- Член од
- 9 август 2009
- Мислења
- 19
- Поени од реакции
- 6
ПРЕКРШЕНА МИСЛА
Јас не помнам,веќе,
кога ја прекршив мислата за тебе
со препечен стап
од смешна урамнотеженост
на стивнатиот пој
на птиците на чувствата
и заспаната жед за крв
на скриените волци на гордоста,
но ја прекршив,
баш така,
како змија што се прекршува
- притаена осојница во камарката на умот
што сака срцето да го затруе...
Ја прекршив на распаќето
на ноќта и денот
кога мракот и светлината
се препознаваа еден во друг
а жуборот на крвта
се одбои од бојата на соковите
на прецветаните илузии
дека небото може да се допре
со обично поткревање на прсти
а зенјата е привремено свратилиште
на плашливите смртници
што се плашат да летаат...
Ја прекршив,
а сеуште стравот ми рие
дека ќе се исправи
и ќе ме касне...
Јас не помнам,веќе,
кога ја прекршив мислата за тебе
со препечен стап
од смешна урамнотеженост
на стивнатиот пој
на птиците на чувствата
и заспаната жед за крв
на скриените волци на гордоста,
но ја прекршив,
баш така,
како змија што се прекршува
- притаена осојница во камарката на умот
што сака срцето да го затруе...
Ја прекршив на распаќето
на ноќта и денот
кога мракот и светлината
се препознаваа еден во друг
а жуборот на крвта
се одбои од бојата на соковите
на прецветаните илузии
дека небото може да се допре
со обично поткревање на прсти
а зенјата е привремено свратилиште
на плашливите смртници
што се плашат да летаат...
Ја прекршив,
а сеуште стравот ми рие
дека ќе се исправи
и ќе ме касне...