Како да не барате , нели сакате инверзија на нашите барања да дозволим етничка партија на Македонците во б'лгарија.За да стане такво нешто треба да се промени уставот и да станеме нешто како мултиетничка држава тоа е еднакво на вашиот рамковен договор , такво нешто не сакаат 800 000 Турци во бугарија а вие за партија со 2000 члена дига прашина да ни судите во меѓународниот суд .
Е не е баш така, треба да се разграничат работите, Судот во Стразбур пресуди против Бугарија врз основа на Конвенцијата за Човекови Права - слободното изразување, право на јавни собири, јавни мислења и сл.
Што се однесува до регистрирањето на политичката партија Судот пресуди во полза на Бугарија.
Ниту еден од овие процеси не бил воден од страна на македонската држава, туку од ваши граѓани и тоа треба да го решите меѓусебно.
Лично не сум приврзаник на организирање етнички политички партии и ако ова е главниот спор меѓу двете држави тогаш сметам дека најлесно може да се реши.
Проблемот со историчарите не е во тоа да имате различно размислување од нас по одредени случувања , а во тоа дека градите историјата на антибугарска основа не може да учите децата од мали да нè мразат , не може да прогонувате бугарски амбасадор дошол да покаже почит кон Гоце Делчев и тоа на згора овие коски ние ви ги дадовме да се во македонија .
Немаш подобар аргумент на мојот предлог за академски компромис(користен насекаде во светот во секоја наука) и затоа пак одиш со повторување на ноторни лаги и претставување на “инциденти“ кои самите ги стимулирате и конструирате.
Можеме повторно да навлеземе во составување на листа на ваши агресивни провокации, но тоа беше досега нашироко и надолго обработувано.
Лична желба на Делчев беше коските да му почиваат во престолнината на независна Македонија, а не на Бугарија. Коментар не е потребен.
За кој конфликт со Грција и Србија зборуваш навистина Незнам кога има некаков спор на историја со нив седнуваат историчарите и го решаваат , за разлика од македонија кога имаме историски спор со вас вашата влада вади пари од државниот буџет и ги дава на Латас и Митревски да прават антибугарска кампања во македонија .
Историскиот спор е маска за да не се дискутира за многу побитни работи, еве да речеме спорот да не постои, што мислиш со што би се занимавале?
Редица ваши политичари на високи позиции изградија кариери врз основа на антимакедонска политика. Не дај боже да треба да ви ги решаваат вистинските проблеми во животот.
Такви ноншалантни заклучоци како нашава Влада давала пари за “антибугарска“ пропаганда е наменето за оправдување на вашите антимакедонски пропагандни медиуми и хајки.
да навистина за жал со вас делиме толку заеднички работи и немавме поблизок народ а тоа што се случи доведете ја до таму да имаме по добри односи со Срби и Грци .
Тоа е исклучиво ваш избор, како што спомна претходно, зарем “заради нас“ да си ги расипете односите со Србија и Грција. Среќно ви во тоа друштво.
Баш ме интересира колку подобро ќе им се живее на Бугарите доколку ние прифатиме се’ што бараат, колку ќе им се наполни стомакот со храна, резервоарот со нафта, ќе им скокне температурата во домовите, ќе се отворат нови работни места, конечно ќе доживеат експанзија на нивниот досега здржуван потенцијал..... или ... и нема да видат 0% подобрување.