Би ве замолил да дадете информација колку пати месечно/неделно/дневно ги користите автопатиштата за да направам некаква груба статистика.
Лично јас ги користам 2-3 пати неделно (значи десетина пати месечно), а се сметам за некој што умерено патува.
Остај не се мачи со статистики , со голо око се гледа.
Оваа лето се возев Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево-Охрид.
Неверојатна колона , како низ Скопските булеварди, на патарините сите кабини отворени колона од 100 метра , накај Стража полно народ , автомобили од различни држави , автобуси од балканските држави со туристи ... некој за одмор на Охридско езеро , други за Албанија , трети се враќаа дома од Западните земји.
Ајде ете , сепак не се доволно овие автомобили и оваа движење , немало рачун за изградба на автопат.
Но неизградењето автопат има последици кон бизнисот и нашата економија.
Имаме забрана за товарни возила да се движат летно време (заради гужвата , да не се направи застој од Кичево натаму) ... како и забрана за товарни возила во зима заради снегот.
Што држава ќе бевме ? А тој пат е единствен кој води кон Албанија , а во Албанија неколку пристаништа кои можеме да ги употребиме за неше добро.
Исто и кон Крива Паланка и Струмица , тешки делници , слушам сеуште калдрма имало негде.
И кои локални и регионални патишта се изградени , јас не знам , одамна немам видено тазе асвалт негде.
Ве молам најдете ми еден регионален пат кој е сосем нов изграден , во нов терен , скратување на пат ...
Се тоа се КРПЕНИ патишта , нема ништо ново.
Кои локални и регионални патишта се реконструирани ? Јас не знам.
Наредните 4 години е предвидено(=
ќе) РЕКОНСТРУКЦИЈА на едно 100 локални патишта (селски) ... во вредност од
20-24 милиони евра.
Значи за патишта се издвојуваат по 6 милиони евра годишно ... верувам е еднакво на парите што се одвојуваат за реклами.
Сеуште ли не ви е јасно ?
Абе пари немаме ние , не е работата до тоа дека градиме патишта кои се од приоритет. Не се градат ни автопатишта ни регионални ни селски.
Знаеш кога сме барале пари од нашите родители :
1. Абе сине што ќе ти е да одиш на базен , седи дома гледај телевизија.
И друг родител кој вели :
2. Знам бе сине , пливањето е добро , за здраво тело , добро развивање , дружење ... но немаме пари ние.
Ние сме тие првите , немаме пари а не лажат дека автопатиштата не ни требаат , за жал има некои сеуште веруваат дека гледањето телевизија е подобро од пливањето.
Еве имате и слики на првата страна видете кај сме.
Овој пат на пример, личи како кожата на елефантот или пак на некоја 110 годишна баба