Ваша поезија!

Член од
14 септември 2007
Мислења
118
Поени од реакции
5
Лов на облаци


Утрово се рабудив со темни очила.
Го бојосав светот во темна нијанса.
Едноставно така сакав...
Чашата ја преполнив со чај
се прелеа, го натопи чаршавот.
Намерно останав во кревет
и ги гледав надвор жиците
растегнати од еден до друг
столб, како го сечат воздухот...
Небото не беше високо, а
облаците скоро ползеа
по земјата.
Си реков да излезам надвор
и да собирам облаци.
Добра идеја...
Ама не излегов...Се исплашив
од сопствената желба.
Го поставив појадокот
на дрвената, изгребана маса.
И го прескокнав...ми се слоши
од самата глетка.
Го отворив ширум прозорецот
за да вдишам од загадениот воздух.
Ладен бран ме помилува...
Неколку снегулки го најдоа
патот до мојата дланка...
Си помислив "Сега ќе ве снема,
ќе исчезнете и вие како
и се друго"...
Згрешив... Немав топлина
во дланките,
преживејаа снегулките...
Автомобилите оставаа
траги во ровкиот снег
децата правеа пеперутки
мајките ги собираа дома.
Го набљудував новиот ден
со затворени очи,
исполнета со празнотија
и наведната преку прозорецот
спремна да тргнам
во лов на облаци.

одлично едноставно прекрасно!!!

еве нешто што ми седи у ПЦ онака склопено



Талкам сам по дождливите улици,
а стрелките на часовникот проклети,како за инат не се помрднуваат.
Илјадници слики и мисли ми поминаа низ главата шетајќи,
а трогателните сентиши кои ми се причинуваа
ми навираа солзи во очите.
Искиснат продолжувам да талкам и те барам.
Бесен и избезумен почнувам да се губам,
се губам кога поминувам покрај нашите места,
а кога ќе помислам дека друг те милува...
паметот ме напушта за момент полудувам.
Тогаш чудо се случи...
те здогледав од далеку...
Очите ти беа насолзени,исто како и моите.
Чувствата...исто како моите.
Во моментот бев љубоморен на се.
На ветерот,што ти ја галеше косата,
на воздухот,кој се исполнуваше од твојата аура.
Те гледам и целиот се топам...не чувствувам ништо околу мене,
како да стојам на парче земја,а се под мене како да гори.
Погледите ни се вкрстија...
како искри да летаа кои се пробиваа низ невремето.
Kако да ме потопи лава од најлутиот вулкан,
кој нервозно вриеше над мојата глава.
Немаше време за зборови,само пријдов тихо како мачји шепот и те гушнав.
Како вечно да стоевме скаменети,а чувствував толкава среќа и топлина,
се беше прекрасно и вистинито.
И одеднаш се разбудив...се било само сон.
Се разбудив со солзи во очите
и болка во градите.
Ако не те сакам зошто боли вака?


еве....
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Во ноќта...

Ме опиваш, предизвикуваш, возбудуваш
Мои најинтимни тајни со допир соголуваш
А јас без отпор, со страст, ти се препуштам
Хранам и срце и тело со твоја љубов во ноќта.


На моменти се прашувам дали можеби сонувам
Или навистина во твоите сочни бакнежи потонувам
И дали си ти онаа, чија љубовна мрежа ме заплеткува
И прави да сонувам со очиве широко отворени во ноќта.


Ќе те имам ли вечно крај себе, би сакал да знам
Одоговор кој ќе го учам секој ден, додека постојам
Зашто она што го будиш и разоткриваш само ти во мене
Тешко дека некоја друга ќе го достигне, како тебе, во ноќта.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
моето мало

Времето тече
Животот вене
Кокошката се пече
Копаните на мене

Дождот се лее
Снегот се топи
ај ти кажими
како нема да се истопиш.

Комшиката чаршавите ги тресе
а бабми пее и леб месе

Ѓубрарското камјонче само што замина
и ги собера спомените од минатата вечер
останаа само бледи мисли студени ко глечер.

Ко малото мое никаде нема друго
поголемо од берлин а поголемо од југо
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Тајна

Ќе ти кажам една тајна.
Не е тајна, штом стане песна.
Денес пак се вљубив.
Во малите разговори,
очи што спијат во радост.

Си фатив од кругот среќа.
Сега е зима, ќе го стркалам удолу
да се претвори во огрооомна топка
Да правиме смешен Снешко
Со морков долу.
Место нос.

(Личам на лигава фотографија
што лежи во рамка и се обидува да се отараси
од отпечатоци
од прсти
што ја заробиле во прикаска.)

Не е тајна ако кажам
дека сум без капка инспирација
жеден поет за нови зборови.
Што ќе означат љубов,
плоштад со старата калдрма
час за пијачка што останува на јакната
и по улиците.
И уште време, уште уште...
За Живот.
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Ти си таму,
јас овде.
Ти по свој,
јаc по мој пат.
Ти го гледаш сонцето поинаку од мене.
Јас ги гледам ѕвездите поинаку од тебе.
Осудени сме на разминување,
недоразбирање.
И џабе стискам ентер,
кога ова не е песна.
Не ни наликува.
Не знам.
Само ми недостигаш.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.408
Поени од реакции
25.286
Хаику

Дали Дедо Мраз
ќе ми исполне желба?
Сонце во зима.

Баравме желби
Дедо Мраз бил зафатен,
а сакав здравје.
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
Заедно во зима

Тишина и белина,
звуци на шушкање заборавени
во небеското пространство.
Се редат прашања
како светилки во ноќта,
а одговори нема.

Премалку е топлината,
премногу студенило и белина.
Премалку се боите на виножитото,
на есенските лисја,
на сонцето.

Коските болат од студено,
образите пукаат од црвенило,
зима е...
Се гледаме, се топлиме
со погледи вперени во нас,
векови и светови не делат,
но сепак сме блику...
ти до мене, јас до тебе...
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Митолошкото

Еден за друг фатени под пазуви
Вртење на променливи кружници
Последниот е прв и првиот на крај
Играме незавршено оро до бескрај
Незавршено оро на перпетуум мобиле
Велат, со ова оро луѓе мечки плашеле
Самовили пееле, сирени играле
Ова е оро на некои суштества
Суштества кои никогаш не биле
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Ти си само.. прашинка во ветрот.
Се појавуваш и се губиш како ветрот.
Ми се допаѓа кога ми лета косата зад себе,
Те мрзев кога ми ја внесуваш таа прашина в лице
мали досадни парченца кои ми влегуваат во очи,
ме насолзуваат и ме тераат да кивам.
А беше ... повеќе од прашина... нешто као ... што уствари ти беше?!
Како и да е... прашинката не е вечна.
Воопшто не е ни трајна.
Се појавува за момент и се разредува у воздухот.
Но не, овојпат нема да вдишам.

Ти не знаеш дека сум алергична на прашина?!
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Мојот пат...мојот дом

Легнав со намера да заспијам.
Неуспешен обид.
Некој ми тропна на прозорецот.
Мрак. Нема никој...
Излегов на балконот и
ја помирисав месечината.
"Убаво изгледам, нели? Ама
недостижна сум за тебе" ми
рече и се насмеа цинично.
Го фрлив погледот на
влажниот асфалт.
Никаков траг, освен
отсјајот од уличните светла.
Ја свртев главата на страна.
Се е толку обично...
Тревата во мојот двор,
улицата на чиј крај се
наоѓа мојата куќа,
автопатот над кој виси
мојата тераса,
шумичката прошарана со
борови и буки,
реката која некогаш беше
полна со жаби, наместо риби
и уште една улица, испукана
по целата своја должина, која ги разделува
реката и блиската шума.
Тука е и фудбалското игралиште,
на кое само понекогаш
слетуваат хеликоптери.
Видикот ми го прекриваат
црвените згради, исцртани со
жолти прозори...
Ладен е ветерот во
мојот град...остар, груб...
Ах, колку обични нешта
ја сочинуваат мојата
необична идила.
Посебно кога ќе падне снег.
Како сега...незаменлива е глетката,
си спомнувам, се сеќавам...
Ме стресе ветрот,
ми застуде.
Повторно погледнав кон
месечината, која веќе заплови
зад ридот испречен пред мене.
"Можеби си недостижна и имаш свој пат",
си помислив.
Ама јас имам не еден,
не два, туку три и
повеќе патишта...
Оној на чиј крај се наоѓа
мојата куќа,
оној над кој виси
мојата тераса и
оној кој ги разделува
шумата и реката.
А сите тие патишта, водат до
мојот топол и полн со живот дом.
Имаш ли ти дом, месечино?
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Postmodern lullaby

Дете качено на месечина.
(нека не ви доаѓа на ум лого на филмска индустрија)
Бара ѕвезди, и ги вади
од театарската завеса небесна.
Галаксии, му се лулките
го пуштаат сам да се нишка.
Додека не стивне ноќта.

Сака да биде космички јавач
Принц што се дружи само со себе
рози тигри и слонови му се само боите во кои се плиснува
кога рипа во сон од ќебе во ќебе.

Небитно.


И порасна.
Ѕвездите не се симнуваат, сами паѓаат.
Розите се дестабилизирани мајки, тигрите се тирани - татковци, слоновите се љубовите незаборавни...
Детето е Маж сега.
Црна дупка на зрелоста.
 

marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Standing there on the platform, i slowly lift my hand.
The wind moves trough the air like a passage trough time.
I'm all alone there, me, the platform and the rain.
The man said that the train won't come until a couple
of hours, i must wait
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
дали можи да постираме преработка од некој веќе напишан труд т.е. лирикс ?
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Не те сакам.
Не ми требаш.

Не ме возбудуваш,
не внесуваш сладок немир под мојата кожа.

Не умееш да ми го стресеш светот,
не умееш искрено да ме насмееш.

Не го скокоткаш моето внимание,
не се појавуваш во моите чудни соништа.

Не ја носиш кошулата како што јас би сакала,
не ја чешлаш косата на онаа страна.

Не поседуваш шарм,
не си згоден.

Дури и рахитичен си.

Немаш секси глас,
немаш црни очи,
немаш груби црти.

А сепак...​
Јас само си се тешам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom