Ваша поезија!

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
Ме курчи светов ,
ме курчи тагата и срањава..
ме курчи болката и се околу мене..
а срцево веќе попушта дел од мене нема веќе...
кај бевте сите кога ми требавте?
и кога наивно ве викав , кога мислев дека ке дојдете...
Осетив толку тага,
живеам и живот тежок,
и толку болка и толку мака
и едно нешто знам ,
моево срце веќе не знае да сака!!!
и нема љубов во него ,
само омраза се ствара...
веќе душава пријател не бара...
Одам напред,
не гледам веќе назад,
одам контра мојава болка
и пак и пак зло се ствара..
пропаѓам, пропаѓам надоле
НО НЕМА КОЈ ДА МИ ПОДАДЕ РАКА ЗОШТО НИГДЕ НЕМА НЕКОЈ ШТО ОД СРЦЕ МЕ САКА!!!
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
зошто не се тргнеш од мене?
гледаш ли дека срцево не ти ја пружа љубовта тебе!
Доста се мачиш, доста патиш,
оди по патот по кој ке знаеш дека нема пак да се вратиш...
Доста ми кажуваш дека ме сакаш
кога гледаш дека со душава чувства не ти враќам.
Оди од животов мој и не се враќај,
секој дел од мене те моли..
зошто болката се повеќе владее во тебе и те боли...
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
TARGET

Only fools believes
that's better to have lust than love
but I don't want to take that fall again
it's a long, long, long way down

Love struck me down again
blew my tender heart sky high
now in my pain I'm asking why?
As I'm crying
should I give it my last try
or say goodbye

I've got a target on my back
for Cupid dressed in black
and it's slowly killing me...for sure...

Love so sweet
I've seen your face
called your name
I tasted the tears you cried
Lived i shadows in my mind
Frozen here in time...

I've got a target on my back
for Cupid dressed in black
and it's slowly killing me...again...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

те сакав скоту еден!
ајде сега оди си!
.....
Нешто во тој стил е и кај мене, чисто од зезање:

Дај ми само една причина
за да не те погледнам,
а ти ми даде барем сто
со доза на „сладок“ моронизам.
Не, не ми сметаше
но твојата глупавост мило
минеше и граници на патетична мизерија.
Затоа тивок „очај“
што срцево „љубело“ будала
а „престара“ сум за да те изневерувам.
Дај ми само една причина
за да те заборавам
а ти ми даде барем сто.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Нешто смрди!
Овде нешто многу смрди!

Пепелосани стихови
прегазени рими
продадени приказни
купени зборови
згазени сништа
избледоа цели,
белеат секој ден.

Направи гравир
во каменот
Светиот камен,
пробај фрли го
во флуидот и
гледај го како плута.

Кој ме фрли во контејнерот?
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Совршено темна, совршено бела,
катран врз порцелан,
удар
и парчиња на подот,
не,
балонот не се крши,
порцеланот е пластичен.

Црвени капчиња,
црни врвци,
креон,
маскара,
марионета на бината поставена на кал,
гротеска,
насмевка на празноглави џенталмени.

Танц,
солзи,
сакам солзи,
мразам танц,
танц од солзи,
танцување преполно со солзи,
глупава керамика,
се крши.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
[FONT=&quot]Sum bila sakana i posakuvana
[/FONT]
[FONT=&quot]obo[/FONT][FONT=&quot]z[/FONT][FONT=&quot]avana[/FONT][FONT=&quot] i omalovazuvana
sonliva i realna
slatka i gorcliva
ubava i nenaspana
nokna ubavica i denska svetlina

Da, jas bev toa ,
jas sum toa ,
prokleto dobra i losha vo isto vreme
egoist i daritrel

Kopnez i partner
ljubovnik koj ne znae za dosta
patnik bez linija na zivotot...

Ocajno ljubomorna na sekoj pogled
drska i prezirna nasmevka...

Da, toa sum jas
bolka i nasmevka vo isto vreme
strav, nemokj, sudir so realnosta...

Ne, jas nemozam vaka
premnogu planini proshetav,
premnogu ...

Nitu na edna ne se odmoriv
tuku prodolziv,
nitu edna ne mi beshe dovolna,
umorna prodolzuvam
sebicno se boram
za neshto svoe koe ne go gledam

Jas sum vodic i potrcko vo isto vreme ,
vernik i predavnik vo vistinska smisla ,
borec koj se otkazuva od svoeto koe go naoga ,
neverna bez troshka sram...

Lutam barajki se sebe si...

Ne se najdov i dali ke se najdam?
Zashto jas sum rodena da ziveam na planina
a jas slegov...
tezok e patot nagore, macen, iscrpen

Tezi bolkata ,
tezat sopmenite ,
tezi realnosta ,

Osamena i srekjna vo isto vreme
prijatel i skitnik
da, toa sum jas...

Rodena od ljubov
ziveam za ljubov
si zaminuvam poradi ljubov...

Prifati me...
odi si ...
ne mi trebaat podvizni marioneti
i zalutani misli
sakam nekoj komu nema da mu bide
teshko da se iskaci
i padne od ista planina
za koja sum rodena...

Bezgrizno ili so griza na sovest
ne e bitno.. jas odam...

Odam ili ostanuvam...
prokleto mi trebash
sepak si zaminuvam.[/FONT]


Се извинувам за латиницата
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Уште една луцидна игра~

Да го живеам животот како темјанушка покрај неа,
бела роза на свежо намирисна хартија,
парфимирана принцеза,
само моја прекрасна девојка,
но не ...
само моја не.
Зошто мразот лесно се топи,
а јас за неа ќе бидам греалка,
метална лажица
кога ножот и е попотребен,
секогаш туѓа,
никогаш само нејзина.
Пинокио во стаклена верзија
и жена со своите контраверзни правила,
луцидна комбинација
на игра без пишани правила.
Мирисај ме,
не ме кини,
од коренот исечи ме,
фрли ме,
во вазна поставиме.
Твоја,
ничија,
сечија.
Бела ружа со премногу трња,
дури и за тебе,
најмила.
 
Член од
16 јули 2006
Мислења
312
Поени од реакции
4
Свеќата

Кога ќе навлезе ноќта во градот
и сите светилки ќе изгаснат,
само една останува да гори,
таму некаде далеку,
каде ни ѕвездите не досигнуваат
со нивната проѕирна светлина.

Таа свеќа гори
за ако некогаш се вратиш, во длабоката ноќ,
да знаеш каде те чека топлина и среќа.

Тоа мало пламенче,
на чиј фител нема крај,
е поставено на десниот прозорец од мојата соба
кој никогаш не е заклучен.
Секоја вечер спијам лесно,
исто како нишка конец,
што би се занишала и на најмалиот звук,
за да можам да ги слушнам твоите чекори
како полека шумолат низ овие есенски листови
кои нема кој да ги собере.

Таа свеќа засекогаш ќе гори
за да те потсети на вечната љубов,
која никогаш не згаснува.

 
Член од
16 јули 2006
Мислења
312
Поени од реакции
4
Проколната песна

Оганот и водата не можат да се прегрнат како браќа,
Ветерот и почвата не спијат на исто место како љубовници,
А јас и ти не ни е судено да бидеме заедно.

Ти на север, јас на југ,
Две срце со иста песна,
А не се слушаат дека еден за друг пеат.
Проколнати од останатаите,
Умираат полека, болно,
Премногу тивко за никој да незнае.

Умираат без возвратени стихови,
Умираат без објаснување зошто,
Но зарем е важно,
Па тие умираат.

Ниту славејот не го заменува тој глас,
Тој единствен лек за тие две скршени срца,
Кој го бараат во секој од тие непознати љубовници
Што без љубов ги љубат.

Зошто?
Зошто повторно ме проколна истата тишина,
Зошто повторно се врати за да ме орежуваш со тие празни ноти
Како срце на дрво изрежано со ладно сечило,
А во тоа злодело, во тоа најубаво срце, моето и твоето име.
Зошто ме кршиш на милион парчиња како кристална чаша,
Зар не гледаш дека секој твој отпечаток на мене се познава
како исписани тетоважи на моево тело.

Нека прекине оваа клетва,
Ајде да живееме во парадоксот,
Каде што е можен допирот на огнот и водата,
Каде што е можен бакнежот на воздухот и почвата.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Полна месечина

Полна месечина​
Во ноќ ко солза јасна,
чувствувам притаен зов
како нишка страсна,
како трепет врел.

Што ли ме плени
во ладна ноќ
ако не месечина полна
со мистична моќ?

Полна е,
го обзема етерот,
мисли во мене тае
ех какви, само срцево знае.

Тажи со мене
пред тешково бреме.
Таа тажи што љубов не најде
пред сонцето да зајде.

Јас тажам што во мене го нема веќе
оној занес врел.
Време мина, еден век,
но за нешто како да се нема лек...

 
С

Сатори

Гостин
~*~

Шоу,
клупско опивање и многу цигари ...
Не!

Шоу,
поезија и силна креативност ...
Не!

Шоу,
да се пружи само уште едно шоу...
Не!

Шоу,
шоу,
шоу?

Фрик шок!
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Страшно ненаспана!
Се будам пред демонот
кој остана да преноќи вчера,
му го заборавив името.
Овојпат дебелиот сон ми го уништија нежни гласови
Утрото ненамерно им ги изгребало залепените очи
Па првпат го гледаат светот
грд
пред бездомниците да го испијат првото утринско кафе
и улиците се без човечка маска
туку сеуште си го тријат безбојниот, сиров подочњак

“О! Се прашуваме, се прашуваме...
Дали секоја бескорисна мугра
што досега не ни ја соопштил ниеден телевизор
и не ја собира во ниеден билборд
е вака....сурово прекрасна? ”

Ова,
само оние
кои никогаш не се вљубиле во лист
го прашуваат.

Крај на страдањето
Жолто опивање
Добро утро сонценце!
На твојот златен прозорец седам
и појадувам тривијални срцепарателни сцени
од соседниот балкон

....Ерина, врати се!

Фотограф.
Со срце растегнато на ѕидот, секое утро
одгледува крвави дамки
како хоби.
Ме учеа дека не треба да зборуваш додека очите ти се полни
но морам да кажам,
Немаш среќа, младичу.
Денес Јупитер е во седмата куќа
Клуб на робови на слободата
И мразачи на слабости
Мрморат, бесно плукаат облаци
Месечевиот сончоглед на небото
‘Ржи ветар во мојата кутија!



.....Ерина, врати се!


Задоволна.
Вкуснота зготвено огледало
Го запленив од фотографот
Нема веќе да си ја велича болката во него
благодарение на моите желудочни ензими.
Гејзер од топол немир и ментол.
Среде крици носи спокоен медитирачки зен
Но тоа нему никогаш нема да му текне.

....Ерина, врати се!

....губам трпение и жал.
Душо, која си ја изгубила својата Ерина,
веднаш да употребиш некаков завој
бидејќи мојата кутра мачка
почна да ја лиже наточената крв
Таа не знае за добро и зло!
Само е жедна...
За флуидно сонце...
Сини панделки...
Љубов, љубов на црноок мачор...



Колку светлосни години
се одалечивме од себеси?
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
ОВАА ПОЕЗИЈА МИ Е ЗА ТОШЕ ПРОЕСКИ

-Цел живот ни го посвети на нас,
и во љубовта го бараше секогаш вистинскиот спас!
Сите искрено не сакаше...
твојот глас насекаде го подаруваше
беше вистинска утеха и за се на бога му се заблагодаруваше...
Ти си вистинска икона, личност која вреди
и твојот лик и глас од нашите срца НИКОГАШ нема да избледи.
Се што имаше ,од срце го подаруваше..
и Хуманост , љубов и верба во господ за возврат бараше...
Тагата се чуствува насекаде,
црни срца, многу солзи, погледи темни ..
и денот е црн како мрак
во огледалото се одразува силуета на сенка и солзи протекоа пак....
Ангелското лице станува едно минато ,
од моето срце засекогаш откинато...
се повеќе ме боли и солзиве како рана на срце ме печат
и како крвави дамки низ мојата иднина секогаш ќе течат...
И мака ке владее секогаш меѓу нас ,
кога низ моментите ке се вратиме до твојот божји глас...
Ако гопод можеше да го земе ангелот наш,
може да слyша и зборови кои доаѓаат од душа!
ЗОШТО? Зошто оној кој најмногу ни треба
и светот бездна од љубов и среќа пробува да го гледа..
Мајкини солзи се пролеваат зa чедото низ раце,
душата и се кине и срцето и плаче!
Повраток за нејзиното дете нема ,
и сега само во соништата и сеќавањата ангелскиот лик на нејзиното дете ќе го гледа!!!

:place::place::place::cry:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom