Ваша поезија!

R

Razorblade Kiss

Гостин
Лепршави стапала
Изникнати зомби
калливи гробови
скршени черепи
боси нозе расечени од распарчени коски
коски под коските на расечените стапала
Крв... многу.

Рејзор, си за да продолжиш? :vozbud:
Абе нели имаше таква тема со идеја-Како се калемеа стиховите на кајганџии?
Aaanyway...challenge accepted :)

Значи:
Изникнати зомби
калливи гробови
скршени черепи
боси нозе расечени од распарчени коски
коски под коските на расечените стапала
Крв... многу.

Полна месечина
(ти расоблечена)
завивање на волците
врескање на девиците
Зомбите протестираат
за бруто гробиштата
Крв наместо вино
пијавици во мојата утроба
мршојадци во мојот кревет
грепчење на кожата
крвави мускули
Гордост, завист,секс
Крв...нема.
На чаршафот.
Под масата.
Со ронки леб.

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Игра

Неверни очи
над нејзиното рамо ме следат
патува облак лага
на него да спијам ме каниш.
Мислев дека си среќен со неа...
Си, сепак
Јас сум само твојата игра.
Сама сум крива.
Дозвола за мене имаш

како и секој коцкар со љубов.
Ме земаш во раце како коцка
Фрли!
Ништо не добиваш на крај, сепак.
 
K

kat.<3

Гостин
би дала се за да имам
само неколку секунди за да исчезнам
но продолжувам толку видлива како вчера

би дала се за да знам
дека подот е тука под моите нозе
но не, пак летам исто како вчера

и би дала, толку нешта би дала
само за овој свет да не се движи толку брзо
толку нешта би дала, за да те видам пак
за да останам уште еднаш во твојата насмевка

би дала се за да знам
дека го мислиш тоа кога ми велиш дека се е убаво
и тогаш, имам зошто да дишам[FONT=&quot].

[/FONT]
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Земја-Ваздух...(Земја?)

Need permition to land!

Теранот тера
во Сковинско Скопје
Тиквеш за да вриснеш
кога има т'га, нема т'га.

Парадоксот на Пијоген
и танталови маки
да дојдеш до третиот слог одназад
на гла-во-бо-ља-од-ви-на.
Кога има вина, нема вина.

Да, ОД!
перасперадастра.
Фејсбук сеуште значи постојам
а јас, некаде помеѓу
желбата за официјализирање
и себично подземие
летам.

...still needing the permition
to land.
Still needing the reason
to stand.

Наздравје.
 
K

kat.<3

Гостин
љубовта е патување со вода и со ѕвезди,
со нежен воздух и бури од песок
љубовта е борба на светлина
и две тела кои се едно.

за моето срце доволни се твоите гради,
за твојата слобода доволни се моите крилја
од мојата уста ќе стигне до небото
она што спие во твојата душа.

written for my Angel.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Birds,Birds
broken-boned and empty-handed,
you were half made of spinal (dis)cord.
body like a shadow and bird-like limbs;
your life is like a fire.
(as it fades out, bits of cinder break off and die away.)
your crooked shoulders can't hold your pretty bones
(that are hollow; you might be able to fly.)
but you're so beautiful in your frailty.
(beautiful things are broken, coo coo.)

I've seen you staring out the window
and lying on the grass with your heart to the sky;
looking as flocks of finches
twisted themselves into the air.
I've heard you countless times
singing palely under your breath
the same songs the tree-bound larks
crooned in the afternoon.

sometimes I think you'll fly away on me.
That someday, I'll be too plain for you
when you have such wings that can take you everywhere.
I'm scared you'll catch wind when your wings are spread
and flutter away like a cinder from my fire.

(I wonder if I should clip your wings.)

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Остани малку подолго во мојот живот, можеби не чека нешто спектакуларно.​
Можеби ќе бидеме новите Бони и Клајд,​
Можеби ќе сакам дa ти ја стискам раката додека седиме на кино.​
И ти ќе ми правиш појадок, јас тебе масажа на грбот...​
Ќе имаме осум деца, три ќерки и пет сина​
Ќе возиме голем автомобил, како во американските филмови..​
Би било одлично ако сакаш да бидеш во мојот живот​
Да ми кажеш дали е ова вистина или само визија,​
Те молам остани малку подолго, да прославиме успеси и порази заедно.​
Сега сме сите во различна приказна, имаме различни видувања,​
Но само едно немаме... Се немаме еден за друг како некогаш.​
Ти ми рече дека за мене ќе бидеш секогаш тука,​
А јас ти реков дека можеби јас за тебе нема,​
И не знам зошто тоа го реков..​
Затоа што и малку надеж што имав, ми ја зема.​
Дека ќе ми бидеш нешто ново и мое,​
Со мали радости создадено.​
Каде отиде тоа време? Се олади и најтоплата прегратка што ти ја нудев.​
Новото е ново се до овој миг, старото е веќе вечност, и само него го имам..​
Дали се сеќаваш на мене, се сеќаваш ли добро?​
Но дали и сега е тоа важно?​
Се сети кога беше сам...Само во самотија човек се сеќава​
И тоа беше краток спој со реалноста...​
Паметиш убави работи, ми кажа...но не повеќе...​
Сакам да те заборавам....​
Сакам да заврши сето ова...а знам дека не може тукутака .​
На никој од таму не му фалам, знам.​
Затоа што некои луѓе се едноставно –заменливи.​
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Магла повторно над градот се спушта
Магливо е и во моите мисли
Непознати лица на улицата ме довикуваат
Страв ме обзема од непознатото,несакам да гледам,неможам!
Помогни ми да гледам,помогни ми да ја откријам душата пред нив..
Испружи ја раката и фати ја мојата,по допирот знам,ќе те почуствувам!
Допирот,нежноста,линиите на раката..
Збунетост,иронија,гордост,тврдгоглавост
Кој пат да го одберам за да успеам понатаму?
Не е важно,ништо повеќе не е важно
Стравот ќе исчезне,ќе се одбере патот,непознатите лица ќе избледат..
Само патењето на левата по десната рака ќе остане..
 
С

Сатори

Гостин
Навистина постојат тие црвени дамки на мојот кревет,
цел еден свет заробен во боја,
круна над паното и некоја чудесна емоција моја,
потрошена енергија, прашање на чија или која?

Една мисла што ме бутка во фрустрација
за да изградам штит околу сите црвени,
созадени со умисла да бидат дел од канализација,
после нивната моќ се качуваш на новиот брод,
и пловиш,
до новата дамка,
зграда,
кула,
дом.

Навистина постојам
во тебе,
заедно со дамките.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Компјутер

Малечка машина
позната постана
за старо и младо
во мода остана

Пишува и зборува
без да се нервира
зависно од програмот
кој ќе му се сервира

Зависно од желбата
и шах ќе заигра
ако го замолите
нема да ве надигра

Со машини други
сака да се дружи
во секое време
помош ќе ви пружи



*од чичко Киро, кажана пред 15 години, сеуште ја паметам, па реков, нек влезе во архива за кога ќе добијам склероза да не се изгуби :)))
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
8 sleepless nights
Under my skin somehow
Into my eyes every day now

All the pretty little things
That melt me inside
Frozen statues are crying for freedom

But till this day the nights feel so cold!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ме прогонуваш
како градска џукела
се противам
а мирис испуштам
да следиш трага
а е лага.
Не се откажа ни најмалку.
Беснило пред лудило
ни едно ни друго не ти посакувам.
Јас тоа го поминав.
Чекаш да се назабам
дуел, двобој, вербализација
мртов сон зад нас
ужасна инспирација...
Качи се на моите крилја
носат само позади зградата
во која живееш
споменот ти ја пуштил брадата
и покрај тоа што осамено дивееш.
Не те знам, не те сакам повеќе
просто е и скршено
но, егото работи без престан
не се помири дека е завршено.
Ниски удари, глупак без мера
не сум ниедна за да те терам
да смениш патеки
за други жени
доцна е за тебе да смениш зенит.
Качен превисоко, сепак си низок
долна земја за моето сјаење
Одеби...
Нема никакво каење.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
П И С М О

Во раце треперливи
збрчкани од години долги
стуткано,пожолтено писмо
избришано мастило,букви замаглени.

Од капки солзи ли се
или дождот ги испрало
можеби сонце ги испржило
или време букви замаглило.

Долги години низ писмо проткаеани
живот,искишенија насобрани
тажен поглед,солзи исушени
треперат усни, писмо читат.

„Мила мајко,мили татко
долги години изминаа
туѓина клета невеста ми стана
студој, душа,срце ми закова.

Железни ококови ми стави
темни денови,сонце не изгрева
дали кај вас сонце грее
или темнина во срце ви царува.

Илина, тагува ли по мене
име дали ми спомнува
ме чека ли под оревот стар
везило за дар го навезе ли.

Класјата се нишаат ли на ветрот
златно жито го ожневте ли
во поток брз кошули дали испра
птиците пеат ли во летните ноќи.

Татко,нива дали насеа
коски стари го служат ли
помал брат нека му помага
тебе мајко, студена вода од бунар донесе.

Другари дали на собор одат
невести млади под око гледат
Стевче,се омажи ли за Мара
невеста во куќа прибра ли.

Длабока ноќ се спушти
свеќата скоро догорува
сега само месецот свети
по некоја ѕвезда трепери.

Повторно јас писмо ќе напишам
штом пари за мастило соберам
најубава бела хартија ќе купам
поздрав од туѓина ви испратам.

Каде и да сум,со кого и да сум
мила мајко,мили татко во срце ве чувам
парче света земја во душа јас носам
небо сино на него сонце изгреано.„

Изминаа години, писмо нестаса
дали хартија не купи или мастило пресуши
стара мајка болен татко лекува
син во туѓина вечно остана.

Даница Петровска „08„

М Л А Д О С Т

Никој нема очи како твои
црно гројзе не набрано
ниту усни мед медени
гради галеле*и бели.
Боси нозе по ливада росна чекорат
коса што на утро рано мириса
нежни раце,прсти што зрело јаболко берат
нежна бела кожа што на памук потсеќа
Допрена од бурен ветер
милувана од сонце на љубовта
искапена од брза река
желна за љубов,љубен чекаш.

Даница Петровска „09„


 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Кога го пиеше чајчето мајчето
со циметче миметче
беше многу кроток и мил. А сега
Куртенце муртенце, читаш поезија
моезија
од Блајнд.

И уживај во самоубиство
мамоубиство
и три четвртини крв...мрв.

Црв.

Ползеше молзеше во земјата ладна
и падна.

И додека Филип милип, се искапи денес
менес.
Ми дојде да вриснам..миснам. Црвот го згазија.
Мази ја.

Зошто е вака?
Мака.


19.01.2009
Посветено на Драги (Маги)
Секогаш твој
Миљоре
Со љубов:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom