Ваша поезија!

O

Out Boy

Гостин
ЕДЕН УБАВ ПРОЛЕТЕН ДЕН
Ќе се разбудиш еден убав прoлетен ден
Сам, со педесетина лета на плеќите свои
И ќе посакаш со своите крилја
Да се вивнеш кон синото небо.
Ќе ги осетиш тогаш овенатите раце
И болки од ревма по колената стари
И ќе заплачеш силно оѕарен кон небо
И ќе посакаш миг од години млади.
Да поминеш пак крај оној што го сакаш,
Да собереш сила и храброст во себе
Да му речеш ``Те сакам од срце!
Сакам животот да го минам со тебе.``
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Ми подари ѕвезда
да блеска во мене
до наредната средба.

Тоа беше љубов.
И беше светлина,
цвет со златни листови.

Ми подари ѕвезда,
но сонцето беше побрзо.
Времето минуваше.

Светлината на ѕвездата
тивко згаснува,
пепел и мрак.

Подари ми уште една
да го осветли тунелот,
да го уништи мостот.
 

Oleander

Witch of Portobello
Член од
24 март 2009
Мислења
34
Поени од реакции
3
Смртта е само збор



Темнина гнаси полноќна жртва
Пискотници гадни на нема фаца
Сенката се граби за поглема беда
Јас лежам,сама на подот мртва

Одеднаш сатот почна да чука
Со колеблив потек стрелката се мрдна
Ноќта запеа тивка песна
За трулиот леш кој демнеше тука

Со часови така и ништо друго
Додека мртва солза не се срони
На модрите усни ко мастило темни
И на се околу неа што беше туѓо

Многумина се собраа во собата бела
Поетска смрт со среќа да слават
Свирепи усни се смееа гласно
Но нивната радост не беше цела

И темното сонце фрлаше огрев
Да ме повика, таму горе да летнам
Да се родам на исток, на запад да умрам
Мртва да се најдам на уште еден погреб

Слепи очи видоа згужвана хратија
На која еднаш јас во времето творев
Со бело мастило, и неколку солзи
Со отворено срце и црвени рози

Запамти еднаш кoга ке ме бараш мене
Тражи ги моите солзи под твоите чевли
Осушени на ронливата почва
Загубени длабоко под твојата годост

Мене вака двапати можеш да ме убиеш
Моите песни никогаш нема да се сторат тишина
Ке избршеш матило од хартиите
Никокогаш нема да га избришеш од срцата

РОБОТИ

Tи имаш празна душа
Твоето срце моли како тивок писок на ангел
Живееш во темните тунели на овој болен систем
Контролиран од твојата бесмртна матица

Роботи насекаде, мртва тишина
Човек без лице, без своја волја, без надеж
Толку е моќен прстенот на моќта
Без очи, бе уши, без усни

Боговите се мртви и јас сум уморна
Нема живот на овој свет
Пустина, темнина и чад од вашите души
Од невидливи чипови во вашиот ум

Се фативте во мрежата на реалноста
Толку слаби за да продолжите натаму
Ослепени од зраците на сонцето
Хипнотизирани од безвредни зборови

Удави си го чипот во нивната токсична вода
Престани да танцуваш во оваа илузија
Ти си уникатен експеримент на природата
Припаѓаш надвор од нивната темнина

ЦРН СНЕГ

Во белите одаи на јануари
Најдов мртов и пеколен спомен
Кој ги зароби моите слепи очи
Немилосрдно времто го закочи
Спијам без насмевка
Улиците без нивниот зимски покрив
Месечината дарува сон
Кој не е оформен без зимските солзи
И срцето болно силно бие
Нема белина што ке ги затрупа неговите таги
Што ке ги отстрани сите лаги
Од твоето безводно царство
Би ги дарила сите мои солзи
Пак да го видам белиот занес
Кој ги напиша сите мои желби
Моите ледени соништа
И нив би ги фрлила во јама
За да ја слушам тишината
На паднатиот снег
На топлиот лед
Дојдете земете бели боички
Обоете го светот во белина
Верувајте уште еднаш во моќта
На тишината на паднатиод снег
Кога во рајот невини ке стоите
Ке биде доцна
Затоа што зимата е поголема и од рајот
А снегот е поголем од вашето немо срце
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
:pipi:Огледало за нас:pipi:

Се гледам во огледалото, ликот ми е друг,
да, те гледам тебе.
Ха, си станал русокос, гледам,
а имаш и зелени очи, да.
Светот е розов, кога го гледам
низ твоите очи.

Ми велиш дека сум сурова,
не, не си сурова, велиш, малку си реална.
Залудно, пак истиот одраз
го имам во огледалото. Тебе.

Малку си личиме, знаеш.
Ха, си личиме, воопшто,
но низ огледалото ти пак ја имаш
мојата руса коса и зелените очи.

Ми личиш на девојче, знам.
Младолика сум и неодолива,
само за тебе.

Низ огледалото го гледаме
својот вистински одраз.
Ти ме гледаш мене, а јас тебе.
Убави сме, нели?
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Седам на џамо и те чекам
Чекам и ронам солзи по тебе
Чекам пак да се вратиш

Откога си отиде паднав у депресија
Нон стоп ме боли главата
Никак да ми тргне годината

о дедо мраз врати се!!!
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.318
*****Ameno******

Poжбата била тешка, напорна, болна и долга,
црната злобна појава никнала, створење,
плачот во уши бодел, заглушувал,
а погледот стрелал, на демонот потсеќал...

Во машко дете таа појава израснала, пркнала,
несреќата ја влешел по него, другарка му била,
лошото од ракав го сеел, како лижавче го поклонувал,
со плачот несекаде се хранел, душата во темно ја виткал...

Но ангелите морале неа да ја створат, од друга утроба да ја истргаат,
него да го заведе, на прав пат да до одведе,
по него секогаш да оди, да чисти темнина со небески бои,
но таа не баш успебала, некојa третa cила се замешала...

Стрели во љубов макнати летале насекаде, се мешале,
две срца во едно да станат се сакало, иако тешко одело,
тој црн катран, а таа бела цела била, комбинација невозможна,
законите на надприродното таа љубов ги кршела, а не смеела.

Поглед смртен во ангел погледнал, се зацапал, се растопил,
очиња бели затрепкале, ама демонот го загледале, се уплашиле,
љубов невозможна се родила, веднаш во окови се омотала,
контра на се одела, невозможното таа го прв пат го направила.....

Рака за рака заедно поцврсти биле, огнено копје не ги делело,
челичната аура секој удар го обивала, посилно го бозвраќала,
морало да се реши како таа љубов да се уништи, спепели,
но секоја одлука потонувала во вода, како роб на Бермудскиот триаголник....

Кога секој веќе рака кренал, кога веќе секој надеж изгубил,
кога границата на се се преминала, се прецапала, збришала,
таа љубов невозможна станала најмоќна, нескршлива,
се што на пат ќе застанело, се во себе си се изгубувало....

А годините летале, се наоколу пустошеле, пеплосувале,
тие се сакале, се обожавале, не се делеле, ни миг мал,
пополека надприродното ги напуштило, веќе не го користеле,
само светата песна што до ден денеска ce слуша,секој се наежува,
останала како доказ дека секоја љубов е возможна, секој може да засака....

:smir:
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
38
Поени од реакции
4
еве нешто, онака ми дојде.. :smir:

Кога снегот земјата ќе ја гали
направи ти по него чекори мали
можеби таму некаде ќе ги пронадеш моите траги
можеби ќе се сетиш на некои дамнешни лаги
некои зборови љубовта ја разнишаа
некои насмевки засекогаш се избришаа...
продолжи понатаму да чекориш ти
со крената глава покрај нашата клупа помини
нека ти навираат спомени
немој, не запирај ги
некогаш јас и ти
заедно прегрнати
го имавме сиот свет
а сега нашата љубов е само еден свенат цвет
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
само за ОмарСпирс

Т’га за Крушево

Магарешки копита
как да си метнех
и в’родно Крушево
да претекнех
да видам родна болница,
Мечкинкамен и Илинден да видам.

Да видам дали и водата
таму мириси како хлор ко вамо.
Да видам дали магарето таму
рика како магарето вамо.

Ако исто магарето рика
за далечен пат ке го прегнам
дур до струга ќе го фјаам
и 50денари за сендвич ке му даам.

Тамо у 5 саат сабајле пеит оџата
тамо у 6 саат чуки камбаната
Црн дрим погледниш ил езеро
исто срање иста убавина


Последната строфа е за струга оти он со магарто ојдел во струга
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.318
Разделба

Остави ме сам,со моите чувства ,
гледам во тебе,се молам
Господе дај ми сила,
пропаѓам,се губам..

Престани да ги слушаш другите,
не се се што имаш ти,
не разделија, во солзи не оставија,
зошто не престаниш,умирам.

Сам останав,ти замина,
секого го слушаше,не престана,
солзите се тие што останаа,
само споменот не умира...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Поема

И да е снег.
Немам инспирација деновиве.
Празен свод
сиви бисери натежнати
подочници.
Есенска сага
Собрана во тегла,
од меланхолија и тага.
Колекционер на емотивни пеперутки
кои умрени
служат како сенка за надочниците.

Мачно е
Кога од едноставноста паѓаш на колена.
Ладна визија, замаглена на прозорецот.
Со здив задржана.
До првиот зрак сонце.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
песна за Викторгг

Црна се пума зададе
над таа тема поезична
Црни се омар зададе
над таа уба тема...

Над темата се појави
Викторгг војвода
да ја протера
пумата црна
да го протера бате омар.

Народот песни
за него пишит
народот за него
свеки палит.

Ој ти Викторгг
ој ти витез наш
немој да се заебаваш
чак норис е херој наш.
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.318
САМ

Грабни ме и фрли ме,
долу во пеколот,темно е,
ако ме мислиш за наивен,
па и ако играш со мене...

И душа и срце ми предаде,
кога ти зборувам,разбери ме,
не тропај на врата,кај мене,
одамна ја затворив за тебе...

По мирисот те познавам,
одот ти го осеќам,те чувствувам,
сам пак ќе останам,се ќе заборавам,
на лошо ќе се навлечам....

Ќе шмркам,ќе се опијам,
во темнина ќе заминам,
на друга ќе се предадам,
пак ќе те надитрам....

Иако цело време негираш,
пат до мене нов одкриваш,
крила насилно забодуваш,
мориња да прелеташ....

Секогаш ќе ме посакуваш,
со принцеви ќе ме споредуваш,
бели коњи ќе сонуваш,
потна ќе се разбудуваш....

Во кошмар ќе ме наоѓаш,
од мене ќе се спасуваш,
ќе бегаш и бегаш,
пак во стапица ќе се наоѓаш...

Ноќта пак поминала,
повторно се будам сам,
само се прашувам,
дали се било вистина....
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Ода за дедо мраз

Снегот се вее
ветерот сече
дојди дедо мраз
и донеси ми мече.

Чекајќи те тебе
носот мразулци ми фати
а јас сеуште со братми
се карам шалот да ми го врати.

Плачејќи по тебе заспав
и го изгаснав оганот
и почнав да го сонувам
за нова година слоганот.

Прегни ги твојте елени
и ушко долгоушко
за тоа време на братми ке му сменам пелени.

Седам и минути одбројувам
војувајки за тебе на Кантер јас поени освојувам.
Твојот пријател дедо снешко (иначе мој колега)
поздрав ти прати и рече
дека решото ке ти го врати.

Во твоја чест
и глобално затоплување има
ова песна ја обожвам а има и рима.

Дедо мраз ју ар нот алоуне. ми анд дедо снешко вил олвејс тагувиме фор ју
 

пм=MGLpM

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.409
Поени од реакции
3.318
Mi rece trcaj kolku sto mozes,
i pomene pesista strasni toj prati,
so streli vo otrov obleani celi,
strelase sakajski zivot da mi zemi....

Se navednav i padnav,
vo provalija crna nenadejno letnav,
pagjav i pagjav i molev za proska,
a se nekoj glas NE i NE mi veli...

Se stolciv od padot, iskrsiv koski,
teloto tezi, a spasot me moli,
stani mi veli, prodolzi da se boris,
ne gubi nadez, vleci se i kori...

Se trzav od patekata trnilva cela,
tragata crvena po mene se vleci,
se pogolema stauva, se siri,
ama me sakam tuka sa izgubam sili...

Nednas treskok silen me udri,
kosata seda pocna pagja,
pocnav da placam, nemav sili,
a sto ke bidi neka bidi....

Ripanav i gledam se e isto,
sobata moja i zidovite beli,
pernicata pottna, vo voda se cedi,
a jas se dopiram i cudam,
vistina li bese ili pak NOKNI MORI....
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Лов на облаци


Утрово се рабудив со темни очила.
Го бојосав светот во темна нијанса.
Едноставно така сакав...
Чашата ја преполнив со чај
се прелеа, го натопи чаршавот.
Намерно останав во кревет
и ги гледав надвор жиците
растегнати од еден до друг
столб, како го сечат воздухот...
Небото не беше високо, а
облаците скоро ползеа
по земјата.
Си реков да излезам надвор
и да собирам облаци.
Добра идеја...
Ама не излегов...Се исплашив
од сопствената желба.
Го поставив појадокот
на дрвената, изгребана маса.
И го прескокнав...ми се слоши
од самата глетка.
Го отворив ширум прозорецот
за да вдишам од загадениот воздух.
Ладен бран ме помилува...
Неколку снегулки го најдоа
патот до мојата дланка...
Си помислив "Сега ќе ве снема,
ќе исчезнете и вие како
и се друго"...
Згрешив... Немав топлина
во дланките,
преживејаа снегулките...
Автомобилите оставаа
траги во ровкиот снег
децата правеа пеперутки
мајките ги собираа дома.
Го набљудував новиот ден
со затворени очи,
исполнета со празнотија
и наведната преку прозорецот
спремна да тргнам
во лов на облаци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom