Ваша поезија!

Член од
23 април 2005
Мислења
622
Поени од реакции
14
Живот

Кога ке видиш-
изворите во крв
клокотат,
воздухот во реа
се капи,
флората во мисли
се дави,
само сонцето силно свети.
А ние се сончаме!

Нашата иднина

Ветрот по ченгели
свири
карпите во пранги
пукаат
блажените од крв
се појат,
Диоген со фенерчето
на светлина- човек бара,
а ТИ-
-ЗБОРУ-
сакаш да живееш!?

Зеницата

Во сета длабочина
на темните петна,
со сета вистина
скриена во Адот,
окото мое
од пламен се сепна.

Остави траг во
бунарот глув и празен,
окова спомен-заборав
врз каменот светол,мазен.

Поздравувајќи се со слоговите
на речената надеж,
ја изуми таа точка-
црна точка...
таму на каменот
во воденицата,
ко сенка од зеницата.
 
Член од
23 април 2005
Мислења
622
Поени од реакции
14
Гибел

Дал сонувам труби траурни и фанфари,
ил' буден се поревам и слушам,
мајки и деца, плачат и пискаат,
виулици и ветришта фучат,
а молњи земја косат, грубеат.
Место светлина, бледо и морничаво, в црнила,
како танц на темни снегулки, одгоре паѓаат,
од небото галеби, со крилја скршени
и мртви души на ангели и демони,
струполени на почва корава, татковци умираат.
Прав и пепел се престораат,
како никогаш да не биле,
ни рај, ни пекол, ни Бог ни ѓавол,
саде гибел, мракој и ѕемнила.
Мислам дека единствено оваа вреди од другите истакнати да се прочита..сепак секој свое мислење изложува..другиве уште по почетокот не ми се допаѓаат
уште нешто garfield?треба да имаш харизма за да го изнесиш своето јас во стих ама без тоа ја ја ја во стихот ако ме разбирате
........
браво и за ЛЕЈДИ САТОРИ И БОГИЊАТА НА ХАОСОТ
уз пат да те прашам нешто
лесно е да се биде богиња и то на хаосот
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Мислам дека единствено оваа вреди од другите истакнати да се прочита..сепак секој свое мислење изложува..другиве уште по почетокот не ми се допаѓаат
уште нешто garfield?треба да имаш харизма за да го изнесиш своето јас во стих ама без тоа ја ја ја во стихот ако ме разбирате
Не те разбирам што сакаш да кажеш??
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Будала работа
Бугари плагијатисуваат
Типци пишуваат по 6 стиха помножено со 3 и мислат дека фатиле бизон за јајца,па и делат совети.
Пих.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Зад насмев беден
пробуваат
да скријат немоќ.
Со пурпур, свила
замотани околу вратот
го дават правот,
честица гадна
на столот дрвен.
Се ништи крикот
на секој бацил,
Мравојадот
почна да го гриза
сопственото тело.
Го водат Пајакот
на темниот престол
ја чистат гилотината
од дождот вчера,
мирис на капинки,
или крв, сеедно.
Останаа многу
пукнатини на креветот,
остана дупка
сета вода,
ги украдоа рибите
во неа,
останаа меурчиња,
пенлив отскок
на тажење мокро.
Ја проголтаа пајажината,
светликав конец
низ забот црн,
бљувотини многу
се препираат меѓу
залистокот на преткомората,
пробуваат да најдат сенка,
дур‘ уште една
да се скријат,
се потат цели,
сенка на друг престол
налик темно,
сакаат да блеснат
низ порив.
 
M

_MACA_

Гостин
Додека тонам во црнилото
на твоите очи....
запали ја последната свеќа,
да ме заслепи отсјајот на твоите длабоки очи.
Да потонам во нив..
да се изгубам..
да ја измијам душата во црнилото
со црн превез на главата,
а сјајот на твоите очи
да ми го осветли патот,
за да те најдам...
и да ти кажам,
колку ја сакам црната боја.
А кога ке падне мрак...
ке го облечам фустанот
исткаен со мирисот на ноќта
нијанса на страст
и конци обоени со љубов...
Нека пее ветерот,
а јас со гранките на дрвјата
ке го играм танцот на надеж во ноќта
заедно со темнината...
заведување...приказна.
Ритам на мелодија...милозвучна...
дозирана со воздишки...емоции
иронија...
Додека тонам во црнилото
на твоите очи..уништи ме повторно
како и од секогаш,
ти тоа го правиш најдобро...
Баш таков те сакам.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Влегување и тивки чекори,
некоја проста, надмоќна илузија,
обвиткана со туѓи зборови,
да се исплашиш од големите порти, така екстравагантни,
за момент така малечки и трошни,
па бели, црни,
навистина потполно небитно,
вртоглаво будење и заспивање на престави,
драма која се повторува,
бегство од живот кој ја губи контролата,
а јас така малечка
меѓу сите тие големи виори,
ветришта,
пусти илузии,
понекогаш дури и без знаци,
сказна без зборови.
Молчаливо будење на принцезата,
слика и прокција кои немаат позадина,
ниту квантитет,
ниту квалитет,
осуденик на брегот на емоциите,
завореник на сопствените неморални правила,
фантазија,
нечиста,
така пространа и така недозволива,
купишта гробови врз мојата постела,
и да бегам од луѓето,
од градовите и местата,
на крајот пак млада,
сеуште недозреана,
вртоглаво опседната со сопствените стихови,
дама без трошка осаменост,
казна,
проклета потреба.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ноќ и тишина во моето срце стигна
се разбудив
на мојот прозорец ја зафати студената зима
Ноќ по ноќ
ниедна птица не пее
само сериозни изрази на лице
и никој не се смее
само гаврани пеат од пуста мака
на улиците бледа слика
плачат зашто никој не ги сака
чувството го делам со вас
драги мои гаврани
со болка се борам секоја секунда
немам крилја
сакам да полетам
да не мислам на неа....
но помислата на тебе.....
допирот твој.....
моето срце го грее

Ноќта пуста пак помианата без тебе
сите шетаат
само ти си ми во мислите
во ова студено време
Природата го губи сјајот
секоја секунда....
секој час....
љубовта и копнежот се зголемуваат
кога ти не си до мене

Животот е пуст без љубов
тагата е споменот што ми остана
што ја нарасна ти кога кажа збогум
тој пеколен збор....
солзи што лее
одмазда спремаш
а Ромео престана да се смее
Земи ме....
обои ја природата моја
Жолто,зелено,црвено
не е важно
се додека ти си со мене
му даваш сила на ова срце тажно

:pipi:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
еве што напишав пред неколку саати додека какав:
Во ВЦ-то мува,
јас тријам раце со сапун,
таа трие раце со гомна.
И двете сме дел од иста приказна.
Таа е искрена.
Јас моите лаги ги отерав по вода.

И уште нешто, напишано на салфетка у автобус:
Сега тој е слободен, како јас тогаш
и сега не можам да заборавам
какви ми беа зборовите:
-оди си! најди друга!
ах, колку груба љубов.
Можеби ќе страдам
но нема да ти се вратам,
тоа со сигурност го знам
исто како и ти тогаш
кога остана сам.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
и малку ситно нешто:
Брачен кревет се мачи
врз сопружници да се качи.
Наместо длабнатина од љубов, само мирис на мрзелија се шири.

и уште нешто:
море сиво, сенки од злато,
очи криви, сино плато,
поглед дивее, здив се кочи,
тргувам со соништа.
млака вода, бела рака,
птица без крило, нема станица
растам тука ко во саксија.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Дете~

Заматена вода полна со мрежи,
остатоци од крв и гној,
воздушни прашинки,
огледало,
проекција на душата на дете.
Зарем не е жалосно?

Снегулки врз лице,
болест од премногу лад,
премрзнати прсти,
премалку мастило,
убиство на инспирацијата.
Зарем не е проклето?

Пишани, лути правила,
што играат низ вените,
низ артериите,
капиларите,
кристална топка, лузни.
Зарем не е патетично?

Ноќ што го плаши детето,
му влегува под перница,
му се вовлекува во постела,
го преплавува со емоции,
го уназадува.
Зарем не е страшно?

Гроб во очите,
пепел и прав врз синилото,
да не гледа,
да не љуби,
да заборава постојано.
Зарем не е иронично?

Ветровити илузии,
нестабилни емоции,
крст во раце
и атеизам,
милозлива хорска музика.
Зарем не е волшебно?

Кршливи солзи кај мало дете,
толку тажно,
а пак сурово.
Кучка во туѓите погледи,
но не, дете.
Зарем не е детинесто?
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Војничка љубов

Војничка љубов

Станувам од топлиот кревет свој,
разбуден од гласот на разводникот мој.
Те земам тебе љубов моја
и одиме со стража своја.

Одиме низ ноќта ладна,
ах, таа трета смена гадна.
Стојам јас, а ти до мене,
како ли ќе помине време.

Стојам во ноќта темна,
и мислам на нашата љубов верна.
Верна си ми до мигот последен
во војна и во мирен ден.

Ја чувам касарната моја,
а таа е и твоја.
Се појавува првиот сончев сјај,
во стражарата ме чека топол чај.

Спијам јас во постела своја,
ти ме чекаш во сошката своја,
ах, војничка љубов моја.


 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
...For days I've wondered, struggled in awe,
How to write a sonnet and do it right.
A sonnet isn't just a fourteen line poem,
And it's not just verses flown in for a whim.
A sonnet let me tell you, isn't that simple,
But could be, if we learn to do it right.
If I research and follow all its rules
I'll do it right, and try to write some more.
‘Cause a sonnet isn't just another little poem,
That we write on 14 lines and in any _style_.
No, a sonnet is never done in a whim;
A sonnet is: this above, and then more-
A sonnet is not just a poem, but a song!
I can make it rhymed and also make it blank...but...let just say it, comes inside of me...


A POEM FOR AnJa

...You changed my world with a _b_link__ of an eye
That is something that I can not deny
You put my soul from worst to best
That is why I treasure you my dearest...

You just don't know what you have done for me
You even pushed me to the best that I can be
You really are an angel sent from above
To take care of me and shower me with love

When I'm with you I will not cry even a single a tear
And your touch have chased away all of my fear
You have given me a new meaning that I could live worthwhile
It is even better everytime you smile

It so magical those things you've made
To bring back my faith that almost fade
Now my life is a dream come true
It all began when I was loved by you

Now I have found what I am looking for
It's you and your love and nothing more
you have given me this feeling of contentment
In my dreams something I've never felt

I wish I could talk untill the end of day
But now I'm running out of things to say
So I'll end by the line you already know
"I LOVE YOU" more than what I could show ...


PS.se nadevam deka ke ti se dopadne...tvoja e zasekogash AnJa...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Мојата порцеланска кукличка~

Восхит во нивните очи,
здив кој се топи во порцеланот,
прашина,
пајажина,
нежни потези врз бојата,
страв од бришење,
се е завеса,
спуштена до пола,
до пола крената,
омразена,
љубена,
се завршува кога ќе се скрши ...

Мисла полна со портокалово
и чадорче
и дамска шапка,
бисери на грло,
бело на бело,
животен пат на среќата,
безпотребни ливчиња
имиња,
изгубени во виорот на прашината,
прекрасна,
но, сепак
се завршува кога ќе се скрши ...

Порцелан без душа,
прав без историја,
здив без воздух,
мојата мала слатка,
така совршена и неверојатна,
фикција во огледало,
порцеланска кукличка.

Се скрши.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom