Ваша поезија!

Член од
12 август 2008
Мислења
501
Поени од реакции
30
I did it all just for him
But that wasn't enough
I tried to leave that and make it a past...

I gave him an ode for his cruelty
And than pray for his mercy
But with my venomous kiss a turn him into dust.

Three little words and a question why?
Did you ever forget that i tried?
But now the fire in my eyes grew dim and died.

With the power of death over our souls
Secret words are said to start a war
And my hating for him still grows and grows...



 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Дај ми лажно име
да се довикуваме по улици.
Јас ќе те познавам по круговите чад од цигари
ти мене по моите несмасни чекори.
Мило ми е
што на плоштадното небо нема Месечина
знам кој ја украде
и ми ја донесе спакувана во бонбониера.
Ти купувам радост секој ден
бидермаер на чекањето... да го фрлам ли во вода?
Ниедна жена не е дотаму луда
да сонува живо, кога животот и е сон.
И ти...
Ти благодарам што ми свириш на нерви
барем можам да пеам
и со својот глас да те нарушам
покрај сите ритми искршени што ги имаш...
Да си дадеме лажни надежи.
Кога ќе се прегрнеме на улица...
Јас ќе те препознаам по насмевката што патува
а ти мене по стисокот кој не задржува...
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
The sun went down to fuck up my surface
She said bye and destroyed my heaven
Wish me away, and melt me slow
I was never really that lost.

The sun is up and I breathe again
She said hi and sent me down to hell
Now I’m high and I dream about life
I’m still standing on the porch…because I’m scared
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Додека надвор беснее бура
ја слушам крцкавата топлина
на дабовите дрва фрлени во огнот.
Читам стрип:
сенките пишуваат
по ѕидот.
Боже, надвор сеуште
беснее бура!

ОНИЕ ШТО ГИ ЗАСПИВААТ ДЕЦАТА

Не ги сакам
оние што ги заспиваат децата.
И штркови измислуваат,
огледала замаглуваат,
да не ги разбудат.
Не ги сакам
оние што пред вистина се вцрвуваат,
оние што ги заспиваат децата.
По ходникот темен само право:
не палат светла, врати не отвораат
децата да не ги разбудат.

РЕКВИЕМ
Пеперуга си,
уловена додека води љубов
со мирисот на тревите.
Се бориш.
Со глава во бедеми.
Полека умираш.
Гаснеш.
Се претопуваш
со дречилото на светлечките реклами.​
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Во ветер
се отиде натаму, по снегот, стапалките на огромните чизми твои
плискотот на мразулците кои капат од стреите
правејќи волшебни сфери по себе...
Студи, и ни студеше
не смеевме да застанеме
здив кој плаче и повикува
е најтешко искушение.
Во своите лаги најде и една вистина
но сосем случајно ми ја подметна!
Не знам кој си
и каде ме одведе
во ветер
да мирисам само сеќавање.
Ние не можеме да се задржиме, не.
И подобро ни е,
кога знаеш, утрото е попаметно од ноќта
и се можеме во мрак да премолчиме.
Те сонував како заминуваш
а знаев.
Толку е.
 
D

Daftie

Гостин
Искочив на улица
Изнервиран како секогаш
Со безбол палица во рака
Во душата со мака
За моите грижи никој не го интересира
Зашто да се замараат коа имаат живот копиран
Па да , имаат живот препариран
Само следи тоа шо другите прават
За свое мислење потреба нема
Купи го она другиот што го зема
Не се издржува веќе морам да излезам пак
Морам да убијам вечерва за да преживеам
„Душо вечерата е сервирана“
И пак , недостаток на крв...
*замавнува со емо шишката* :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Проколнатик
Ме колнат клети думи,
ме јадосуваат змијски пелин јазици
од срце црна крв ми истекува и низ вени ми протекува
без надеж и иљач, над распарталена црница кленкат
со глава ведната, гради голи и чело ниско наземи,
со оков на вратов, како пранга в душа,
Јадосан, проколнатик клетнувам
а ме клетат како рој од темни ангели и демони.

Корави и смуртени погледи на минати гибели ми велат
да станам, да испростутма и од жила и месо да откорнам
живо срце, јадосано, од гради да избијам
и со пискот каракамен да искршам.
Да фрлам синџир железен, синџир
од брат на брата подарен, како од мој побратим, обремен
ил’ на плеќи накладен да премрежам и гибелам како довека.

Се думам, а просолзувам над вејки веснички
и не ми даваат да се свијам
сал како Триглав бог, а со кол в срце,
kако нежив и нељубичив откорнатик
дур полека сам со пепел се посипувам
и црна земја мајка нарекувам
в неа душа оставам, душа ми прелестува, созерцува,
а со несмев умирам, клет Македонец и проколнатик.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Преминувам на хемија
Природата не ми помогна
Срцето веќе не е на моја страна
Ниту пак ова клето искуство
Зошто нема магија
Зошто нема волшебници
...ах колку понекогаш ми требаат

Не знаеш колку е сето ова појако од мене
А јас се сметам за силен човек
Се ќе преживеам, но една душа ќе ме отруе
Веќе и го изгубив детското радување на снегот

Запомни само една работа, ако ме уништиш мене ќе се уништиш и себе.
 

Morbid

грофица
Член од
6 јануари 2009
Мислења
109
Поени од реакции
12
Боја на крв,
мирис на заборавена шминка,
тивки светла,
пригушен аплауз,
милозвучни, а речиси без здив овации,
гротескна глума на две срца,
смрт на платното,
сцена на заборавот,
маска на Сварог
а над неа темница
од црниот облак...
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
No mas!
Згаденост од храна
Несоница
Грозоморни гримаси
Едноумие
100 цигари
10 кафиња
Лигавење над стари слики
Бедно чекање на телефонот
Избегнување на надворешниот свет

Душо колку те сакам:wub:
 
Член од
1 септември 2008
Мислења
768
Поени од реакции
18
Mrsnite konci na spomenite u6te se motat,
Dusata mi ja zamrsuvaat;
Mislite mi gi vrzuvaat,
a nemozam dva zbora da najdam.

Dva edinstveni sto ke znacat delo,
Dva edinstveni sto ke napravat pak da se poznavame.

Pustinski prsti go molat neboto za oaza.
I jas gi setiv tie prokeltnici
I gi nahraniv i voda im dadov,
Od raka mi jadea, od srce molea,
Na krajot grb zavrtea......
...a placev potoa.

Nitu del od mene ne ja dovrsi zadacata
Nitu jas nekade otidov
Nitu nekoj me znaese
Nitu nekoj znaev...

Ama sekogas za mene greeja...
...najsvetlite,najnevinite,najcistite...
...dvete mesta vo koi najmnogu sakav da se gubam,
da ne znam niz sto minuvam,a tie da me vodat.

I sega sto?
Dvete zvezdi sonuvaa za novi vidici,
novi zborovi i sonuvaa tugji sonista.
Jas...nikade.

Ednostavnosta tuka e mnogu slozena,
mozebi i zatoa izbegav od nea,
a sega ocajno kopneam...
...se vrtam kon poslednoto vreme,
na poslednata strana kade sto te ima tebe.

Prestanav da molcam i da zboruvam vo isto vreme...
...I poveke zborovi ne doagjaat...
...I poveke nema da te ima...
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Да можам со разумот да се искачам на најголемиот врв,
би го постигнал тоа...
Ќе го набљудувам просторот и со поглед ќе го барам изворот на сите мои убави случувања-радости, сеќавања, очекувања и слабости...
сватив дека тој извор што го барам е пред мене-Ти!
Без разлика на се што е меѓу нас засекогаш ќе ТЕ САКАМ...



*******


Љубовта те разболе но тоа брзо ќе помине и нема да остае никаква трага и брзо ќе биде заборавена, а пак спротивно кај мене ја сум постојано болен од љубов секогаш ме боли срце кога ќе помислам на тебе, таа болка не знам до кога ќе трае но јас никогаш нема да престанам да се трудам таа болка да замине а таа ќе замине кога ќе ја имам до мене личноста која од секоаш сум ја сакал а тоа си ти, можеби никогаш нема да замине таа болка ама ја никогаш баш никогаш нема да престанам да се обидувам да замине...



*******




 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Би сакала да имав крилја
да можев навечер да прелетам до најблиското тобако
да си купам чипс и благо
без да врзувам и мокрам патики,
туку да одврзам и ослободам крилја
да лутам како градски ангел,
кој наместо ореол
има ордеверче над главата
и на секоја починка
си каснува залче од своите мисли.
Мераклија на сите блаженства за празниците
хедонистички посегнувам по секое задоволство,
храна, сексуални играрии и вино
како во склад на моите сензори
им даваат правец на сите одлуки
како да се движам по креветот, горе долу или само наоколу...
О, дааа... Па не сум јас никакво небеско суштество
нити имам моќ да си ја намалам телесната тежина периодов
можам да скитам како кученце низ одаите на радоста
да душкам се што ми е вкусно
Гладна, гладна, но за што?
Сета храна не е секогаш потребна...
 

Morbid

грофица
Член од
6 јануари 2009
Мислења
109
Поени од реакции
12
Црна завеса
многу мравки
истрел на куршум
мирис на барут
мирис на безживотно тело
мирис на свеж леш
и пак многу мравки
црвени светулки
сиви површини
есенски лисја
црни чадори а под нив пак црни мравки.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Лепршави стапала
Изникнати зомби
калливи гробови
скршени черепи
боси нозе расечени од распарчени коски
коски под коските на расечените стапала
Крв... многу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom