С
Сатори
Гостин
~*~
Браво!:gus:
Ме остави без зборови љубов ... јас сум просто воодушевена!Страшно ненаспана!
Се будам пред демонот
кој остана да преноќи вчера,
му го заборавив името.
Овојпат дебелиот сон ми го уништија нежни гласови
Утрото ненамерно им ги изгребало залепените очи
Па првпат го гледаат светот
грд
пред бездомниците да го испијат првото утринско кафе
и улиците се без човечка маска
туку сеуште си го тријат безбојниот, сиров подочњак
“О! Се прашуваме, се прашуваме...
Дали секоја бескорисна мугра
што досега не ни ја соопштил ниеден телевизор
и не ја собира во ниеден билборд
е вака....сурово прекрасна? ”
Ова,
само оние
кои никогаш не се вљубиле во лист
го прашуваат.
Крај на страдањето
Жолто опивање
Добро утро сонценце!
На твојот златен прозорец седам
и појадувам тривијални срцепарателни сцени
од соседниот балкон
....Ерина, врати се!
Фотограф.
Со срце растегнато на ѕидот, секое утро
одгледува крвави дамки
како хоби.
Ме учеа дека не треба да зборуваш додека очите ти се полни
но морам да кажам,
Немаш среќа, младичу.
Денес Јупитер е во седмата куќа
Клуб на робови на слободата
И мразачи на слабости
Мрморат, бесно плукаат облаци
Месечевиот сончоглед на небото
‘Ржи ветар во мојата кутија!
.....Ерина, врати се!
Задоволна.
Вкуснота зготвено огледало
Го запленив од фотографот
Нема веќе да си ја велича болката во него
благодарение на моите желудочни ензими.
Гејзер од топол немир и ментол.
Среде крици носи спокоен медитирачки зен
Но тоа нему никогаш нема да му текне.
....Ерина, врати се!
....губам трпение и жал.
Душо, која си ја изгубила својата Ерина,
веднаш да употребиш некаков завој
бидејќи мојата кутра мачка
почна да ја лиже наточената крв
Таа не знае за добро и зло!
Само е жедна...
За флуидно сонце...
Сини панделки...
Љубов, љубов на црноок мачор...
Колку светлосни години
се одалечивме од себеси?
Браво!:gus: