Кога имав 19-20 години бев најголем патриот,верував до државата,верував во Вмро-Дпмне(да гласав за нив на првите избори откога станав полнолетен),бев најголемиот противник на тие што вадеа бугарски пасоши и слични такви работи.
Меѓутоа сега дојде време да почнам јас да работам,да си заработувам за себе,дојде време кога мајка ми и татко ми не ми помагаат како порано(кога ми даваа по 500 че за у град), и баш сега видов на своја кожа колку е трула и смрдлива оваа држава.И ја дадовме младоста,им ги дадовме гласовите на политичарите,а они никако не се одолжуваат за тоа.
Си мислам,што ми даде мене оваа држава,па за да ја и дадам нешто на неа.Сега некој ќе се избаци во стилот дека ми дала бесплатно образование,ми дала живот,чуство на припадност и слични гомнарии.Еве и ја ќе се запрашам што сум и дал на оваа држава,најверојатно ништо.АМА и Швеѓанецот не и дал ништо на Шведска,а гледај таа каков живот му обезбедила.
Не го оправував бугарскиот пасош кога се земаше за половен голф 4,ама доколку на некој му е неопходен да избега од државава,да оди да заработи некаде како што трудот се цени многу повеќе од тука,во тоа не гледам ништо лошо.
Неможеме да седиме дома и да ја јадеме љубовта према Македонија.Секој човек прво си гледа за себе,а после гледа за сите други.Значи прво ќе си гледам за себе, па после за Македонија.
Извинете патриотчиња ама јас тука не си гледам никаква иднина(не дека во странство или со бугарски пасош ќе имам сигурно подобар живот),и ќе се обидам негде на страна,а вие тука лупајте се во гради за Македонија и за Вмро-Дпмне,кога сите во таа партија влегоа од интерес за подобри позиции или за нови работни места.