Важни се автопатите, но поважни се локалните патишта

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
741
Поени од реакции
682
Има ли нешто поважно од врбите, оградите, ангелите, тодор александров и ред други преродбенички малоумштини?? Кому му дошло до патишта на ова време светска криза е не треба многу да патувате, правите арч на смејниот буџет. Владата мисли на се само што вие тоа не го разбирате:tapp:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
нормално, за велосипеди не се потребни автопати:facepalm: нема се за бензин, нема се за делови за колата, нема се за мајсторот, па чуму се и автопатите, ајде сите по едно магаре:facepalm:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Би ве замолил да дадете информација колку пати месечно/неделно/дневно ги користите автопатиштата за да направам некаква груба статистика.
Лично јас ги користам 2-3 пати неделно (значи десетина пати месечно), а се сметам за некој што умерено патува.
Остај не се мачи со статистики , со голо око се гледа.

Оваа лето се возев Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево-Охрид.

Неверојатна колона , како низ Скопските булеварди, на патарините сите кабини отворени колона од 100 метра , накај Стража полно народ , автомобили од различни држави , автобуси од балканските држави со туристи ... некој за одмор на Охридско езеро , други за Албанија , трети се враќаа дома од Западните земји.

Ајде ете , сепак не се доволно овие автомобили и оваа движење , немало рачун за изградба на автопат.

Но неизградењето автопат има последици кон бизнисот и нашата економија.
Имаме забрана за товарни возила да се движат летно време (заради гужвата , да не се направи застој од Кичево натаму) ... како и забрана за товарни возила во зима заради снегот.
Што држава ќе бевме ? А тој пат е единствен кој води кон Албанија , а во Албанија неколку пристаништа кои можеме да ги употребиме за неше добро.

Исто и кон Крива Паланка и Струмица , тешки делници , слушам сеуште калдрма имало негде. :tapp:

И кои локални и регионални патишта се изградени , јас не знам , одамна немам видено тазе асвалт негде.

Ве молам најдете ми еден регионален пат кој е сосем нов изграден , во нов терен , скратување на пат ...
Се тоа се КРПЕНИ патишта , нема ништо ново.

Кои локални и регионални патишта се реконструирани ? Јас не знам.

Наредните 4 години е предвидено(=ќе) РЕКОНСТРУКЦИЈА на едно 100 локални патишта (селски) ... во вредност од 20-24 милиони евра.
Значи за патишта се издвојуваат по 6 милиони евра годишно ... верувам е еднакво на парите што се одвојуваат за реклами.

Сеуште ли не ви е јасно ?

Абе пари немаме ние , не е работата до тоа дека градиме патишта кои се од приоритет. Не се градат ни автопатишта ни регионални ни селски.

Знаеш кога сме барале пари од нашите родители : 1. Абе сине што ќе ти е да одиш на базен , седи дома гледај телевизија.

И друг родител кој вели : 2. Знам бе сине , пливањето е добро , за здраво тело , добро развивање , дружење ... но немаме пари ние.

Ние сме тие првите , немаме пари а не лажат дека автопатиштата не ни требаат , за жал има некои сеуште веруваат дека гледањето телевизија е подобро од пливањето.

Еве имате и слики на првата страна видете кај сме.

Овој пат на пример, личи како кожата на елефантот или пак на некоја 110 годишна баба




 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Често возам по овие патишта со citroen xantia 1995 или bmw 530d 2006,ама кога возам со цитроенот помалку ги осеќам нерамнините и дупките на патиштава.
Кичево – Гостивар (М-4)
Велес – Штип (М-5)
Кочани - Штип (М-5)
Струмица – Радовиш (М-6)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Патишта не треба.. Турсти по к*ров ќе ми возат за да ми дојдат тука! Глуп е овој бе, што му е?
Алооо #Ж од споменици не се живее..
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.235
Се мислам зошто не пишат на темава слепите поддржувачи на партијата...или уште не добиле инструкции???

И овие кретениве глупи ли се или нездрави?Кај е поголема фрекфенцијата на движење, меѓу 2 села со 293 жители заедно или меѓу Штип и Струмица на пример?
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Се е политика еден километар автопат е 2 милиони евра најмалку во случаеви да нема некакви препреки како тунели мостови и слично. Е сега со 2 милиони ќе се направат добри 2,3 локални патчиња низ селата. Тука нема ни проширување ни паркинзи ни ништо само нов асвалт. Ние таква каква што сме нација ќе видеме некое рурално двакилометарско парче и почнуваме секоја чест на владата работат вредни се за нив ќе гласаме блаблалба.. и Николче ги добива потребните гласови. А Автопатот пред се се гради и за рејтинг на државата и за инвестиции во државата ама нема толку гласови од тоа заради што секојдневно не го користиме. Сето тоа е политика каде со мали пари може да се поткупи населението да гласа за оваа Влада. Сепак можеби вината е и во претходните влади тие пак воопшто никакви патишта не правеа па сега и некое мало патче ќе го асфалтираат и ние мислиме дека врвот го постигнале.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Бре бре, 7км автопат ставија и одма доста биле автопати сега локални "ќе" граделе. Малку ли пари лапаат од патарини, регистрации, да даде господ глава да испокршат од сите дупки по патиштава, лопови едни.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Малку ли пари лапаат од патарини, регистрации
Да те дополнам:
Малку ли пари лапаат од патарини, регистрации и давачки од горивата наменети за патишта.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
741
Поени од реакции
682
Често возам по овие патишта со citroen xantia 1995 или bmw 530d 2006,ама кога возам со цитроенот помалку ги осеќам нерамнините и дупките на патиштава.
Кичево – Гостивар (М-4)
Велес – Штип (М-5)
Кочани - Штип (М-5)
Струмица – Радовиш (М-6)
Другар ако ти тежи бемвето да ти помогнам?? Јас плаќам нотарски трошоци без гајле:D
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Другар ако ти тежи бемвето да ти помогнам?? Јас плаќам нотарски трошоци без гајле:D
Фала ама не го продавам.Ново од салон сум го купил 40-45000 евра,а за 8-10000 не го давам.Нема поминато ни 40000 км
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Во мојот случај, јас навистина не користам премногу автопат... Регионалните јас повеќе ги возам, и оној делот Д. Капија - Неготино... тој дел барем десет пати годишно.
Многу ретко Велес- Скопје, 2-3 пати во годината.
Дардан гледам поставил слика од Штип - Кочани патот...
Струмица - Радовиш еден дел е сеуште коцка (калдрма), ама ај...велат дека сега ќе го направиле оној паралелно со стариот пат што се гради, демек поништувале тендери, активирале банкарски гаранции... ова она... не се разбирам јас многу во тоа...
Да не должам... можеби во мојот случај Груевски е во право.
Но, дали тоа значи дека на пр. јас не треба да патувам по некаков автопат (да се изгради сакам да кажам) од Струмица до Штип на пр. па да се поврзе на Велес, или пак од Струмица да се поврзе на Удово?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom