HM, KAMO TAKOV TATKO DA IMAM..Леле темава...Овде би можела да се изнапишам.... Едноставно го обожавам! Личноста што најмногу од мојата фамилија ја сакам е татко ми! Секогаш е тука за мене, кога ми е тешко барам негов совет, најчесто љубовен(најдобар совет тука може на ќерка да даде таткото)...Откачен е вкрај, колку глупости сме правеле, мама само не кара :smir: се интересираме за исти работи,уметност, музика, филозофии некојси...а и карактерот на него ми е, можеби и затоа многу се сложуваме..Кога е овде, понекогаш навечер го земам со мене со друштво, шетаме....многу е откачен, ептен си го сакам!
Којзнае какво ли мислење и став имаат моите деца за мене, а баш би сакал негде да напишат барем, па да прочитам (макар и негативен). Али од тој аспект се многу тивки и затворени, па...најверојатно никогаш нема ни да дознаам.Едноставно го обожавам! Личноста што најмногу од мојата фамилија ја сакам е татко ми!
Може да прашам која возраст се децата?Којзнае какво ли мислење и став имаат моите деца за мене, а баш би сакал негде да напишат барем, па да прочитам (макар и негативен). Али од тој аспект се многу тивки и затворени, па...најверојатно никогаш нема ни да дознаам.
Предпоставував дека се поголеми, па кога рече и машки се ми стана јасно13 и накај 19, машки. Значи во старт позатворени за вакви изливи на нежност и муабети (па и генчето им е такво).
Знам, тоа било случај и со мене, но тоа е тој малку мутав период на прилагодување, определување, револуција... И ретко посебно на машко му се испуштаат вакви ствари, ретко се отвора -мај кејс, јас и родителите и јас како родител и децата -пубертет, историјата се повторуваЧитав дека колку и да не е покажена на пубертетлии љубовта кон родителите, посебно кон мајката им е секогаш на прво место, но тоа го потиснуват и остават впечаток дека се друго им е поважно отколку родителите![]()
Не биди како негоИмав некаде свој пост на темава,но неможев да го најдам.
Како и да е,еве пишувам нов...
Мојот татко е далеку од добар татко.Всушност не паметам кога последен пат ме гушнал,онака како што само татковците знаат,кога последен пат сме направиле нешто заедно,не паметам кога последен пат ми кажал:“Тина те сакам.“
Некогаш мислам дека воопшто не му значам,дека секогаш останатите му се пред мене,дека жали што постојам...дека ме смета за негова грешка.
Скоро никогаш не е дома,14 години веќе го живеам истото.Се навикнав на тоа полека.Се навикнав на тоа дека никогаш нема да имам татко како што останатите имаат,и се соочив со тоа дека работата и парите му се најважни во животот.
Се навикнав на безвезните караници што ги имаме,во врска со тоа дали патиките сум ги оставила на сред ходник или пред соба,се навикнав на тоа се да му смета,се навикнав на тоа негово дерење без причина и на тоа што незнае никогаш да каже „Извини,не сакав“.
Бесна сум на него,само јас си знам колку и додека сите овде пишуваат како нивниот татко е ѕвер,како тој е најдобриот човек во нивниот живот,дека го сакаат најмногу и дека не би знаеле што би правеле без него јас само кажувам дека тој е тој кој што најмногу ме повредува,кој што со еден збор или потег успева да ми го скрши срцето на милиони,подоцна тешко спојливи парченца.
Жалам што сум скоро иста како него во карактерот.Жалам што личам на него физички,па колку и да некогаш таа “убавина„ ми донела многу работи во животот.
Пробувам да ги скријам оние работи кои што ги имам од него,ги притискам во себе,но секогаш излегуваат на површина или пак кога ќе се погледнам во огледало.Затоа и некогаш се мразам себеси,затоа и некогаш сфаќам дека сум прав кретен во однесување кога се лутам за секоја глупава еб*на ситница,кога ми е тешко да кажам „Извини“,а да знам дека сум згрешила.Одам против тоа,но едноставно...против некои работи е тооолку тешко да се оди...:cry::cry::cry:
И нема да го завршам постов со:„Те сакам највеќе тато“ туку ќе го завршам со:
Еден ден ќе сфатиш каква ќерка имаш.Каква ќерка одгледала твојата сопруга,мајка ми.Ќе сфатиш дека си изгубил/пропуштил многу работи поврзани со мене.Ќе жалиш,ти ветувам дека ќе зажалиш за секоја моја солза предизвикана од тебе.
И не те сакам,не си ми важен,сеедно ми е тоа што ти се случува,така ме научи ти.Да бидам идиот во однесување и ете,сега си го добиваш тоа назад и допрва ќе го добиеш исто како...
БУМЕРАНГ!!!
Ретки се тие татковци кои ја покажуваат љубовта. Татко е авторитетна личност во фамилијата, таткото е тој кој треба да остане ладен и во најжешката ситуација, да ја донесе последната одлука и да го исхрани семејството (зборам за постарите генерации, сегашните се измелезијаШто татковци ќе имавме? па зошто тогаш стварале деца ако незнаат да ги сакаат не требале ни да се женат подобро сами да останале цел живот саможивници.
Да,вистина е дека се ретки,но едноставно [ќе зборувам за себе сега] потребно ми е да ми каже барем еднаш дека му значам,потребно ми е да ми докаже дека не му е жал затоа што постојам,затоа што ме има...Ретки се тие татковци кои ја покажуваат љубовта. Татко е авторитетна личност во фамилијата, таткото е тој кој треба да остане ладен и во најжешката ситуација, да ја донесе последната одлука и да го исхрани семејството (зборам за постарите генерации, сегашните се измелезија) Мојот татко со еден збор ме тераше да бегам в соба и плачам по цел ден, но никогаш не се посомневав во неговата љубов. Он беше личност со кој мајка ни не плашеше :Е ќе видите кога ќе дојде татко ти, ќе те кажам на татко ти, ако дознае татко ти...
))) Но секогаш кога и да се поздравам и заминам плаче ко мало дете и со недели е болен. Иако беше строг имав и имам огромен респект спрема него, и никогаш не помислив дека помалку ме сака од мајка ми.
А јас мислиш сакам? Напишав погоре се јасно...Не биди како него
то шо не ти рекол мн време те сакал или не те гушнал не мора ништо да значи. Јас не памтам воопшто некогаш татко ми да ми рекол те сакам, па го поштовам најмногу на светот, а и тој мене.Мојот татко е далеку од добар татко.Всушност не паметам кога последен пат ме гушнал,онака како што само татковците знаат,кога последен пат сме направиле нешто заедно,не паметам кога последен пат ми кажал:“Тина те сакам.“