Станува збор за луцидно сонување и насловот на темата треба да се смени.
Мене ми се има случено да сфатам дека сонувам, но одма се будам.
Пред месец-два почнав да пробувам сама да предизвикам луцидни сништа, но не е толку лесно. Треба голема(читај: редовна) посветеност во секојдневието. Ако редовно се прашуваш себе дали сонуваш, ќе почнеш да се прашуваш и во сонот, па кога ќе сфатиш дека сонуваш, можеш да правиш било што - ете луциден сон
Немам стигнато далеку, како што реков, кога сфаќам дека е сон одма се будам, но имам читано дека со време и посветеност овој стадиум оди по нагорна линија.