Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.174
- Поени од реакции
- 4.133
Дали кон оската Атина-Софија влегува и Букурешт??
Ме интересира циганиве од Романија што интерес имаат да влезат во оваа оска.
И Романија најавува блокирање
Софија, Атина и Букурешт ја обединија позицијата околу препораките на Брисел
Слободанка Јовановска
Грција бара сојузници за да ја блокира Македонија на декемврискиот самит на Европската унија. Откако сфати дека сама, односно со Кипар, нема политички и морален кредибилитет да стави вето на четвртата препорака за преговори, покрај Бугарија на помош ја викна и Романија, која својата политичка сила во ЕУ ја измери веќе еднаш со заканата за евроинтеграцијата на Србија.
Вчера во Софија се одржа неочекувана средба на шефовите на дипломатиите на трите земји, а со цел да ги „ускладат“ своите позиции околу евроинтеграцијата на Земјите од Западниот Балкан, при што главна тема била нашата земја. Според изјавата што по средбата ја даде романскиот министер за надворешни работи Тит Корлатеан, и Букурешт не е далеку од тоа да исправи некоја своја пречка на патот на нашата држава. Тој, имено, го поздравил меморандумот што Грција го испрати на Македонија со забелешка дека „очекува добар одговор од македонска страна“, иако одговорот одамна стигна.
„Ние секогаш даваме поддршка, но има критериуми што треба да се почитуваат и од страна на БЈРМ“, рекол романскиот шеф на дипломатијата, практично солидаризирајќи се политички со Атина и Софија. Ваквиот сојуз зад грбот на Македонија се случи додека нашиот шеф на дипломатијата ја троши енергијата во Виетнам и Индонезија, а сите други од државниот врв кои досега беа гласни во надворешната политика, сега се свртени кон споредни прашања.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=82DBE8169538824DBF20E69153F8D8FF