Ваша поезија!

Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Во сонот

Те сонувам
и во сонот
си толку блиску до мене.
Таму те прегрнувам,
го слушам твојот глас,
шетаме заедно
по некогаш изодените улици,
те гледам во очите
а ти ми се смееш,
среќна си.
Посакувам никогаш да не се разбудам,
убаво ми е таму со тебе,
но секое утро сонцето
со своите зраци те брка,
а секоја нова разделбата
ме полудува...
Сфаќам,
ти не постоиш тука,
ти си само убаво спакуван спомен,
платно кое го бојам со љубов
и го вметнувам во
рамките на сонот.
Едвај чекам повторно
да ја посетам мојата галерија...

Те сакам

for you mom... R.I.P.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
На денот Н


Ме иритира
инспиративна што е.
Ден или поезија?
Недела. Зошто дреме како дебела гугутка.
Тогаш завесите се возат како во трамвај по прозорците.
Не кријат ништо од мојот дом.
А ја сакам
Зошто е полн ден со празнини.
Совршен за чај со Лени, трач со Жени или бакнеж на тротоар со Мио.
И волшебно мачен.
За чистење на неделната трговија со впечатоци.
Ја знам, одамна.
Жена во темни бои, како замрена .
Мртва, а живо инспирира.
Недела. Зошто плаче како вдовица.
А во лето не ја ни забележувам.
Ма ја сакам, зошто има Ода во неа
како сонце кога тивко заоѓа.
Те тера да и бидеш пријател.
Оти ништо друго така не ти се отвара.
Недела.
Ме иритира
зошто е верна.
На моите вијуги и прашалници.
А неверна на сите соништа.
Во недела не сонувам.
Пишувам.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Цигари и Алкохол


Дали е тоа моја имагинација,
Или конечно најдов нешто за кое вреди да се живее?
Јас барав некоја акција
Но се што најдов беа само цигари и алкохол.

Можете да чекате цел живот
Да ги поминувате деновите заедно со сонцето
Можете да ги поминувате шмркајќи бела линија
Но кога станува збор за целта и врвот тогаш....
Мора да се потрудиме да се случи!

Дали е тоа вредно за влошување
Да најдеш работа а гледаш дека нема работа
Тоа е луда ситуација
Но се што ми треба се цигари и алкохол!

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Избор

Се лажеме.
И убаво ни е.
Оти така треба нели.
Поинаку не смееме.
Зошто во тој случај.
Би биле сосема бели.
А кој сака невидлива вистина?

Шарени лаги
танцуваат на твоето тело.
Се палиш.
Како дебил на згодна професорка.
Зошто тоа е твоето убедување.
Ако ако.
Има и тука некои психо лифтови.
Стисни копче стоп.
И ако има огледало.
Погледни.
Сакаш да одиш долу?
Журката на лицемери е соодветна.
Сите имаат маски.
Или, сакаш да одиш горе?
Вистинските луѓе не се журкаат со лажни вредности.
Твој избор.






Первертирана бајка

Природен си како јаболко.
Го сакам твојот грев.
И црв.
Секогаш ми даваш задоволства.
До врв.
Особено кога по напорен ден полн со негативци
Се спојуваме
Јас цимет
Ти јаболка.
До болка.
Си ја штрудлираме ноќта.
Добро е кога можеш задоволството
во готвење да го претопиш.
Не сум Снежана, тоа заклучивме.
Така да..
Кралски правеното јаболко = Ти.
Е мевлем за моите потреби.

Природен си како јаболко.
И кога ќе те пресечам.
Има во тебе форми.
Што ми го закиселуваат непцето
кога денот е полн со блажени лажни насмевки.
Ти си освестувањето.
Си ја штрудлираме утрината.
Свиткани во ролна од ќебиња.
А шеќер во прав ни се...
Соништата.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Just want a quiet peaceful story,
some sweet nonsenses to worry,
a isolated break in the room,
to be alone when I hear the boom.

No acquaintances when I walk along,
no memories nothing strong.
I just wanna loose my limbs
feel just nothing, forget the things.

Форумџиска сага

Уништена сум,
како што тебе те ништи капка вино.
Како што те загушува од пороците димот...

Сакам,
цврсто да се свиеш до мене
да ме заштитиш од студ.
Да потонеме заедно
во грижа на совест и блуд.
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Љубовта не разделува

Љубовта го закопа срцето
љубовта ја замрзна душата
ја уништи можноста
повторно да се почувствува топлината.

Љубовта не разделува
и солзите кои болат на образот.
Спомените уништуваат се
и копнежот по најубавите денови.

Како може да се одолее на сјајот,
сјајот кој доаѓа од твоите очи?
Како може да не ме топли твојата прегратка,
да не се топам од твоите зборови.

Каде е убавината на тоа што си со мене?
Каде е магијата? Каде е светлината?
Срцето е заробено,
пеперутките се во мрежата на љубовта.

Душата плаче за него,
солзите болат за него,
мислите копнеат за него
срцето посакува, тој повторно
да ми го покаже сиот свет и да заборавам на се друго.

Заборавот доцни
а љубовта прераснува во болка.

Страв дека ми е сеедно
страв од бесчувствителност
страв дека никогаш повеќе
ќе нема топлина, ќе нема среќа.
Ќе нема љубов.

Празна е душата, празно е срцето
што копнее за него.
Останува само надежта
за повторна слобода
повторно осветлување
повторно заљубување.

А дотогаш драги, љубовта не разделува.. љубовта кон него.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Град

Баш сакам
да тонам во уличните приказни.
Во чадот на печените костени.
Мимикријата на сивото небо
се мота околу моите грижи.
Тогаш градот е сенка
што оди пред мене
Го следам како тага
и несвесно бреме.
Водиме љубов со уши.
Напрегнато, во молк.
Тој е мојата инспирација.
Досега неиспрекината.
Како лента за детски подарок.
Ох, колку сакам.
Да сум еднаш или повеќепати
процеп во смешните патеки
кал на тротоарите.
И се’ што е неживо,
а знае која сум јас...
Кога ќе се навалам над глетката.
И му оддавам почит што ме сака.
И јас него, и од далеку.
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Невработен љубовник



Шминка и многу пудра,
неуспешен обид за маскирање на носталгија и очај.

Кафе со малку млеко и без шеќер,
неуспешна желба и копнеж за пробудување од заедничкиот сон.

Резонирам бројки и секакви математички функции,
а тебе како иминител во мојава дропка неможам да те рационализирам.

Токму оваа ноќ,
мојата тастаура и празниот Word лист
водат љубов под ноќна ламба,
а во мене еволуираат чувства,
револуција на тишина,
или на мојот перверзен ум.

Дадов отказ од љубовната канцеларија,
се вратив сама во автобус со отказно решение в рака.
Другите во мене насетуваа страв и кревкост.
Како да знаеа дека
моите љубовни молекули се откинати.

Бледа талкав по патот до дома,
па дури и мојата сенка имаше повеќе боја во себе.
Се вратив, ги заменив накиснатите чорапи од снегот,
се посветив на себе
и креативната носталгијата за тебе.

П.С-се посветувам само на оние
кои заслужиле да добијат посвета.
Сонувај мирно, ова не е уште една рутина...
Јас те чувствувам во секоја пора од кожата!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Welcome to the reality
Нога пред нога...
Чекор напред-поблиску до пеколот
Нога пред нога...
Чекор напред-подалеку од очајот

Време кое не поминува
Време кое ниту се враќа

Жарчиња во очите и
Празни ветувања.

Без патоказ-на безброј раскрсници
И со често чувство на вина
Вина која не е моја
Вина која ми ја наметнаа.

Врискање во себе-тишина во собата
И бесцелни дијалози со моето второ јас
И бесцелни прашања со безвезни одговори
Тоа е се што остана на прагот на реалноста
Тоа е се што остана на крајот на лагите

Студ однадвор-жештина одвнатре
Насмевка на лицето-бес во душата
Многу мисли-малце реченици
Многу зборови-ниедно дело
Храбри постапки-страшни последици
Скроена судбина-непотрефен вкус
Тоа е се што остана на почетокот на јавето
Тоа е се што остана на крајот на сонот.

Динамичност околу себе-статичност во себе
Полна пепељара-празна душа
Многу видени-малце познати
Љубов во себе-омраза околу себе
Тоа е се што остана денес
Тоа е се што ќе остане утре.


Еве нешто и од мене напишано... се надевам ќе ви се допадне
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Љав
Имам едно кученце и е многу мало,
со бушава главичка и тело без сало.
Везден само силно рика, р’жи, лае,
по маало без срам, тоа се, лом прае.

Кучиња и петли, кокошки и квачки,
за деликатес си јаде, само бели мачки.
Комшиите мои во хистерија се сите,
за нивните миленици, броени се дните.

И сите кај мене, ете ги во дворот,
со куп, блиц прашања, прашуваат за створот.
Абе комши какво е, тоа куче мало,
куп миленици ни изеде, а сеуште е без сало.

Незнам луѓе... комшии мили мои,
куче како куче со светло кафеави бои.
Тие мене што ми го дадоа, пукаа од страв,
зошто кај нив едноставно, го викаа лав.
Пардон, љав...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
За нас

Номад, во сопствените сништа.
Се губам кога и да посакам.
Ти ме наоѓаш
и ме будиш среде ноќ.
Пикајќи ми бајадера в уста
сонливо местејќи ми ја ногата врз твојот колк.
Да те топлам и чувам.
Додека перницата ни ја собира љубовната приказна.
Се враќам на сигурно.
Во твоите раце.
Мирисаме на Нас.
Уште една убава станица на моите следни насмевки.
Додека да осамне утрото.
Веќе сме пораснале уште еден ден повеќе.
И Љубовта со се нас.
 
С

Сатори

Гостин
Црквата под плоштадот​

Сеништата живеат на небото под закрила на природните закони,
не знаев ... не знам, сеуште
пристигна со возот, седеше некаде во последните вагони,
како џенталмен се поклони до земјата
извади букет кали во чест на мојата преродба
мислев ми посакува смрт на денот на свадбата,
како токен ми подарува само белина,
сеуште жива индиска традиција.

Малку по полноќ му ги слушав чекорите
мермерни, ладни како одмаздите,
ме убедуваше без да говори, процедурална обработка на емоциите,
енергија загубена во воздухот од голема фокусираност
на непостоечки зборови, на моментите.

Заедно купивме неколку ќесички веселост од коштанџијата крај патот,
за цена половина од понудената,
и седевме под крошна во јапонска градина,
бодевме внатре во ќесите со пластична лажичка
додека тој ми читаше писма од неговата покојна љубена
сега веќе мртва, загубена.
Низ умот, технички расипан, ја разбрав суштината на белата,
се натажив како да сум мајка на човек постар од мене
и го поведов кон реката,
но застанавме некаде по патот пред црквата.

Здание изградено од крвта на традицијата,
засновано врз верба во шпекулација,
вистина изрезбана во кожата на сите верници, вид на аушвиц број за во комора,
но неговата воодушевеност од сликата,
или од адмосферата, таму долу под плоштадот,
целосно ми ја згасна љубовта,
дури и кон калите што ме чекаа кај железничката.

Секогаш сум бегала од тишината,
пред олтарот ...
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Слевање

Тивко и безредно ...
Ги поминувам моите раце
врз изблиците кои
природата ти ги дала

И потоа од изневиделица ,
се втурнвам надолу кон
распламтеното меѓуножие
на светот .
И , како ... туркајки ја
главата на внатре ; да сакам
да избегам од овој свет назад
во утробата .
Потоа во бледа светлина го
подигнувам атласовски
тешкото , сопствено тело ,
и зграбуваики те за половината и твоето.
Потоа мир , и , и , восклик !!!
Продирам .
И татне ноќта од звуците на
безрезервна страст .
Беснеат сенките низ собата ,
како некаков џез од повторени движења.
И времето прекинува .
Додека се осетиме ноќта поминува ,
и дошло утрото , па пладне .
Телата сеуште играат во луд танц.
додека во еден момент
не осетиме дека сме продреле еден на друг .
Во секоја пора , и дека секоја наша клетка
не не носи дел од другиот .
И потоа блаженство .
И долго запирање.
И конечно слевање на душите .

:kesa:
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Сакам да имам некого
Да му напишам песна
Да чекорам кон сјајот
Да гледам со очите на вљубениот
Навистина сум маче.
Потребен ми е допир
Да ме гали додека заспијам.
Сакам сон.. долг сон..
И посакувам да сум маче.
Да се скријам во
Најтемниот агол од собата.
Да ја почувствувам тишината
Тишината во ноќта,
Многу поразлична од оваа.
Тишината на магијата,
Тишината на твојот допир,
Тишината на твојот шепот.
Ах... само сон, далечен сон.
Ме убива тишината на спомените.
Детелина со четири листа.
Сончев зрак.
Барам убавина, среќа, светлина.
Но, насекаде е мрак.
Посакувам пролет.
Мирис на јоргован
Да ги преплови мислите....
Но сеуште е есен.
Зимата на прагот...
... а јас веќе смрзнувам.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Филофобија

Онаа дама, закачена на врвот од јарболот на болот
со дланките ги крие сакралиите никнати низ нејзиното грло.
Како жена-еретик ја гужва престилката во стомакот,
ги крши ногарките на креветот во кој лежи младата љубов.

Црвена линија оцртува околу себе.
Во неа ќе се расцепи и со секира ќе ја заколе осцилацијата
на инсомнија во зимска полноќ.
Ја погодува гракањето на црните гаврани по секој убав голуб.


Кога невидливото стана видливо...
Горат огнени жаришта по нејзините усни.
Таа не размислува за сопствено задоволство.
Умее да го запали она што би го чувала од пожар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom