Бугарско-грчка оска против Македонија

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Дали кон оската Атина-Софија влегува и Букурешт??
Ме интересира циганиве од Романија што интерес имаат да влезат во оваа оска.

И Романија најавува блокирање

Софија, Атина и Букурешт ја обединија позицијата околу препораките на Брисел
Слободанка Јовановска

Грција бара сојузници за да ја блокира Македонија на декемврискиот самит на Европската унија. Откако сфати дека сама, односно со Кипар, нема политички и морален кредибилитет да стави вето на четвртата препорака за преговори, покрај Бугарија на помош ја викна и Романија, која својата политичка сила во ЕУ ја измери веќе еднаш со заканата за евроинтеграцијата на Србија.

Вчера во Софија се одржа неочекувана средба на шефовите на дипломатиите на трите земји, а со цел да ги „ускладат“ своите позиции околу евроинтеграцијата на Земјите од Западниот Балкан, при што главна тема била нашата земја. Според изјавата што по средбата ја даде романскиот министер за надворешни работи Тит Корлатеан, и Букурешт не е далеку од тоа да исправи некоја своја пречка на патот на нашата држава. Тој, имено, го поздравил меморандумот што Грција го испрати на Македонија со забелешка дека „очекува добар одговор од македонска страна“, иако одговорот одамна стигна.

„Ние секогаш даваме поддршка, но има критериуми што треба да се почитуваат и од страна на БЈРМ“, рекол романскиот шеф на дипломатијата, практично солидаризирајќи се политички со Атина и Софија. Ваквиот сојуз зад грбот на Македонија се случи додека нашиот шеф на дипломатијата ја троши енергијата во Виетнам и Индонезија, а сите други од државниот врв кои досега беа гласни во надворешната политика, сега се свртени кон споредни прашања.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=82DBE8169538824DBF20E69153F8D8FF
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Oвa ce cлyчи денecка, оскатa e мнoгy видливa.

В'ншните министри на Б'лгарија и Г'рција Николај Младенов и Димитрис Аврамопулос потв'рдиха, че нјама да допуснат Македонија в Европејскија с'јуз, ако Скопие не докаже доброс'седските си намеренија. От думите им стана јасно, че това минава през решаване на спора с името на Македонија, заради којто Г'рција спира от години евроатлантическата интеграција на Скопие и спирането на националистическото говорене и нападките к'м Б'лгарија.

http://www.dnevnik.bg/evropa/razshiriavane/2012/11/12/1945177_mladenov_niamame_problem_s_makedoniia_a_s/
Еве и видео:

http://btvnews.bg/bulgaria/politika/blgariya-grtsiya-i-rumniya-s-usloviya-za-evrochlenstvoto-na-skopie.html

Оската Букурешт-Софиja-Атина постои от 2007 година и таа е со цел чуване на нивниот глас по прашаниja на Балканот.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов ги обиколува европските престолнини и најблаго кажано, ја кодоши Македонија дека не била примерен кандидат за добивање датум за преговори за членство во ЕУ. Така, велат во Бугарија, ги штител бугарските национални интереси, бидејќи Македонија ја крадела бугарската историја и не ги менувала своите учебници.

Со тоа, тој директно се става во улога на грчка продолжена рака. Ја спроведува грчката агенда и ја разводнува грчката вина за блокадата врз нашата земја. Сакале тоа или не, на овој начин Бугарите си наметнаа улога на грчки потрчковци. Оти, реално гледано, бугарски национален интерес не е Македонија да остане надвор од ЕУ, како што во 1992 година бугарски национален интерес не беше Република Македонија да остане дел од Југославија, туку да излезе надвор од српската сфера на влијание. Овој дел од етничка Македонија беше плен на Србија во текот на балканските војни и Бугарија тоа никогаш не го прежали. Тогашниот бугарски претседател Жељу Желев тоа многу добро го сфати, па не случајно лобираше кај рускиот претседател Борис Јелцин да ја признае независноста на нашата земја. На тој начин делумно беше анулиран еден дел од Букурешката мировна конференција во 1913 година, чија ревизија, впрочем, беше вековна желба на Бугарија.


Сега, со перспективната можност, Република Македонија како дел од ЕУ, по природен пат да стане основа за обединување на регионот Македонија, се создава цивилизирана реалност за уште едно исправање на неправдата од Букурешт, сеедно што етничката структура на регионот е драстично изменета во однос на 1913 година. Но, тоа обединување е на сосема друга основа и нема врска ниту со промена на граници, ниту со нарушување на територијалниот интегритет на државите. Впрочем, тој предлог за единствена Македонија, соодветен на тогашното време, бугарската делегација го имаше ставено на маса и на конференцијата пред 99 години.

Одеднаш, на денешна Бугарија ѝ пречи тоа. Која е логиката? Ја нема, освен ако не се гледа низ диоптерот на некогашните комунистички служби, чии поданици очигледно имаат зафатено добри места во владата на Бојко Борисов и кои не успеваат со ништо друго да се нахранат, освен со перманентна антимакедонска политика и со перманентно обвинување на Република Македонија дека води некаква антибугарска пропаганда.

Наспроти тоа, како што рековме, за Бугарија би требало да биде национален интерес Република Македонија час поскоро да стане дел од НАТО и од ЕУ. За Бугарија би требало да биде еден од приоритетните национални интереси и двете земји да станат економски просперитетни. Да станат земји чии граѓани, меѓу две меѓусебни понижувања, меѓу две меѓусебни префрлувања за тоа како Македонците се „боклук“ (ѓубре) народ и „измислена држава“ (од бугарска страна) и како Бугарите се „татарско невредно племе“ (од македонска страна), нема да размислуваат како да станат чистачи во некој јавен тоалет од западноевропските престолнини. За Бугарија би требало да стане национален интерес и од македонска страна да има можности да се врши притисок врз структурите во Брисел што решаваат за делење на европските фондови, за да може полесно да се добијат пари за создавање на една модерна и брза трансферзала од Скопје до Бургас и Варна. Денес е потешко од Скопје да се стигне до Софија, отколку што во 1903 година можело да се стигне од Солун, како главен македонски град, до престолнината на Бугарија.


Како е тоа можно, веројатно не му е јасно ни на самиот Младенов. Не се белки за тоа виновни неколку напалени антибугарски настроени јавни личности во Македонија, какви што ги има, во неброен ред, и од другата стана на нашата источна граница. Како е можно меѓу двете држави, во кои степенот на сиромаштија е катастрофално голем, во кои просечната плата, за тие што ја примаат, едвај надминува 300 евра, главно прашање за еден министер за надворешни работи и за еден премиер на држава да биде чиј бил Гоце Делчев? Еве ние немаме проблем со тоа што Бугарите го сметаат за нивен. Зошто тогаш по ѓаволите ним им пречи што за нас тој е Македонец, кој се борел не за Бугарија, туку за Македонија. Во крајна линија, во 1912 и 1913 година, значи во оној дел од историјата на кој се повикува Младенов, за Бугарија немало поголем непријател од Грција и Србија (сеедно што имале потпишано едно чудо договори за сојузништво пред почетокот на Првата балканска војна). Па, против кого бугарскиот генерал Савов ги испалил топовските ѓулиња во 1913 година? Да не била тоа грчката војска?

И може ли Младенов да ја препрочита таа лекција пред да продолжи со кодошкиот бизнис низ Европа, со што наводно ги штити бугарските национални интереси, а всушност работи на грчката кауза, не обидувајќи се да сфати ниту една буква од лекциите што српскиот претседател Николиќ се обидува да ги наметне во изминатите денови? Впрочем, прашањето е многу едноставно. Како е можно еден бугарски министер за надворешни работи, кој смета дека населението во Македонија - историски гледано - е бугарско, да се стави во служба на една земја како Грција, која на тоа исто население во 1913 година му ги вадела на живо очите и тоа исто население живо ги фрлало во оган? Тоа е бугарски национален интерес?

Чудото е уште поголемо ако се знае дека во овој момент, наспроти некаков си умерен оптимизам што се гради, а според кој Македонија во декември би можела да добие датум за преговори, реално гледано, не постои ниту еден аргумент што би бил солиден, а врз чија основа може да се очекува Грција и владата на Самарас тоа да го дозволат. Со други зборови кажано, ако позицијата на Грција не се променила по однос на тоа прашање, која е логиката Бугарија да се истопорува како кочничар на нашата држава кога таа улога сосема добро ја игра и ќе ја игра Грција?

Сето тоа всушност покажува кој за кого игра. А, во овој момент, очигледно, Младенов не игра за земјата чиј министер е, туку за некој друг.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111212925159&id=13&prilog=0&setIzdanie=22727&fb_action_ids=10151159816188801&fb_action_types=og.likes&fb_source=aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Лижење цигански (бугаро-грчки) газови...

Македонија уште е кандидат за влез во ЕУ?!!
Е па, нека ни е.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
Grcija i formalno odraboti preku Bugarija, a dvete se sojuznicki protiv Makedonija sive ovie godini.

Грција доби уште еден сојузник, и Бугарија е за блокирање на Македонија во ЕУ

http://www.mkd.mk/82261/makedonija/grcija-dobi-uste-eden-sojuznik-i-bugarija-e-za-blokiranje-na-makedonija-vo-eu/
.
Е па доказахме дека ви сакаме и ви мислим само доброто. ;)
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Е па доказахме дека ви сакаме и ви мислим само доброто. ;)
Секоја чест.
Секој доблесен патриот и чесен Македонец треба да им се заблагодари на Бугарија и Грција што не ни даваат можност самите да се понижиме себеси.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ете ги бугарчињата под точката добрососедски односи. Немој некогаш некој да ме прашал оти не ги поднесувам овие лицемерни суштества, пред тебе вака, зад тебе со нож. Од овие нема полоши запомнете. Грците играат со отворени карти, не ве сакам и крај ќе ве блокирам до последно, али ова бугарчево да го грабнеш и да го тепаш додека мрда.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.132
Поени од реакции
21.766
Па среќа во несреќа е дека Србија не е во нато и Еу инаку цело е кога има се.
Ке си се наредеја сите што учествуваја во тој букурешки договор и сите здружно и сложно ке си речеја Не.
Мислам дека е јасна борбата, картите се фрлени.
Што понатаму е сега прашањето. Дали уште ке се заебаваме со еу или .....
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ма какво еу какви бакрачи, со овие под ист покрив несакам, нека скапат таму.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Е па доказахме дека ви сакаме и ви мислим само доброто. ;)
Дефинитивно, гласањето против датум за пристап на Македонија оди во насока на добро соседските односи.

Како одеше приказната со пругата? :гик:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Е па доказахме дека ви сакаме и ви мислим само доброто. ;)
Овој уште мисли дека стварно се некој фактор. Како пред мене да ги гледам, собрана цела ЕУ и ги прашуваат Бугарот што да прават со Македонија:pos:.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Шо ти е изненадување.Од вакви комшии да добиеш услуга :love:
 
Член од
6 ноември 2012
Мислења
26
Поени од реакции
11
Da bea Albanija i Srbija vo EU i oni ke vi napravija blokada, bidete sigurni vo toa..

Makedonija ke se podeli.. ova e sigurno, ocigledano ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom