Вампири, Гроф Дракула, Носферату...

Што за вас претставува Дракула

  • Историска личност (преувеличена од легендите и митовите)

    Гласови: 37 86,0%
  • Милениумски талкач кој се храни со крвта на своите жртви

    Гласови: 6 14,0%

  • Вкупно гласачи
    43

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Каков вампир бре луѓе, бил обичен човек само бил многу лош, суров и луѓето свашта си смислувале, секакви приказни. Вампири не постојат, приказни за мали деца.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Вампири во Македонија?

Не ја најдов темава никаде така да решив да ја отворам, ако веќе ја има а сум ја пропуштил слободно нека се избрише.:)

Вака сега сум слушал "приказни" дека во Македонија и ден денес некој луѓе зборат де имало вампири де крв цицале не знам уште што....

Дали верувате во Вампири и дали сте слушнале некој случки со Вампири овде во Македонија?
Текстов го најдов и го извадив од еден друг форум пошто имам проблем со нетот и неможам да срчам по гугл.

Словенски вампири
Кај словените предзнак дека некој ке биде вампир биле- бебето да се роди со заби или со опавче или да е зачнато на посебен датум, кога некој ке починел ако над ковчегот летала птица или животно ако скокне во неговиот гроб се верувало дека починатиот ке се повампири. Како превентивна мерка се применувало бодење на трупот со колци, или полнење на сандукот со пилевина, ставање на крст во сандукот.

Романски вампири
Овие вампири се наречени Стригои.
Живите стригои се вештерки со 2 срца и две глави. Имаат способност да ги праќаат своите души во ноќта да цицаат крв со други мртви стригои, кои се оживеани трупови.
Во Романија индикациите дека ке станеш вампир биле ако си роден со вишок брадавица, ако си влакнесто бебе, ако си седмо бебе во семејството, ако си роден пред време, ако си вонбрачно дете, ако мајка ти не јадела сол додека била бремена, или ако црна мачка и го пресекла патот додека била бремена.
Повеќе за вампирите наскоро....

Грчки вампири
Во Грција верувале вака--- после три години од закопот се откопувало телото и ако телото било сосем распаднато се земале коските од починатиот се собирале во кутија и се полевале со вино. но ако телото не било распаднато по три години се сметало дека тоа е вампир т.е мртвиот дека е веке повампирен

Српски вампири
Во Србија се верувало дека вампирите се видливи само за брат и сестра близнаци кои се родени во сабота, и кои ги носат нивните алишта наопаку. можеле да ги видат вампирите навечер, ако вампирот бил забележан од брат и сестра близнаци морал да избега

Ритуалот пиење крв, и преку тоа одржување на младоста и добивање на бесмртност се практикувал и од Ацтеките и од Домородните Американци кои ја ги јаделе срцата пиеле крвта од срцата на заробениците за време на нините ритуални церемонии.
Дури и денес некои христијански свештеници веруваат дека виното и лебот кое го служат при причест преку магична транссубстанција се претвора во крвта и телото на Исус Христос, и јадејки и пиејки од нив му се придружуваат на Исус во вечен живот.

Романецот Влад Тепеш бил суров валдетел.
Една Неговите грозни методи за мачење биле да ги набива луѓето кои ги сметал за непријатели на колец, колецот намерно не го правел со остар врв за жртвата да не умре веднаш од шок, туку да се мачи подолго. Колецот прво бил ставан во ректумот на жртвата и бил туркан низ телото се додека не излезе од устата на жртвата. Сите жртви на Тепеш биле ставани да гнијат пред градските порти, кога војската на Мухамед Втори сакала да го освои градот Тирговист во Романија, кога го видел овој призор на илјадници трупови што скапуваат набиени на колци се вратил во Константинопол и за да не се посрамоти пред надредените измислил верзија дека Тепеш бил вампир кој пие крв ...



Уште од XIII/XIV век далеку пред да се појави прославениот Дракула во Романија, според записите и Хрониките во Македонија се спомнуваат вампири и борбата против нив.

За нив се вели дека тоа се “оние што се вратиле”, “черни воскресеници”, “бегалци од смртта” и сл. поимања. Тогашни старомакедонски поимања низ некои текстови кои се поврзуваат со зборот вампир е поимот – упир, а има дури и имиња на поединци како – Упирлиј и сл.

Еден таков запис е од 1305 год. (по старо – 6813 год.) запишана од некој Борчило Граматик говори за појави на убиства и повампирувања и одбрани на народот од овие вампири преку посебни ритуални верувања.

Овој запис е најдобро обработен кај нашиот Славко Јаневски во епохалното дело “Кукулино”, во делот насловен како “Легионите на Св. Адофонис”. Иако авторот го искористил записот за градење на понатамошни нови случувања на неговите јунаци, всушност тој е првиот кој го обработил најдобро.

Сепак времето на оваа прва појава од вампири во македонското наративно и пишано предание, треба да се поврзе и со тешкото и гладно време, време на болести и наезди на секакви глутници. По селата и домовите уште и наезди стаори разорувале се до што ќе дојделе, а спас немало. Според Хрониките мажи, жени и деца умирале до коски оглодувани од легионите на стаори
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Не верувам дека има вампири. Ако има вампири тогаш јас сум Ван Хелсинг :pishtoldz
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Im a bloodsucker .. I want your blood muhahahaha :coffee:

Имаше еднаш нешто кај нас во Штип ,пред едно 8-9 години на ТВ , даваа за една гиганска фамилија , која тврдеше дека бабата им се повампирила и дека секоја ноќ и се шета низ дворот . Што е интересно секоја ноќ го тепала кучеѕо , а ова цивкало и лаело ..Еден циго дури тврдеше дека ја видол во дворот и ја слушнал како му се смее ..

И од таа репотажа , ја снема бабата - вампир , можда е срамежлива пред камери ..
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Имало ,има вампири и ќе има ..

Ама не такви вампири кој цицаат крв и се претвараат во лилјаци , туку обични луѓе со способно да одземаат животна енергија -Чакра . Пиењето крв, колците , среброто и таквите се малограѓански глупости .. Според мене :)
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Јас можеби имам дилема по повод ова прашање. Ама баба ми немаше. Ми имаше раскажувано за некоја жена од нејзиното село која имала мака од мртвиот сопруг кој и се појавувал секоја вечер и ја плашел. На крајот применила некоја си тактика (најверојатно под сугестија на некоја бајачка) и мртовецот повеќе не и се појавувал.
За нас вампирите се мит , за баба ми беа само вампири.


ПС: Сакавте приказна ,де.
 

KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
Јас можеби имам дилема по повод ова прашање. Ама баба ми немаше. Ми имаше раскажувано за некоја жена од нејзиното село која имала мака од мртвиот сопруг кој и се појавувал секоја вечер и ја плашел. На крајот применила некоја си тактика (најверојатно под сугестија на некоја бајачка) и мртовецот повеќе не и се појавувал.
За нас вампирите се мит , за баба ми беа само вампири.


ПС: Сакавте приказна ,де.
де малко по опширно ...:smir:
баш сакам да читам вакви работи
:kesa:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Сум слушнал дека во едно од Струмичките села (не знам точно кое беше) умрел некој човек и по 9-те дена почнал да шета по дворот во неговата куќа и да ги убива кокошките а ја вознемирувал и својата жена(ја довикувал од дворот да му извади месо да јаде и такви работи...)... Кога им текнало на неговата жена и селаните што може да биде работата отишле точно во 12:00 на полноќ, го отвориле ковчегот а тој сеуште бил "свеж"(бил исти како жив човек) а од устата имало потечено крв. Го попрскале со света вода и му забиле колец во градите, а над крстот на главата оставиле да виси лук. Ако добро се секавам така беше "приказната", ама ова многу одамна ми го имаат кажувано а и многу одамна се има случено (ако е точно) пред 15-20 години...:toe::pos2:

Сакаме приказни епа еве и кажувајте уште......:):):)
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Дајте бе вампири во македонија, не ми се верува во ова пошо не постојат вампири ..

Прикаски за мали дечиња..
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Шмекерот ме фасцинира, како ја не сум налетала на тип ко него? :toe: :nesum:
он топик: и ја коа ќе станам после дооолга ноќ изгледам ко вампирка/вештерка..ама на сите ни се дешава.
инаку многу филмови гледате..што е следно телетестиси по улица?
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Abe ima vampiri ama tie ne cicaat krv tuku imaat sekerna bolest i imaat iskriveni zabi. Mu teknalo na nekoj vo Hollywood i napravil film pa sega gi znaeme kako onie sto se po filmovite.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Abe ima vampiri ama tie ne cicaat krv tuku imaat sekerna bolest i imaat iskriveni zabi. Mu teknalo na nekoj vo Hollywood i napravil film pa sega gi znaeme kako onie sto se po filmovite.
А цело време требало да ги знаеме како тешки дијабетичари.

Поука: Носете си инсулин и мака ќе си немате.

Проклет да е Холивуд, проклет :nerv:
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Сум слушнал дека во едно од Струмичките села (не знам точно кое беше) умрел некој човек и по 9-те дена почнал да шета по дворот во неговата куќа и да ги убива кокошките а ја вознемирувал и својата жена(ја довикувал од дворот да му извади месо да јаде и такви работи...)... Кога им текнало на неговата жена и селаните што може да биде работата отишле точно во 12:00 на полноќ, го отвориле ковчегот а тој сеуште бил "свеж"(бил исти како жив човек) а од устата имало потечено крв. Го попрскале со света вода и му забиле колец во градите, а над крстот на главата оставиле да виси лук. Ако добро се секавам така беше "приказната", ама ова многу одамна ми го имаат кажувано а и многу одамна се има случено (ако е точно) пред 15-20 години...:toe::pos2:

Сакаме приказни епа еве и кажувајте уште......:):):)
Е да бе... Вампиро ќе се откопа, ќе излезе, ќе плаше жеента, па пак ќе се врате, закопа, и затворе у ковчего. :) Нема смисла.
Jас имам слушнато нешто за во Колешино (струмичко село) имало на времето ного сатанисти, изведувале нешто навечер, па мош некој е бил "вампир" од тие.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
А цело време требало да ги знаеме како тешки дијабетичари.

Поука: Носете си инсулин и мака ќе си немате.

Проклет да е Холивуд, проклет :nerv:
Pa ke mu stavis insulin i resen problem nema da te cica. A Hollywood go true svetot so gluposti i saka da ja pretstavi USA za najgolema sila vo svetot sto e apsurd ama da ne zabeguvam od temata.

Е да бе... Вампиро ќе се откопа, ќе излезе, ќе плаше жеента, па пак ќе се врате, закопа, и затворе у ковчего. :) Нема смисла.
Jас имам слушнато нешто за во Колешино (струмичко село) имало на времето ного сатанисти, изведувале нешто навечер, па мош некој е бил "вампир" од тие.
Da i jas go imam slusnato toa ama satanistite se samo ludaci nisto poveke.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.291
Е да бе... Вампиро ќе се откопа, ќе излезе, ќе плаше жеента, па пак ќе се врате, закопа, и затворе у ковчего. :) Нема смисла.
Jас имам слушнато нешто за во Колешино (струмичко село) имало на времето ного сатанисти, изведувале нешто навечер, па мош некој е бил "вампир" од тие.
најверојатно бил вампир, ако не и лично гроф Дракула.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom