Васко Ефтов vs. Вики Ралева, Големиот Брат и останатите "реални" шоуа и фејк личности

Статус
Затворена за нови мислења.

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Јебеш га, оваа е реалност, а треба бесење, ама не да се почне од лисјата и гранките, туку од коренот. :helou:

Ужасно се чуствувам. btw, ако некој мисли дека има разлика меѓу оној тапчоно Белов (со се Тамара) и фолкерашите србјански (србски), се лаже! Нема Македонска музичка сцена, туку има Србско-Македонска музичка сцена, каде претставници на лајнариите на Србите се Македонци.:kesa:
А Туна и Адријан Гаџа на која сцена спаѓат?

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Предавницииииии
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Бени е добар тип, ми се допаѓа, интелегентен, арогантен, рокер, не ми се допаѓаат неговите дела, но не значи дека тој самиот не ми се допаѓа. Бени се разликува од сељациве на големо. Еден од ретките кои јавно зборувале за сељачаната, меѓу останатите како Влатко Стефановски идр.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Ве читам претходно, на некој им симнувам капа за постовите, а за некој би помислил дека има 9 годинки и дека уште мама мweкце му топли.

Читам го осудувате Ефтов како постапувал толку дрско према неа а воопшто и со сите негови соговорници. Па луѓе, сами се согласиле на тоа интервју со него, сами знаат какви прашања ке им постави, прашања кои народот ги гледа, кои му носат пари, гледаност и популарност. Искрено му симнувам капа на Ефтов, покрај Борјан Јовановски, дефинитивно најдобри новинари во Македонија.

Она што сакаше Ефтов да го потенцира со ова интервју на Вики, татко и и Белов е дека македонската нација се обезличува со кич, турбо фолк, реални шоуа односно се она што ни доага од Северот а се почесто доага и од Бугарите, Турците па кај и да е очекувам А1 и Сител да ни понудат и бугарски и албански серии.

Зарем вие ова “дерење“ на народот не го гледате? Предизвикува отупување на народот, односно одалечување од она реалното. Ама Македонче во десет саат сака да гледа Голем брат, чичко, сестра и све понатаму и тоа фамилијарно па потоа Гумуш, Соледад, Миа мор и сл малограгански програми.

А на младината Вики и компанија ке им бидат идоли па уште и ке ги бранат како тоа е многу нормално? Што е нормално? Телевизиско проституирање со Срби, Хрвати, Босанци, Црногорци?

Не ве сваќам воопшто... :uvo:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Иди му ти на Ефтов дома на некоја веселба да видиш дали он не слуша турбо-фолк музика.
Не треба само да се глумат морални вредности. Треба и да се одбранат тие
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Секоја чест за Ефтов, на моменти имаше преостра реторика кон Александар и дотичнава Вики Ралева, но ја зборуваше вистината и дефинитивно се сложувам со него.
Најмногу се сложувам за ,,тупењето'' на нашиот народ со срањата кои произлегуваат од српска продукција, па погледнете во Филм и Тв, преплавени се темите со ,,Преживеан'', ,,Биг Брадер'' итн. Тешки времиња дојдоа.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Иди му ти на Ефтов дома на некоја веселба да видиш дали он не слуша турбо-фолк музика.
Не треба само да се глумат морални вредности. Треба и да се одбранат тие
А од каде знаеш ти дека слуша турбо фолк дома на веселба или па гледа Голем Брат со жена му по ШекерезаТ? :tapp:
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
А од каде знаеш ти дека слуша турбо фолк дома на веселба или па гледа Голем Брат со жена му по ШекерезаТ? :tapp:
А ти од каде знаеш дека не слуша? Глупо е да се нафрлиме на едната страна кога не можеме да бидеме потполно сигурни каква е другата.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
А ти од каде знаеш дека не слуша? Глупо е да се нафрлиме на едната страна кога не можеме да бидеме потполно сигурни каква е другата.
Се нафаќаш на ирелевантни детали. Не е важно дали слуша или не (верувам дека не) но она што го кажа како вовед во емисијата му држи вода.

Македонија е тероризирана со фејк шоуа и личности кои сакаат да бидат видени на телевизија, со серии во кои плачењето е кулминација на случувањето во истата, и со лош copy- paste на емисии од страна.

Зарем и ова не е така?
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Па и да слуша турбо-фолк што има лошо во тоа,не е тој единствен,а и сто пати поарно од некојси трансови и што ти ја знам.Него работата е пристапот кој го има кон гостите.На каков безобразен начин поставува прашања и сам ги одговара како што му одат во прилог.Настрана тоа што е пролив и не слуша,како некое жениште лошо.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Се нафаќаш на ирелевантни детали. Не е важно дали слуша или не (верувам дека не) но она што го кажа како вовед во емисијата му држи вода.

Македонија е тероризирана со фејк шоуа и личности кои сакаат да бидат видени на телевизија, со серии во кои плачењето е кулминација на случувањето во истата, и со лош copy- paste на емисии од страна.

Зарем и ова не е така?
И ти се нафати за истото, па ко ќе видиш и тој детал е ирелевантен.
И да, можеби е така. Ама подобро е сите да си ја нараниме овцата што ни е во дворот пред да речеме дека таа на комшијата биле неухранета.
А болдот само препрочитај го и ќе сватиш зошто сум и пртив Васко Ефтов.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
И ти се нафати за истото, па ко ќе видиш и тој детал е ирелевантен.
И да, можеби е така. Ама подобро е сите да си ја нараниме овцата што ни е во дворот пред да речеме дека таа на комшијата биле неухранета.
А болдот само препрочитај го и ќе сватиш зошто сум и пртив Васко Ефтов.
Друже јас само го непоменав турбо фолкот кој го потенцираше Ефтов, ти го осуди тоа.

Факт е дека сме зависни од Северот како со нивната музика така и со филмови, серии, емисии, заедничи шоуа и што уште не... А сите сме против тоа, но сите ги гледаат. Но ние сме криви за тоа. Не им гласај, не им ги гледај па ќе видиш дали ке гледаме наредната година Голем Брат.

Ефтов е приказна сама по себе, а мене ми е искрено симпатична. Ниеден друг новинар нема balls да води таква дискусија со политичар, јавна личност, академик, релевантни личности и сл... Никој во оваа држава ги нема тие кохонес да им поставува прашања на оние на кои повекето им се клањаат без влакна на јазикот. Тоа што тој е дрзок, што им поставува такви прашања, самите соговорници се свесни за тоа какви прашања ке им постави Ефтов. Сите тие сигурно го гледале претходно и знаат што ги чека. Не треба да се обвинува Ефтов, како што кажав, тој е таму за гледаност, популарност и нормално пари.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Мирка Велиновска е иста како Ефтов. Без влакна на јазик и пред естраден уметник и пред политичар.
А филмот што го тера Ефтов е океј само доколку соговорниците имаат можност да си дозавршат започната мисла.
Реков поназад, кога се плеска во фаца треба да се знае како, поточно да се плесне онака за да соговорникот не може да ти врати.
А Вики, Тамара и Александар имаа што да кажат, само немаа шанса да го кажат.
 
U

UniqueGirl

Гостин

Вака?

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=36&articleId=85

Мислам дека си безобразен и... :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom