Интересно.
За истите тие Македонци, кои бранат споменикот на србскиот крал Стефан Душан, вандализирането на плочата на Македонката Мара Бунева е гордост и хероjство.
Тоа само уште един пат покажува за што станува збор и какви са корените на тези провокации.
Плашам се дека скоро албанците ке подигнат отбележие на Бунева.
Имаме секое право да бидеме против ускратувањето или силувањето на нашиот
слободен избор.
Не може ниту Албанец да забранува, ниту Бугар да поставува споменици во нашава земја без наша згода.
Не може спомен плоча да биде испишана, како прво и основно,
единствено на бугарски јазик.
Како второ, не може за оваа пригода да се носат
5 автобуси со скинери и слични неранимајковци кои ќе урлаат “фиромци“ и “србомани“ на сред централниот градски плоштад.
Направете рекапитулација на погорново и ќе ви биде кристално јасно каков е “коренот на тие провокации“.
Не сте вие од Бугарија овластени од нас Македонците да подигате споменици на наши хероини и да им придавате контроверзен карактер како би го негирале македонскиот народ.
За една работа имате право, дека биле направени пропусти во минатото да им се даде соодветен третман на одредени личности и поради незнаење и манипулирање на фактите денеска доаѓа до ова недоразбирање.
Сепак, немате основна култура ниту вашите намери се искрени, во спротивно ќе умеевте и што е најбитно ќе сакавте да ги придобиете Македонците во секој поглед.
Наместо тоа, вие ја понижувате нивната достојност, нивното право на самоопределување и поставувате непристојни услови и цена на вашата политичка поддршка, карактеристично за нашите најголеми душмани Грците.
На сите им е кристално јасно дека се обидовте вчера да направите инцидент и да овозможите алиби за блокирање на Македонија.