Грешка е тој што пишал. Знам дека на александар велики цената е околу 5 евра за комплет (значи со сок и помфрит)
Големо мени, цените не верувам дека ќе бидат поразлични и во град зошто тие се цените на такви угостителски објекти.
Не знам зошто не го споредувате и со Апче, Вегера или некоја пицерија кога сте почнале да споредувате различен тип на објекти. Ова е тип на угостителски објект ко Мекдоналдс(кај нас нема други од овој тип), скап со необичен вкус (на повеќето што ќе им се свиѓа) само разликата е во големината. Не се споредливи ни со Седмица ни со отровот Вили, ни со нешто друго, единствено (сега за сега) може да се спореди со Мек, а за мене е подобар Бургер Кинг.
Ако гледате така можете и со кило леб и вода од чешма (за да не ви биде толку суво) да се најадете за 20 денари ама не е споредливо јадењето.
Повеќе тука што мрчат никогаш не ни пробале ама сепак се експерти за вкусот(иако има и вегетеријанци меѓу нив), уште го спомнуваат Стоилко или слични такви сендвичари со бајат помфрит неубав, со кечап и мајонез мешан со вода и бајати лепчиња (нормално пропорционално со цената) каде што повеќе луѓе имаат добиено тровање (вклучувајќи ме и мене) отколку што се имаат зачленето на форумов.