Ајде да се разбереме. Со Бугарскиот пасош во Европа ти ги имаш сите законски права како жителот на земјата во која се наоѓаш. Значи, не смееш да бидеш плаќан под минималната сатнина, конкурентен си за работно место сходно на твоето образование, итд. Со Македонскиот пасош си потплатен амал, без разлика дали си Доктор на науки.
Што ти е тука нејасно?
Јасно ми е, јасно, ама како што разбрав понапред, станува збор за градежни работници кои бараат чаре во странство.
На овие академциве, ретко им треба пасош. И без тој наоѓаат работа (кажав пример, дипломец, работи во Словенија со Македонски пасош, и трајна виза).
Со Македонски пасош, ако имаш солидно образование, нема да работиш на црно, се наоѓа и легална работа, и тоа е повеќе од јасно.
А баш па, од овие што ги знам, неколкумина работат на црно низ Европа (едниот правевме муабет пред некој ден, ми спомна правење тротоари.. како се вика таа професија не знам... ).
И по 100ти пат. Немам проблем со тие што одат.
Туку со тие што остануваат.
Тие се идното малцинство тука, а не некој што ја дувнал во Шведска со бг пасош. Бугарија нема да бара свои права во Шведска, ама ќе бара во Македонија.