Како што гласи насловот тука ќе ги изнесам сите информации и факти што можев да ги ископам од нет за принцот од Велачија или уште познат како Дракула,кој како што можев да забeлежам е веќе спомнат во друга тема но делумно,што значи дека никаде нема детален опис за неговиот живот и за тоа што се случувало после неговата смрт.
So take your sits and let the horrors begin...
Благодарејќи на Брам Стокер и неговото најпознато дело "Дракула", главниот лик во истоимениот хорор роман прераснал во еден од најпознатите вонвременски чудовишта во литературата, и воедно еден од првите примери за "класичен вампир"- елегантен, меланхоличен и со жед за човечка крв.
Но, и покрај сите невини жени кои биле заведени од Дракула, овој литературен "јунак" не може да се спореди со неговиот реален истоименик и инспирација за неговото постоење: Влад III, или Влад Дракула, принцот од Велачија , односно денешна Романија. Прочитајте зашто:
1. Дракула го намакувал својот леб во корпи со крв
Вистинскиот Дракула можеби не ја пиел крвта од вратот на своите жртви, но сепак ја консумирал нивната крв на поинаков начин: намакувајќи го својот леб во крвта на оние кои ги убил.
Во ракопис од 15-от век "Приказна за крвожедниот лудак наречен Дракула од Велачија", пишува како Влад Дракула поканувал неколку гости во својот замок, ги гоштавал, а потоа ги набивал на колци веднаш до трпезата. Додека телата виселе на колецот, тој лежерно ја завршувал својата вечера, јадејќи ја нивната крв.
2. Дракула го одмаздил својот татко убивајќи стотици
Тој не само што ги убивал, туку и наредил сите да бидат ужасно полека убиени забодувајќи ги на тап колец. Влад Дракула поголемиот дел од неговиот ран живот го поминал во затвор во Турција, а кога бил ослободен открил дека неговиот татко бил предаден од неговите луѓе и закопан жив од страна на унгарската војска.
Тој знаел дека многу од благородниците кои му служеле на неговиот татко биле вмешани во неговата смрт. Но, бидејќи не знаел точно кои благородници биле вистинските виновници за падот на неговиот татко, Влад Дракула ги поканил сите,околу 500 благородници, на гозба во неговиот замок. Откако гозбата завршила, војниците на Влад Дракула влетале во собата и секој благородник бил набиен на колец.
3."Дракула" значи "Син на Змеј"
Името Дракула не е нешто што Брам Стокер го измислил за неговата книга, Влад III, всушност, претпочитал да биде нарекуван така. Неговиот татко, Влад II, бил член на тајното друштво познато како "Ред на Змејот". Тој бил толку горд што бил член што го инспирирало да се преименува во "Дракул", романски за "Змеј".
Влад III, исто така, се вклучил во Редот како дете, што предизвикало да го смени своето име во Дракула, или "Син на змеј". Иако сега тоа значи нешто поблиску до "Синот на ѓаволот". Во секој случај, тоа било прилично застрашувачко име во тоа време, особено бидејќи човекот имал репутација на убивање на сите кои ги запознавал.
4. Дракула "имал" смисла за хумор
Според многу извори од тоа време, Влад Дракула уживал во набивањето на колец, дерењето и варењето живи луѓе. Всушност, тој одел толку далеку што правел морбидни шеги за своите жртви додека ги увивал.
Кога некој посетител дошол во неговиот замок и наишол на соба исполнета со гнили трупови, Влад прашал дали миризбата му пречела. Кога човекот одговорил да,Влад Дракула го набил на колец каде "миризбата не била толку лоша".
5. Набивањето на колец била единствена казна
Без разлика дали некој украл нешто или извршил убиство, казната била за сите иста- набивање на колец.
6. Се "ослободил" од болните и сиромашните - горејќи ги живи
Во обид да ги исчисти улиците на градот Трговиште (главниот град на Влашка), Дракула ги поканил сите болни, скитници и питачи во еден од неговите замоци, под изговор дека се поканети на гозба (знаете каде оди ова). По гозбата, Дракула учтиво се извинил и го напуштил замокот. По неговото заминување наредил замокот да биде запален додека сите негови "гости" биле се уште внатре.
7.Дракула убил околу 100.000 луѓе
Историчарите сметаат дека Дракула убил од 40.000 до 100.000 луѓе за време на неговото брутално владеење. Влад Дракула бил опкружен со смрт и буквално се хранел од неа. Тој неговото задоволство го добивал на овој грозоморен начин.
8. Телото на Дракула исчезнало
Дракула починал на бојното поле во борба против инвазијата на Турците. Неговата војска била помалку бројна од турската, па повеќето од неговите војници застанале на страната на Турците. Влад Дракула бил обезглавен,веројатно од сопствените војници и главата била испратена на турскиот султан, кој ја набил главата на Влад Дракула на копје пред неговата палата.
Според пишувањата телото на Влад Дракула било закопано во гробиштата во манастирот Сангов, надвор од Букурешт. Но постојат други збунувачки пишувања: некои тврделе дека неговото тело воопшто не било погребано во манастирот, други тврделе дека е можно остатоци да биле пронајдени, но потоа да исчезнале.
Најверојатно е тоа дека неговото тело било украдено, бидејќи како член на кралското семејство, тој бил погребан со огромно богатство, што го правел неговиот гроб добра цел за ограбувачите на гробови. Секако постои и друга теорија за причината зашто неговото тело никогаш не било пронајдено: бидејќи тој бил ДРАКУЛА.
Во прилог и документарецот за Влад Тепеш