продолжам како лактовегетаријанец бидејќи не можам без јогурт или кисело млеко, сега ме интересира во врска со јајцата, само белката да се конзумира или целото јајце. Сега ме интересира дали ќе треба и рибата да ја исфрлам - ова ми е најголема дилема.
 
~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Доколку си се одлучил да бидеш лактовегетаријанец тогаш да и рибата ќе треба да ја исфрлиш.Но доколку не сакаш да ја исфрлиш рибата од начинот на исхрана,во тој случај ќе бидеш полувегетаријанец или песковегетаријанец.Полувегетаријанците покрај вегетаријанската исхрана јадат бело месо и риба но не и црвено месо.А пак песковегетаријанците покрај растителните продукти јадат и риба.
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Значи вака, претходните неколку дена бев веген, но по конксултации се одлучив да продолжам како лактовегетаријанец бидејќи не можам без јогурт или кисело млеко, сега ме интересира во врска со јајцата, само белката да се конзумира или целото јајце. Сега ме интересира дали ќе треба и рибата да ја исфрлам - ова ми е најголема дилема.
Зависи од која причина се одлучуваш на овој начин на исхрана. Ако е од љубов кон животните, нормално дека и рибата ќе треба да ја исфрлиш од исхраната. А за јајцата може и цели да ги јадеш - под вегетаријанска исхрана најчесто се подразбира ово-лактовегетаријанската исхрана која вклучува и јајца и млеко.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Кога и да дискутирам на оваа тема, се среќавам со овој тип на прашање: „Па и животните јадат животни“.

Интересна е оваа појава што сум ја сретнал кај луѓето, што се ставате над животните од една страна (појаки сме, може што сакаме да им правиме), а од друга страна се споредувате со нив (па и тие прават така) и сето тоа само за да излезете со некакво оправдување за тоа што го правите.

Уште нешто интересно, но овој пат што не можам да си го објаснам е што толку имате против вегератијанството? Сте ме прочитале мене во некоја тема на форумов за рецепти во кои има месо да ви пишувам колку тоа не чини, колку не е здраво? Членот кој ја отвори оваа тема бараше рецепти во кои нема месо, бидејќи е почетник во оваа исхрана, а се' што доби е проповеди за тоа колку ќе му недостигаат протеините од месото, колку исхраната без месо не е здрава... Сепак тоа е негова одлука, како што јас не ве убедувам вас на другите теми да се откажувате од месото, ќе ве молам и вие да се воздржете од излишни коментари од истиот тип на оваа тема.
Прочитај ми го убаво постот.. Мислам е лесен за разбирање.. Никој не е против вегетаријанството.. тоа си е лична ствар..

Ама неможе тоа да го правите од сожалување кон животните.. Колку пати имаме слушнато човек нападнат од лав,носорог,крокодил,змија итн.. A обратно ако човекот убие значи тоа е злочин? :) Едноставно така е створена природата. Ако така гледаме не јадете растенија им го уништувате животот :)
 
energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Не се одлучив за вегетаријанство поради љубов кон животните :D, едноставно сакам да го исфрлам месото од исхраната и сите идни последици кон здравјето.
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Прочитај ми го убаво постот.. Мислам е лесен за разбирање.. Никој не е против вегетаријанството.. тоа си е лична ствар..

Ама неможе тоа да го правите од сожалување кон животните.. Колку пати имаме слушнато човек нападнат од лав,носорог,крокодил,змија итн.. A обратно ако човекот убие значи тоа е злочин? :) Едноставно така е створена природата. Ако така гледаме не јадете растенија им го уништувате животот :)
А колку пати имаме слушнато каде што човек е нападнат од друг човек? Многу повеќе се случува тоа, одколку нападот од некое животно. Дај сега да почнеме да се јадеме и ние. :)
Јас едноставно не можам да јадам нешто кое што се родило и живеело. Не можам да верувам во тоа дека тоа им е единствената цел во животот. Не знам дали имаш видено како една крава го жали нејзиното теле кога ќе го заколат... болно е тоа. Малку е егоистично од нас да се правиме богови на планетава само затоа што сме најинтелигентни.

Мене и друго ме интересира: која е разликата помеѓу животните што едните ги нарекувате храна, а другите миленици? На многу од вас би им се згадило од помислата да јадат куче или мачка, а без проблем ги јадете кокошките кои си го конзумираат дури и сопствениот измет. Не ја гледам логиката тука.

И пак ќе повторам: на ниедна тема за месо не ви пишуваме колку е погрешно тоа што го јадете, па ќе ве молам почитувајте ја и нашата одлука за овој вид на исхрана без разлика од која причина.
 
Зошто јадеш растенија тогаш? живееле и им го уништуваш животот ?

Една друга работа.. Ти очигледно никогаш немаш отидено на некоја планина,во некоја шума.. Да видиш каква е природата и да сватиш некои работи.. Ако бидеш заглавен негде недај боже што ќе јадеш? нема да фатиш некоја змија или риба да испечеш..? или и тогаш ќе викаш не јас нејадам тоа пошто ми е жал..

е јас по 3 пат ќе ти кажам дека никој не ве напаѓа само се прави муабет.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Јас и да сакам не можам да исфрлам месо, вежбам а не јадам млечни производи (односно на краен минимум) и не јадам соја. Да станам вегетеријанец ќе се чудам од каде протеини?

Но тој што е вегетеријанец не е за осуда, секој нека си јаде како му е убаво и што го прави здрав :).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
За поинтензивно вежбање растенијата немаат ни креатин, а и протеините не се искористени ни приближно колку оние од животинско потекло (или колку јајцето 1,00). Затоа секој кој е исклучиво на вакви диети на растенија, најчесто губи на сила и издржливост, намалува на тежини и интензитет.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Јас и да сакам не можам да исфрлам месо, вежбам а не јадам млечни производи (односно на краен минимум) и не јадам соја. Да станам вегетеријанец ќе се чудам од каде протеини?

Но тој што е вегетеријанец не е за осуда, секој нека си јаде како му е убаво и што го прави здрав :).
грав,леќа,тој лебот со повеќе протеини што е :D
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
грав,леќа,тој лебот со повеќе протеини што е :D
Не фала, не сум голем љубител на мешункасти плодови, леќа ич не сакам а грав неам намера секој ден да јадам :D. А дека ќе набијам јаки мускули само од нив некако не ми се верува :).

Месо си е месо барем ако вежбаш помага многу, и нормално јајца :).
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Не фала, не сум голем љубител на мешункасти плодови, леќа ич не сакам а грав неам намера секој ден да јадам :D. А дека ќе набијам јаки мускули само од нив некако не ми се верува :).

Месо си е месо барем ако вежбаш помага многу, и нормално јајца :).
Премногу протеини не се на арно, поготово не тие од животинско потекло (но тоа е само мое мислење основано врз разни научни истражувања, со коешто е факултативно дали ќе се сложиш или не). ;)
Туку гледам пошто си загрижен за телото, еве ти клипче од дечко веганец, значи уште „полошо“ од вегетаријанец кои има тело.... хм, ќе оставам ти самиот да процениш какво тело има. :)
П.С. Од соја можеш да ги јадеш ферментираните производи: мисо, темпе, нато и тамари сосот, додека неферментираната соја: тофу, сојно млеко/брашно итн. е полна со нехранливи состојки (познати како анти-нутриенти) и убаво правиш што не ја консумираш.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Премногу протеини не се на арно, поготово не тие од животинско потекло (но тоа е само мое мислење основано врз разни научни истражувања, со коешто е факултативно дали ќе се сложиш или не). ;)

Туку гледам пошто си загрижен за телото, еве ти клипче од дечко веганец, значи уште „полошо“ од вегетаријанец кои има тело.... хм, ќе оставам ти самиот да процениш какво тело има.:)

П.С. Од соја можеш да ги јадеш ферментираните производи: мисо, темпе, нато и тамари сосот, додека неферментираната соја: тофу, сојно млеко/брашно итн. е полна со нехранливи состојки (познати како анти-нутриенти) и убаво правиш што не ја консумираш.
Прво ќе ти кажам фала :). Многу ценам културни луѓе од кои можам и нешто да научам :).

Одамна се бавам со спорт, правилна исхрана и суплементи така да секоја нова информација на тоа поле ми е драгоцена :).

Се согласувам, типчето е класа и има супер тело, за тоа нема дискусија и многу а јак иако нема билдерски мускули, повеќе ми личи на добар боксер од полутешка категорија по конституција :).

Тоа што приметив е дека има помали мускули (и сите вегани што ги побарав на нет) од атлети кои јадат животински протеин, но тоа не мора да е лошо, факт е дека дечково е ужасно јак а тоа е тоа што ме интересира, не толку голем мускул колку складно градено тело и нормално брзина и експлозивност ради тренингот што го имам :).

Инаку општо ќе кажам секој организам е различен, има такви за кои е здраво да се вегани и такви за кои не би било, јас мислам (барем засега) сум во втората група. Мене како дете никој не ме навикнувал да сакам месо (не сме некои месари дома па секој ден да имало скари, кобасици и бифтеци) ама од мал сакав месо и главно и го јадев и скоро никогаш не бев болен, значи има индивидуални разлики од човек до човек :).

Како и да е, сеа ќе ја проучам многу добро диетава на типчево (како и на други вегански атлети) за да видам што можам да си искористам за себе па и со тоа месо што го јадам да си направам супер тело :).

Сојата не ја консумирам во никаков облик затоа што има фитоестрогени а со нив сум имал многу негативно искуство, така да соја во мој организам веќе не влегува а сеа ќе престанам и плескавици и ќебапи да јадам зашто дознав дека и таму ја ставаат.

Уште еднаш фала за постот и видеата, многу фина дискусија, баш за мерак а фала и на Strenght пошо ради него и ја кликнав темата :).
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Значи вака, претходните неколку дена бев веген, но по конксултации се одлучив да продолжам како лактовегетаријанец бидејќи не можам без јогурт или кисело млеко,
Веганска алтернатива на пробитиците како: јогурт, кефир и кисело млеко е расолот (ферментираната зелка). :)
сега ме интересира во врска со јајцата, само белката да се конзумира или целото јајце.
Колку што сум информиран, жолчката е полна со холестерол - значи истата терба да се избегне. Башка секогаш постои ризикот од салмонела нели? :) Како и да е, во јајцето нема ништо хранливо што не може да се добие од растителен извор на храна.
Сега ме интересира дали ќе треба и рибата да ја исфрлам - ова ми е најголема дилема.
Рибата ја јадеш претпоставувам заради Омега 3 масните киселини, така? Верувам ти кажале дека само рибите ги содржат овие есенцијални (за нас) масни киселини. Но, тоа е далеку од вистината (според моите научни истражувања).

Прво треба да знаеш дека рибите фатена во диви морски/океански води повеќе од сигурно е дека ќе биде контаминирана со тешки метали, жива и сл. токсични индустриски материи. Доколку сакаш чиста морска риба ќе мора истата да биде органски одгледана, но колку тоа е економски изводливо за мизерниот МК стандард, не знам. Во Италија на пример 100 грама чаден органски лосос (без коски) чини од 4-6 евра, така да...
..., најчистиот извор на риба би ти бил од нашиве езера или рибници крај изворите на реките (на пример Вруток/Охридско езеро итн), но не знам колку речните и езерските риби содржат О3 масни киселини. Но тоа и не е толку важно, затоа што немаме воопшто потреба од консумирање на билокакви риби и морски плодови бидејќи постои друг посигурен извор на О3 м.к..

Па така, како погоре со пробиотската храна, така и тука постои веганска алтернатива за Омега 3 масните киселини: а тоа се органското ленено семе и семето од коноп (да да, токму тоа од марихуаната едно време познато во светот како храна за птици). Секако семињата не се непридружени од нивните ладно цедени масла.

Важно е да се напомене дека за поефикасно ослободување на О3 м.к., сировите семиња веднаш пред консумирањето благо се мелат (рачна или електр. машинка). При мелењето во машинка се користат куси испрекинати мелења со цел да не се загрее т.е. прегрее семето, во спротивно О3 м.к. отиде јабана... ;)

П.С. Ако имаш недоумици околу фамозниот мит со витаминот Б12, прашај слободно ќе ја разјасниме и таа дилема. :)

ППС. Во секој случај веганската храна не е гаранција за беспрекорно здравје, затоа што (на приемр) и пржените компирчиња во масло од пченка/сончоглед спаѓаат во веганската диета, но истите се далеку од здрави. Истото важи и за неферментираните сојни производи кои се полни со анти-нутриенти. Доколку знаеш англиски нема да ти е проблем да истражиш на нетов што е поблиску а што подалеку од вистината кога станува збор за веганството (па и многу други работи).
Затоа, не верувај - ами проверувај! :cool:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom