Medea
Облинеса
- Член од
- 25 април 2007
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 3.269
Емотивна невиталност
Сакам да напишам песна
што кога ќе се рабудам утре
да ја најдам закачена на завесите
(ќе скока по мене како кутре.)
Песна - пријател, да ја носам во заден џеб.
Да имам кому да се потпрам
кога нештата стануваат зелени
и не можам да гледам од зависта туѓа.
Брзам да го завршам факултетот
за да добијам нервни завршетоци
што имаат корен во неволјата
и да си го замислам животот.
Што ќе ми е мене смисла
кога во песните барам оддишка...?
Каде е мојата тајна скривница...?
Во некоја пивница.
И онака таму разговорите се пожолтени
а зеленилото чека да се оствари.
Сакам да напишам песна
што кога ќе се рабудам утре
да ја најдам закачена на завесите
(ќе скока по мене како кутре.)
Песна - пријател, да ја носам во заден џеб.
Да имам кому да се потпрам
кога нештата стануваат зелени
и не можам да гледам од зависта туѓа.
Брзам да го завршам факултетот
за да добијам нервни завршетоци
што имаат корен во неволјата
и да си го замислам животот.
Што ќе ми е мене смисла
кога во песните барам оддишка...?
Каде е мојата тајна скривница...?
Во некоја пивница.
И онака таму разговорите се пожолтени
а зеленилото чека да се оствари.