Важни се автопатите, но поважни се локалните патишта

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување

Xibalba

Господин Господин
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.098
Поени од реакции
11.508
Локација
Sydney
Груевски:важни се автопатите,но поважни се локалните патишта

Премиерот не негира дека владата не изградила автопати и железница кон соседите.Додека бизнисмените цело време ја бараат оваа инфраструктира,од која зависи и економскиот развој на земјата,премиерот Груевски објаснува зошто власта се концентрирала на локалните патишта.

,,Знаете,на автопат на секој човек му се случува во годината да отиде еднаш,двапати,пет,еве и десет пати,освен оние на кои работата им е поврзана со патување.Но,99% од луѓето патуваат по автопат неколку пати во годината.Меѓутоа,на оние локални и регионални патишта,во кои доста вложивме,луѓето патуваат секој ден,најмалку по двапати,одење и враќање,некогаш и повеќе од тоа,,-објаснува претседател на владата на Р.Македонија,Никола Груевски-
--------------------------

:tapp: Се надевам дека болдираниот дел е гаф.
 
Очекувам видео :D
--- надополнето: 27 јули 2012 во 21:52 ---
Нај гаф 2012 :D
 
Ако се земат во предвид граѓаните и популизмот поважни се локалните патишта. Од аспект на бизнисот многу поважни се автопатите.
 
Патетична изјава, но ајде нека е и така, јас не гледам нешто гоооолеми реконструкции и нови регионални патишта, тој ебан плетвар со години го прават уште не го доправија салам, Битола-Прилеп, рамен пат, но суште опасен и тесен, за Битола-Охрид да не зборувам, патот до Струмица ужас, кај нас во Тиквешијата има некои реконструкции, воглавном селски патичиња од 2-3 км за кое се прави помпа на која и Луј 14 би и позавидел. Патот Кавадарци-Неготино го правеа, пак само до пола го направија, исто е и до Росоман, значи се колку да се почне, да се сликаат да пресечат ленти, да изедат тоа јадењето и пиењето и толку.

Квалитетот на самите реконструкции е ужас, нов направен пат за пола година и порано се уништува.

Автопатот е приказна за себе, железицата исто така, ама од патетичен човек кој од своите фрустрации намерно доцни секаде што да очекуваме.

Значи ако има тема каде подржувачите на власта не можат со ништо да контрат и да се бунат тоа е токму инфраструктурата.
 
Го видов и јас ова , но ај реков ќе речат одма политичка тема е.

Во делот на инфраструктурата како постигнување го посочи реновирањето и доизградбата на аеродромите во Скопје и Охрид, патната делница од Коридорот 10 Табановце – Куманово, комплетирањето на „Национална арена Филип Втори” и завршувањето на 71 локален пат.


Ако ова е постигнување и тоа за 7 години , ја не знам што би рекол.​
А тие 70 локални патишта не вредат повише од 20 милиони евра , ај нека бидат 50 ... добро де еве 200 милиони евра.​
Кај се другите пари кои требаше да се инвестираат во автопатишта , но сепак ги инвестираа во локални патишта.​
А оваа крпеницата Табановце-Куманово ми иде да ја гранатирам , се фали ли човек со таква инвестиција , проширување на пат и тоа за 3 години или колку траеше , 7,5км.​
Болје да речеа дека намерно не градиме автопатишта , пошто по западните земји има многу авантуристи кои сакаат да се возат по опасни патишта за да го кренат адреналинот.​
Така ќе сме привлекле туристи.​
Темата е за ЧДА , да пукне заебанција.​
 
Значи ако има тема каде подржувачите на власта не можат со ништо да контрат и да се бунат тоа е токму инфраструктурата.

Според изјавата уште доста време ќе нема со што да се пофалат.
Искрено очекував сосема спротивна изјава од премиерот, дека во годините што следат ќе има голема градежна експанзија во инфраструктурата. Да не заборавиме, многу држави се извлекле од криза во минатото токму со големи инфраструктурни проекти.
 
Точно.Николче, еве ти работа братче (y) Ќе гласам за тебе и цела моја поблиска и подалечна фамилија ќе ја убедвам ако ги средиш овие работи (или да ми субвенционираш 1000 евриќи годишно за амортизери и слично.И на другите со слични проблеми, нормално ако не планираш да градиш).
Го имав напишано истово и во друга тема.Ама нека го и овде пак...


Охрид – Ресен (М-5)
RE-OH%20201105%2011.jpg
RE-OH%20201105%2017.jpg

Ресен – Битола (М-5)
0882.jpg

picture203resizejq8.jpg

5A595B70AEF6FB46849D8C96241DE4B8.jpg
9BCD90812378F04D8095568FE3DC66EF.jpg


Кичево – Гостивар (М-4) од страната на Кичево
IMG_1725.JPG
IMG_1730.JPG
Велес – Штип (М-5)
VE-ST%2007%20pbanks%2003.jpg

Кочани - Штип (М-5)
Image5345.jpg
PA010037.jpg

p1080082ge.jpg



Струга – Дебар - Маврово (Р-408+P-418)
DSC_0531.jpg
STG-DE%200709%2019.jpg
STG-DE%200709%2026.jpg

Охрид - Свети Наум (P-501)

dsc04278t.jpg



Трпејца - Отешево (Р-504, меѓу двете езера преку Галичица
DSC_0747.jpg

Во зима е забранет за возење, поради неодржување од Македонија Пат :гомце: Долу во позадина Охрид – Свети Наум
393782_152659841515694_54470539_n.jpg

Струмица – Радовиш (М-6)

ra-sr%200610%2003.jpg
ra-sr%200610%2006.jpg


Радовиш – Неготино (Р-107)Прегледај го приврзокот 44647Прегледај го приврзокот 44648Прегледај го приврзокот 44649Прегледај го приврзокот 44650
Прилеп – Кавадарци (Р-106, кај Плетвар/Дреново)
Прегледај го приврзокот 44651Прегледај го приврзокот 44652Прегледај го приврзокот 44653Прегледај го приврзокот 44654
Берово – Струмица (Р-523)
Прегледај го приврзокот 44657
Демир Капија – Гевгелија (М-1)Прегледај го приврзокот 44658

Извор(и):build.mk, amsm.mk, berovo.gov.mk, ohridnews,com

Баш си викам колку е безбедно за било какво возило на овие патишта?!Нели е попаметно да бидат реновирани (полека со ред), а не да се фрлат огромни средства за нови возила и резервни делови...
 
Ми иде да си ги ископам очите кога читам вакви изјави. :facepalm:
Уште кога ќе ми текне дека некогаш сум гласал за него ми иде да си ја акнам главата од ќошот на масава.

Во последно време ме фаќа голема желба да го сретнам премиерот лице в лице.:нинџ:
 
Кои автопати, кои локални патишта, кои пи*ки материни... :facepalm::facepalm::facepalm:
Се е катастрофа, нека иде нека се харакира.
 
Точно.Николче, еве ти работа братче (y) Ќе гласам за тебе и цела моја поблиска и подалечна фамилија ќе ја убедвам ако ги средиш овие работи.
Го имав напишано истово и во друга тема.Ама нека го и овде пак...

Ете, и јас баш за тие патишта мислев, а имало колегата форумџија и со слика ни го долови моментот;)
 
Би ве замолил да дадете информација колку пати месечно/неделно/дневно ги користите автопатиштата за да направам некаква груба статистика.
Лично јас ги користам 2-3 пати неделно (значи десетина пати месечно), а се сметам за некој што умерено патува.
 
Пред некоја година поради сообраќајка на автопатот кон Белград, имаше пренасочување на локални патишта блиску до автопатот...не би го посакал ова искуство никому, ниту на некој наш во таму, а особено не на изгубен странец низ Македонија.А ние освен автопатите (кои и не е баш нешто освен 42-та км. Тетово - Скопје , 20-тината по обиколницата, 15-те на Табановце - Куманово и 18-те на Неготино - Д.Капија или вкупно 95!!!) и немаме некакви си магистрални патишта.Т.Е. имаме декларативно, ама реално се во ранг на локални.


Би ве замолил да дадете информација колку пати месечно/неделно/дневно ги користите автопатиштата за да направам некаква груба статистика.
Лично јас ги користам 2-3 пати неделно (значи десетина пати месечно), а се сметам за некој што умерено патува.


Два пати месечно минимуН.
 
За добри автопати треба појак стандард,пошто ако имаме пушка автопати тогаш патарината нема да биде 30-50ден туку 130-150ден, а кој од нашиов народ што патува ќе има на секои 2-3 ден да дава по 300-400ден за патарина?? ..Во Хрватска идам 2 години по ред, они имаат автопатишта да паднеш на гз,ама цената им е 16.5 евра во еден правец ,идими-дојдими оп 33евра,ама имаат поголем стандард и затоа не им се осеќа многу.
 
да не бевме под пусто турско ни железница ќе немавме денес
а патиштата требаше да се прават ’46-50 год,од мани од катран и тутун
а сега за кого патишта во Мариово,кога мариовци се овдека на асфалт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom