Бургер Kинг доаѓа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Најголемото животно искуство на Македонците кога одат во странство се сведува на импресии од фастфуд и јавниот превоз.

Можда за тебе и тебе блиските, за мене се сосема други работи.

Кога ќе седнеш во вистински ресторан, со 100+ годишна традиција, со вистинска мену карта и кога ќе бидеш задоволен од храната и професионалната услуга за која си платил ххх евра, ќе го прифатам твоето мислење за достојно воопшто и да правиме муабет за храна.

Мислењето на лик како тебе воопшто не ми е релевантно. Јас во какви ресторани и пабови имам седено, ти само на телевизија си ги видел.

Во меѓувреме, поштеди ме од твојата простотија да ми се фалиш како си дал 10 евра за помфрит, плескавица од соја и благо лепче со сусам.
И сето ова штампано на флаер со лажни сликички.

Не се симињам на твое ниво да ословувам со милозвучни придавки, како ти што правиш. Само кажував дека не на секој од форумов ќе му смени премногу ако седне и јаде што и колку сака во Бургер Кинг.

Кон останатите форумџии: Се извинувам за oфтопикот, но морав. Ова е мој последен офтопик пост на темава.

On topic - „Во новиот терминал, исто така, ќе биде сместена и големата статуа на Александар Велики и неколку бесцарински продавници и ресторани, вклучувајќи го и првиот ’Бургер кинг‘ ресторан за брза храна." - денешен Утрински Весник. Претпоставувам дека се мисли на нормалниот дел, а не на бесцаринскиот. Во вторник ќе знаеме.
 
Јас лично имам негативно искуство со Бургер Кинг. Иако сум вегетеријанец и можеби немам право да дискутирам за квалитетот на месото, сепак можам да коментирам за останатото - побаравме и плативме за вегетеријански бургери, со соја (сојата во Германија ми беше повкусна од секој вид месо што го имав пробано додека конзумирав), а не послужија со обични бургери без месо. Фактички, без ништо внатре, ала доматбургери :pos: Јас како дете од Струмица веднаш приметив дека доматите беа ко од лабораторија извадени - како да јадеш пластика. Кечапот како тој бугарскиот на времето 1 кг паковање, мајонез со лупа треба да бараш. И на крај ем не јадевме, ем си плативме 25 евра. Другарите беа изнервирани, демек такво нешто не им се случило порано...од кај да знам, можеби малер ден се погоди.
 
Првиот ресторан од ланецот Бургер кинг ќе се отвори на 30. август на скопскиот аеродром Александар Велики, а следниот во центарот на Скопје.

Најава за отварањето за рестораните даде и Канер Дикичи, генералниот менаџер на „ТАБ Фудс“.

„Ќе го отвориме нашиот прв ресторан на скопскиот аеродром на 30-ти август, а уште три нови „Бургер Кинг“ ресторани ќе се отворат во Македонија до крајот на годината“, изјави Дики

ме интересира чисто информативно.. дали еден сендвич ке биде со иста цена како што е на аеродром или низ некоја општина.. не за друго - цените на аеродром се 30% поскапи од било каде во скопје !
 
Кога сме кај познатите брендови, јас дури денеска дознав дека Domino's отвориле кај нас. Па дури и од нивното лого "се инспирирале". :icon_lol:

1042413_46005790_3.jpg
 
Фактички, без ништо внатре, ала доматбургери :pos: Јас како дете од Струмица веднаш приметив дека доматите беа ко од лабораторија извадени - како да јадеш пластика. Кечапот како тој бугарскиот на времето 1 кг паковање, мајонез со лупа треба да бараш.
Целиот зеленчук на запад е баш таков, и многу е скап, едно другарче од Холандија ми кажа 1 пипер -1 Евро и баш такви пластични, за разлика од нашите не можеш да кажеш доста, плус им ти го даваат за скоро без пари.
 
Бургер кинг ми се најшупци од сите останати ресторани за брза храна, единствено нешто што можам да го каснам од кај нив е кроасанот за појадок.
 
Уште 2 од првиот на Александар Велики,заедно со изворот :) 5 евра сендвич.
Како прво тоа е аеродром, нормално дека ќе бидат поскапи, на било кој аеродром било кој производ е поскап. Ако отворат во центарот на скопје и стават 5 евра уште првата недела ќе треба клуч да стават.
 
Ова баш ме радува, ист вкус со мекдоналдс, иста цена само поголемо :)
 
Да бидеме реални 5 евра ако е =300 денари за сендвич тешко дека некој ке се осмели да проба не пак редовно да јаде тука..
 
Грешка е тој што пишал. Знам дека на александар велики цената е околу 5 евра за комплет (значи со сок и помфрит)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom