Значи....
Браќата Амери и братучедите Руси, поучени од соседите Кинези, а во средината на минатиот век, решиле малку да се ``заебаваат`` со човековиот мозок. Во тој контекст почнале да вршат експерименти (главно врз затвореници или врз други подобни слоеви за таа ``намена``...).
Еден од експериментите бил и тоа да СЕ ЗАТВОРИ ГРУПА ЛУЃЕ во една просторија па со вештачки стимулирани емоции и чувства (глад, жед , исцрпеност, неконтролиран сексуален нагон предизвикан со помош на хемиско-психотропни супстанци, пропагирано насилство....) требало да видат коко тие заморчиња ќе реагираат.....за подоцна тоа знаење да го искористат во разни цели, од испрашување на шпиуни до ....
НЕШТО МНОГУ МИ Е ПОЗНАТО ОВА ВО ДЕНЕШНИТЕ РЕАЛНИ ШОУА......
Е сега, во времето кога главна преокупација на една нација е Шехерезада и тоа внимавај со македонски ``симултан ``превод,
кога сите што ја гледаат немаат врска од персиската усна но и пишана култура (тоа за нив е ``scientific work`` од трета димензија, а за волја на вистината и името на серијата е несреќно избрано и вулгаризирано во најсуров облик....
Што да се понуди на таа нација за да ужива и да се чувствува индивидуата супериорна vs стадото?
Нормално лупни ``реално шоу`` и тоа во ударен термин па нека се ``палат`` извитоперените манијачки умови на непросветлените кутри мали трагачи по досади, а како гратис за да го дотепаш идиотот, додади телефонско бројче (со солидна тарифа за вртење) за својот идол. Би рекол тука идиотот не гласа за идол но за ИДИОТ и ништо повеќе....
Е сега Ефтов ни е крив! (лично и никогаш не сум го почитувал токму поради неговата невкусна дрскост која се гранич со немање основно воспитување т.е. научи се да го дослушуваш соговорникот , лекција од второ реформирано образование....)
Но за конкретната емисија Му симнувам капа на Ефтов, алал да му е, така и треба да се комуницира со тие доброволни заморчиња за бедни две минути на тв, за тие разгорувачи на феноменот на кичот и суб - културата, алал да му е, тие не ни треба да се дослушаат, не ни треба да се дослушаат...
А башка и гордиот ТАТКО.... на Вики, Рики, Сики, и замисли ќерките ги праќа ама сопругата не би ја пратил во такво ``шоу`` .... АЛОООО ДО КАДЕ , ДО КАДЕ?
А сиротата Вики. интелектуалец иден академски граѓанин, можеби лекар, можеби инженер или пак професор кој треба децата да ги воспитува како да се однесуваат како да прават нешто добро, како да избегаат од канџите на неморалот и ниските (анимални ) страсти на ПАРЕЊЕ, не на водење љубов, бидејќи љубов се води во интимна атмосфера, а ПАРЕЊЕТО се врши на сред поле (да не речан фарма пред очите на ``големиот идиот``)