Стварно не знам кога последен пат сум слушал некоја пресконференција или гостување во емисија на некој од опозицијата. Се е млатење празна слама, се еден ист муабет, без никаков став, решенија и сл. Груевски, Црвенковски, Горгиевски и три часа да ги слушаш нема да ти здосади.Продавање магла. Додека замараат на цел глас за се и сешто, тивко позади сцена се им аминуваат на СДС. Да сакаа (или пак да беа способни) можат да ја стопираат цела држава со кочење во Парламент, фокусирање на актуелни проблеми и необезбедување кворуми. Затоа и си останаа во опозиција.
Никаков убедувачки говор на Мицковски..да ти го задржи вниманието, да покаже харизма, став..
Активности на локално ниво речиси никакви. Ако мислат две недели пред избори да се појават и да мислат дека по дифолт ќе ги добијат гласовите гадно се заебале. Левица е во страшен раст, а и двете црпат десничарски гласови.
Разбирам дека Мицко има проблеми со гадови како Мијалков, Јанчев, Коневски и некои други олигарси кои се главните виновници што ВМРО е на ова ниво но ако сака да ги добие симпатиите на гласачкото тело, мора енергично делување и друга PR стратегија