Јазик побрз од умот.
Себична некогаш премногу.
Не знам да прифаќам критика секогаш (мислам дека сум секогаш во право)
Своеглава.
Напорна на наврати.
Можам да спијам со се кондури, на трошки, во полн кревет со книги, не ми пречи ништо од тоа (не зборувам за секојдневно спиење, туку кога ме мрзи да го средувам, а сум се вратила доцна од излегување)
Толерантна сум многу. Тоа е лошо, зошто ти се качуваат луѓето на врат.
Не затворам врати кога влегувам во просторија.
Смотана сум некогаш, несмасна, брза во постапките, па не ми излегува ништо како што сум намислила.
Има еден куп.