Ваша поезија!

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Во себе

Сликар на тајни
Ѓубреџија на непотребни емоции
Сателит што се врти околу дворот на тетка ми
бере јагоди, смоква
а може и пружа алишта.
Од ден на ден се посовесна.
Ама истовремено и нејасна.
Ако ако
Играм на картата на светот.
Со една нога овде
Со другата отаде.
Сместена во кутивче од ќибрит.
Се палам и гасам од невнимание.
Ма убаво ми е.
Си се сакам целосно.
(Освен пегите под очите што само тој ги гледа кога одблиску ме набљудува додека спијам)
И сега знам
Ќе си правам колажи
Од сопствениот живот кој е како сон.
Не се будам не.
Продолжувам.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Во недостаток не кретивност
мојата инспирација да ја напишам,
или можеби да ја опишам
не знаејќи како да се опише
може погрешно да бидам сватен,
или ова парче хартија е сосема кратко
за тоа што го имам како мисла
да биде напишано
или затоа што знам, дека не сум толку паметен
за еден таков подвиг,
или можеби треба храброст
тоа да ти го кажам во лице,
а мене сепак јазикот ми се врзува,
кога во стомачето нешто ме скокотка
и крвта во главата ми застанува,
а изгледам како најголема будала
која има ладни шпагети наместо мозок,
само среќа што во испотените дланки
го имам ова празно парче хартија,
кое не знам зошто се уште го носам
и една роза донесена само за тебе
која ме потсети што требаше да ти кажам.

Затоа прими ја оваа роза од мене
и знај дека најмногу те сакам [:-*]

 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
21
Поени од реакции
1
Оганот се стопи во влажна пепел,
од светлост се роди темнината
И тежок плач се слушна над Ворден
се прошири насекаде низ планината

Оваа земја која некогаш светеше
пропадна во голема провалија
Црнилото не обвитка со магла, ужас
страв и одземено чувство на носталгија

Пламен избувна низ исплашеното небо
предвидено е доаѓањето на крајот
Мрачна сила ги разбуди мртвите
земјата се затресе, пекол стана рајот.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Нашата прва средба, далечна,
сеуште е свежа во моите мисли.
Само наивен поглед упатен случајно,
и знаев дека ќе сме само јас и ти, засекогаш.

Колку ноќи непроспани останале,
а во нив само јас и ти,
усни на усни, со тивок џез во позадина,
нирвана на душата и чистење од тешки мисли.

Станав зависен од твојата става,
твојот мирис, твојот вкус, твојата појава...
Имаше многу навидум исти ко тебе
но сепак...

Само еден е Beck's.

 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Циклично градење/уништување

Една греда ти.
Една греда јас.
Ентузијазам помеѓу нив како малтер.
Постепено градиме кула на некои наши надежи.
Кој знае какви?
Втора греда јас.
Ти ништо.
Не трошиш сили.
Се откажуваш.
Демолирана градба.
Се руши.
Останува рецидив-Танталови маки.

Цуклус.
И се’ одново.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Еурокрем

Во Брисел и Стразбур има еурокрем,
измешан е тој како сливов џем.
кафеаво, бело, измешано е смело,
за да биде едно, за да биде цело.

Секој сака него на лепче да го мачка,
ама ноже нема, па проба со прачка.
А крем како крем, еј, еурокрем,
се лаже некој ако мисли, дека мачка џем.

Стврднат така тој, како каладонтот мој,
нит се мачка, нит со прачка се чачка.
Само така жално со поглед се гледа,
а толку е близу, нема цела педа.

Лиги мене многу, знам ќе ми течат,
ама сеуште проверено, со ајвар се лечат.

Во Брисел и Стразбур има еурокрем,
измешан е тој како сливов џем.
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Мапа на бескрајот


Слушав во подсвеста...
Урлање и викање,
неартикулирани шумови,
звуци на татнежи, плач,
мисли заробени од окови на минатото.

Велат молчењето е злато, така таа стана побогата.
Сите ние бевме туристи во живот
на совршено добро измамен трговец
од своите муштерии.
Таа се предаде на спокојот,
додека нас совеста полека не докрајчуваше.

Нејзините веѓи веќе одамна не беа стреа на лукави зелени очи.
Нејзините очи сега се мапа на бескрај....безкрај на очајот.
Ние минувавме, застанувавме,
се колебавме дали да побараме прошка,
таа не сослушуваше,
а никогаш не прозборуваше.
Таа не не забележуваше,
а тоа ни нанесуваше смртна рана.
Во нејзината архива беше
врежана само бистата на човекот
чие дело одскокнуваше
од нашите валкани раци.

Вината што ја осеќавме заврши со нашите битиа.
Каматата растеше,
нашиот банкрот беше на повидок...
 
K

kat.<3

Гостин
да зборувам со тебе додека светот расцветува
да ти кажам дека не си сам и ти го знаеш тоа
сега твојата кожа, се друго поминува...
и во средината на никаде само ние...
во далечината, светлина која ми дава поезија
не си оди
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Скопје

Го сакам градот.
Кога е празен
Од чевли, штикли газен.
Празен, како и неговите граѓани често...
Или полни?
Со туѓи животи.
За нив болни,
за себе неверојатно незаинтересирани.
Го сакам градот
кога умира
на секоја автобуска станица
кога мириса на дожд и салеп
непознавајќи временска граница.
Тоа е ова што го сакаме
и со малограѓанштина го плаќаме.
Ефтино е да се мрази сопствениот град.
Скапо е да го љубиме навистина.
Врескаше едновремено.... Да го спасиме.
Сега во молк лежи.
Есента му дава уште неколку солзи плус.
Неверојатно како и поетот нема некогаш доволно зборови,
за да го смести во своето тагување...
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Опколен во магла,
непознат пат пред мене,
дал е ова трње по кои газам
и дал е ова огнен пат,
или пак бура се спрема,
или можеби ѓаволот замка ми спрема,
се е тоа небитно за мене сега.

Босоног ќе ги поминам тие трње,
со солзи ќе го изгасам огнениот пат,
а од бурата не ќе умрам,
низ толку многу бури имам поминато,
оваа нема да е последна.
На ѓаволот, душата ќе му ја ветам,
за да ја најдам...

Да ја најдам љубовта,
што повеќе ја немам,
да ја прашам каде беше таа вечер,
да го заштити моето срце,
кое толку многу ти подари,
за возврат ладнокрвно ми го украде,
и се скри во сенките на ноќта.

Каде е љубовта
што требаше да ме заштити,
каде е љубовта
да го врати моето срце,
каде е љубовта
да ме ослободи...
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Insane

Се молам да снема мастило
да ми ги одвлече овие црни мисли
кои ги претворам во зборови
кои ветуваат реализација.
Врескам со молба некој да тропне
само за да го оставам
ова парче хартија стуткано
фрлено во некој ќош
за никогаш повеќе да не се сетам
во што сум се престорила.

Сокриј го ножот од мене,
јажето тргни го од подрумот
и врзи ме во синџири.
Пушти ме да врескам,
дозволи ми
да го истрошам ова лудило...
Но, зарем имам јас повеќе
што да трошам?
Не, немам ништо повеќе во мене
освен парче место од кое нема мрдање,
моето тло наречено ДНО.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

МургоДШит

Чаршиска џукела
Член од
3 ноември 2008
Мислења
128
Поени од реакции
19
Stalin had a pet kitten with a magic tail (it could fly!)
Marat wanted to be a toreador
Custer played cowboys and injuns (he was an injun)
Pinochet used to talk to a tree in his backyard
Hitler drew funny moustaches on family portraits

Men should never forget how to be boys.
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Лирично навраќање


Далеку од секоја пора
на оваа немилосрдно, дискриминирачко,
убијствено само по себе општество,
стоеше како молк меѓу два збора,
се подигаше како коњ на две нозе.
Пристојно осамен тинејџер,
оставен да се потпира сам на својата сенка.
Со изморени движења на телото, лењав, тромав,
го нижеше водениот тротоар,
си режираше свој филм
за сопствената алармантна депресија.
Небото со својот ноемвриски шмек
се нурнуваше во неговата суштина,
како да се спушташе скалило по скалило,
му нудеше ручек на елитен облак
со Бахови композиции
во замена да биде парализиран паразитот во него.
Кога близината
меѓу негиот труп и небото стана неподнослива
кукавички призна:
“Сакав само да бидам креатор на нов топол Јуни....”
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Шарени шишенца

Излупена штикла...
Ма, онаква ЧИК Куманово кафеава влечка сум денес.
Простирка помала од ќебе за новороденче
замотана околу моите уши.
Не слушам ништо.
Не гледам.
Како низ стакло од стар лифт, замагленост и текстура. Рапава на допир.
Мека на забивање во срце.
Здодевно ми е, па си пишувам песни.
Што им е фино така на поетите!
Како сангрија.
Ладна на служење.
Врела ако ја претераш.
Сама себеси си се нарекувам Поет.
Зарем не е тоа лажност...?
Или важност?
А можеби и влажност.
Додека ми капат мрсулите врз тетратката.
Како на првооделенец кога се бори со азбуката.
А, Б, б, а... Ништо ново.
А пак сум на основата.
Жена со + во главата.
Здодевен приказ на овој четврток што со сета сила сака да биде петок.
Е не може.
 
Член од
9 август 2009
Мислења
19
Поени од реакции
6
ПАРЧИЊА

Во клун на црн гавран
најдов парче од твоите очи

Во парчето, зачуван спомен од едно време
во кое некој го презел мојот лик...

A можеби сум јас
во залудна потрага по гавранот
што има парче од мојот ум во клунот...

ВО МОЈОТ СВЕТ

Во мојот свет огледалата се огледуваат во лицата
и имаат вљубен поглед кога се будат

Ветрот оптегнува виолинска жица
помеѓу два момента на отсутност на вистната.

Во мојот свет патот секогаш е пократок за една мисла
а мислата има две скриени должини на недорек...

Бессоницата ги буди црните танчерки на стравот
од една до друга воздишка на отечените утра...

Во мојот свет мракот ја бакнува светлината
и се обојува со звуците на задоцнетите чекори на среќата...

Не развлекувај ја границата на мојот свет
за да влезеш во него како ограбувач на оскрнавени лешеви...


И би крај, ден последен ( според светиот Адофонис)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom