Здраво дечки, ја читам темава извесно време уназад, и разни мислења видов. Ќе поставам неколку прашања па ако е некој љубезен и сака нека ми одговори.
Значи вака, сето е океј сите знаеме зошто го барама пасапорот, и каква е моменталната ситуација. Најдов венчаници, и кршеница (или како се вика), од Бугарска егзархија оригинал од 1937, за пра баба ми и пра дедоми. Меѓутоа во нив не пишува народоност, е сеа имам едно друго документче за нив двајца, меѓутоа се уште не можам да го претумачам за што е истото, али е веродостојно со сигурност, има потписи печати се од тој период и пишува народност - блгарин и блгарка. Дали со овие папири, би имал шанси да го добијам тоа, пусто европејско документче. Ви благодарам на одвоеното време.