Моја мала прекрасна
Посакувам да престанев да пишувам,
да се изгубев еден проклет ден
во сопствените лажни зборови,
но не можам,
не смеам да те лажам
така невина и мила,
понекогаш се завршува,
понекогаш се губи битката,
ме боли што си одам,
ме боли што седам.
Се обидувам лажно да се насмевнам,
дури и да заборавам дека постојам,
не сакам повторно да навлегувам во агонија,
скршена гитара,
искинати жици и тап звук,
како може да ти се допаѓа
скршена порцеланска кукла?
Парфем,
летна роса на твоето лице,
повторно те замислувам меѓу темјанушки со книга во рака,
но знам,
просто не може така.
Прекрасна, моја мала прекрасна.
Здив,
ветер низ моите дишни патишта кога пристигнуваш,
глечери кога си заминуваш,
штом знам дека ќе те сонувам,
престанувам да заспивам,
знам,
така полесно те повредувам,
така полесно се убивам.
Марија Магдалена на крст,
лузни низ духовниото распетие,
ниту атеист,
ниту верник,
нема ништо да бидам во твоите раце.
Секоја вечер се прашувам,
дали да те убијам,
дали да се убијам,
крварам како што некогаш знаев тоа да го правам,
доволно изгубена,
за да не се препознаам.
Се сеќаваш ли на мене,
ќе ме почувствуваш ли,
за да ме заборавиш?
Скоро да врескам!
Прекрасна, моја мала прекрасна!
Врати ме во живот,
или воопшто не ме допирај,
ќе се скршам.
Ако не сум веќе скршена!