Ваша поезија!

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
За тоа време

Дожд и кока кола
Емоции соголени
до пола.
Празен паричник
полна душа.
Немој, ми вели
не ме слушај.
Што ако врнам.
И давам поводи
да се биде тажен.

Јас сум само уште еден
Мајски дожд лажен.
Ќе дојдам и ќе заминам
утре пак ќе наминам.

Оди легни си, најди раат
на некој нов
книжевен кат.
(Осаменост, најдобро се лечи со темнина
во соба
на кревет со млака постелнина.)
Пораснавте, шепоти
сега е време.
За нови светови.



За ОКК, генерација 2006- 2010
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако еден ден исчезнам не плаши се,
само ме победило времето.
Ако еден ден повеќе не проговорам,
не грижи се ,се е веќе кажано.
Со врвот на прстот можеби ќе ги допрам
ѕвездите или трњата,
ќе се изгорам или ќе потече крв.
Ако некое утро веќе не постојам,не плачи,
така требало да биде,
секое утро и ноќ за некого...
Ако некогаш те повредам ,прости ми
уште одсега го барам тоа.
Ако не сме си кажале нешто,
а треба да заминам,кажи ми се во себе,
ќе можам да чујам.
Проштевај за лудоста ,за лошите зборови,
за мненијата погрешни,
јас бев само човек кој не знаел што допира
дали трњата или ѕвездите.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Судба

Мојта судба в пазуви крие страсти,
страсти недоживеани,зборови неискажани,
мојта судба крие луѓе,
луѓе несретнати,лаги некажани.
Тенки нишки ги држат моите мисли,
таму некаде во сенката на иднината
еден човек јаремот мој го држи.
Он не е ништо што знам,
он е ко никој што го знам.
Он чека во сенката со рози еден куп
со слатки зборови и здив на љубов.
Он е несретнат...
Јас чезнеам по видикот под таа сенка,
таму се крие сиот мој мир,
во очите невидени ,во допирот непочувствуван.
Со ветерот слушам шепот,тивки зборови,
неговиот мирис,неговиот глас...
Јас него не го знам,ниту тој мене
Сеуште...
Судбо.............
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Во кругот

Нацртај ми полжав
сонце, со креда
на тротоарот на младоста.
Да отскокнеме поле, до две
Жива радост да не омекне.
На тивката вода
да и ја намирисаме моќта
додека светулките
се лепат
на платното на ноќта
Воздишки од смеа и меурчиња од пиво
Гледај
времето е живо.
Стариот простор за нова среќа
нацртај ми полжав
сонце, со креда.
Дожд нема да го измие.

Стои тоа во срцево.
Како игра која не сакам да престане.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Глас од Мидгард

Растргнат од виорот на херојската битка
мртов на бојно поле лежам.
Средната Земја е во пламен!
Лукавиот Лажливец кажаното го оствари.
Но наеднаш видов сенка на хоризонтот
гледам кон мене Один доаѓа.
Тој величествен воин со копје во рака
гордо јава на својот Слеипнир.
Срцето ми затрепери кога...
Исправисе воину,само глас слушнав
Последната битка тебе те чека.
За Рагнарок славен мора да си спремен.
Одбројувањето започна...
О, величествен Одине,Господару мој!
Прати ми Валкири прекрасни.
Во закрила да ме стават.
во Валхала да ме однесат.
Рани да ми излечат...
Конечната битка,еве ја,се ближи...
Храбро ќе се борам,нема да те изневерам.
За мојот Господар јас да умрам посакувам...
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Делириум

Ги затворам очиве,
ме понесува...

Ги чувствувам вибрациите,
ме збеснува...

Се препуштам на магијата,
ме возбудува...

Полетувам кон небото,
ме полудува...

Ме лазат морници,
дали сонувам...

Ми треперат рацеве,
дали потонувам...

Ме обзема топлината
дали експлодирам...

Ме тресе и студот,
дали фантазирам...

Ми ја исполнува душата,
дел по дел...

Мешавини во мене,
како егзотичен коктел.

 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Роденден

Судниот час ќе ми дојде, знам...

Ќе ме фати неподготвен,
ненатокмен, неиспеглан
незакрпен и недочистен,
неошишан, неизбричен,
ненамирисан и нек'носан,
Судниот час ќе ми дојде, знам...

Ќе ме фати недопеан, недопиен
недојаден и недоспан,
недогледан, недочитан,
недокажан и неразбран,
Судниот час ќе ми дојде, знам...

Но денес сеуште сум тука
и овде и сега и в миг,
и пак неподготвен,
ненатокмен, неиспеглан
незакрпен и недочистен,
неошишан, неизбричен,
ненамирисан и нек'носан,
недопеан, недопиен
недојаден и недоспан,
недогледан, недочитан,
недокажан и неразбран.

В мигот овој роденден,
кога велат дека јас имам,
честитки безрезервно примам,
оти во судниот час, кога ќе бидам јас
ке останам знам, неподготвен за Вас...

...ако може поклон во плик...
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Into the night.

Во позадина ретро,
две празни шишиња вотка
фрлени на земја,
насекаде разлетани соништа
како парчиња искршено огледало,
се трудам да ги соберам,
да станат едно,
и нешто што некогаш биле.


`Се потонало во длабок сон,
Навечер -
Сите спијат, само јас не.
Сите мируваат, само јас не
Денски –
Сите знаат, јас не.
Сите брзаат, јас тапкам в место
Сите се грижат премногу, јас воопшто.


Отворени прозорци,
Дува ветар од секаде,
Го чисти воздухот во собата,
Ми ја намовнува кожата,
Ми ги враќа сетилата во нормала,
Ме тера да се потсетам,
Ме тера да заспијам,
Ме тера да сонувам,
Па да се разбудам,
Ме тера да се грижам,
Ме тера да чувствувам,
Ме тера да размислувам.


Ми ги враќа сетилата во нормала,
Успева, затоа што
Сеуште знам да сакам,
Сеуште знам да се сеќавам,
Сеуште знам да сонувам,
Сеуште знам да се грижам,
Сеуште знам да чувствувам,
Сеуште се трудам да размислувам

.....

Се враќам назад како и секогаш,
но НИКОГАШ како НЕКОГАШ.




Morning, again...

Слаба пригушена светлина
Продира низ прозорците,
истуткано парче хартија
со расфрлани зборови,
во аголот на собата.

Залудно трошам мастило,
Не ми оди ...!

Се протегнувам под чаршавот,
Го ставам над главата.
Ги затворам очите,
Барам одмор за психата.

Залудно се трудам да побегнам,
ни чекор напред...!

Празен стомак,
Се трудам да го потиснам гладот,
Ми ја нагризува утробата,
Ми станува навика.

Залудно се трудам да ја искоренам,
Дел e oд мене.

На лице насмевка,
Полусвесна состојба,
Се трудам да заспијам,
Се трудам да сонувам.

Среќна сум вака, не од инает
Ами затоа што најдов слобода.
Заспивам.

Кретенштината не боли,
повеќе не убива.
http://fc06.deviantart.net/fs41/f/2009/034/a/8/Hello__good_morning_by_cloud_room.jpg
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Љубовен контраст (2010)

Се појави кога никоја во мојот живот не посакував
Ме насмеа кога солзи за претходната љубов оплакував
Ме освои кога несовладлива твдина пред мене изградив
Ме стопли во прегратка кога веќе за другите оладив.

Ме залечи со бакнеж кога лузни ме болеа
Ме спушташе на земја кога слики од минатото ме гореа
Разбуди мечти кои во мене никогаш не постоеја
Кои моето сиво секојдневие го боеја.

Ме топеше во моменти на студови бесконечни
Правеше моментите со тебе да ги посакувам за вечни.
Скриени страсти кога спиев ти во мене пробуди
А обичните ситници со тебе изгледаа луди.

Правеше да заспијам и кога очи не склопував
Да бидам мирен и кога во себе војував
Да плачам кога гледав солзи твои
А твоите среќни моменти да бидат и среќни мои.

Но на крајот...

Ме замрзна кога во твојата прегратка се стоплував
Ме порази кога љубовна победа прославував
Ме расплака кога насмевка за тебе извлекував
И исчезна кога ти беше се' што очекував.

 

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
свето лечилиште

Тука времето застанало
високите ѕидови наеднаш се живи
зборот се запрел на врвот на устата
Тука се нишани вистината
и човекот се раѓа уште еднаш

Во животот се влегува со молња
која блеснува врз главата со тресок
Од сите страни ја притиска мислата болна

Овде ќе останам до крајот
на годишното време
Овде ќе ги дочекам преселбите
на птиците и на несреќните народи
Каде што се родиле да не смеат да умрат.

Сакам да си го узнам на крајот своето
дека се лекувам со мерка
мајко моја по случај или по грешка
 

Blue Scarlet

Amazonka
Член од
21 март 2010
Мислења
45
Поени од реакции
6
“Endless games”

Ice cold drops crushing on my skin ….
Glacial spurt like lash releasing me of the sin…
Burning body longing for a touch …
Desire overflow so deceitful …
Never enough, never too much…
Battle of lust and clear mind state …
Like two soldiers brave and great …
Why do I feel so powerless in your hands?
Like a puppet following your demands ….
Standing in front of you …
Waiting to obey, like punishment or a prize…
Is in it all the same? …
Four walls surround me like a bird in a cage …
I was always yours …
The prime actress on your stage ….
Every night performance, a one men show ….
Waiting for the love of my life, like dyeing painful and slow …
One more night pass by in flames …
Time to rest the body, regain my strength ….
New performance is waiting like endless games...

--- надополнето ---

“Sunset”

I let my hair down again,
Small bite on the lips without any pain …
On the first ray of dusk, when the night steps in ….
My journey in your hands is about to begin …..
Sense of my body covered with desire, covered with lust …..
My soul in your hands, the only ones that I thrust ….
The touch of your fingers brought me back from the dead …
Ice cold coffin changed with warm, soft bed ….
Unchained passions hold back in years ….
Released the smile, brought back the tears ….
Pure emotions like divine colors, fireworks in the night…
Your arms around me gentle but holding me tight ….
Make me yours by my own demand…
Slave of your love, your wish is my command ….
I know how to carry the mark of the beast …
Proudly, Passionate, Profound ….
Till the sun appears on the east ….

--- надополнето ---

“Expectations”

Expectations, slaves of desire ….
Longing for pleasure, asking for more …
Human nature just a need to worship and adore …
Tasty meals of stars on silver plate …
Offered as a glass pearls, fake but seductive bait …
Blind as they can be …..
No miracles, no science can make them see …
Don’t reach out for the moon, do not ask for stars ….
Learn your own way to heaven by remembering your scars …
Is that easy as it can be …
Teach yourself the best you can and set your soul free ….
Yellow light surround my body like flame …
I’m what you are …. We are the same ….
My breath holds my power, holds my straight ….
Take it belongs to you, I gave it away …
The first time I kiss you, that very same day ….
A life through expectations ….
Nothing simple, just complications ….
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Глетки


Си имам кристал во очи,
менува боја секој миг.
Задоволен поглед
фаќа нова перцепција.
Дај ми од градов,
уметност, нови ќошиња.
Ракија, со Д и И.
Радост на улица и калдрма,
ноќ без сон и птици
разбуди се
со нова вештина.

Ако пораснам
колку градов
и бидам грда а потребна.
Ќе се решиш ли
да останеш на мојата улица?
Број не знај
не ти треба.
Обој го аголот
како призма од виножито.
Избери боја.
Од очиве.
Кристалот се менува...
 

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
лет во празно

Така решив овде да започне
толку сакав таму да трае
така ветив овде да знам
толку чекав таму да сум
Тој лет сиот живот
Сиот живот тој лет

Овде решив така да започне
таму сакав толку да трае
овде ветив така да знам
таму чекав толку да сум
Сиот живот тој лет
Тој лет сиот живот

Така решив толку сакав
овде да започне таму да трае
Тој лет сиот живот
Така ветив толку чекав
овде да знам таму да сум
Сиот живот тој лет
во празно
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Тротоар

На три бои сиво
една е најсива од сите.
згазната јагода (сезона и е)
Лето дошло, ние уште молчиме.
Во разделбите спијат
сите големи лаги
што ги кријат
во завеса од магли
(нашите зборови, мисли, обиди и крв)

Можеме да одиме
по сивилата
неразбрани и благи
како да не знаеме ништо.
Тротоар за кругови и агли.

Престани да нудиш љубов!
Кога нема кој да ја земе.
јагодата е само слика
за интерен ремет.

Ќе дојдат други бои
(останувам во сиво улично)
Животот боли
Но не ми е жал.
Се имам себе...
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
[FONT=&quot]Време[/FONT]​
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Измислена категорија според Ајнштајн.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Досада според мојот фејсбук статус.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Заебанција од стари коски, брчки и пеги.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Дожд во лето.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Снег во зима.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Нешто кое секогаш и недостига.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Нешто кое лошо го организирам.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Празнина.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Апсурд од потрошена батерија на ѕиден часовник.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Едно големо ништо.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Невреме.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Време.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Време.....[/FONT]

[FONT=&quot][/FONT]

[FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]

[FONT=&quot] [/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom