Брука во КАМ маркетите

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.670
Поени од реакции
35.324
Уцена е зашо не ти даваат регуларно да си купиш основен прехранбен производ
Не знам како било во Скопје, ама во помалите градови, полиците си беа полни со секакво масло. Никој никого не уценуваше дека мораш да направиш сметка од 800 денари за да си купиш основен прехрамбен производ. Едноставно одиш си земаш масло и чао молим.
Доколку сметката ти е над 800 денари на каса ти даваат некое си Ш класа масло гратис и повторно чао.

Само што не гледам да сте толку праведни кога станува збор за правилата и прописите кои треба да важат на територијата на целата држава, а не само на одредени места. Постапил противзаконски, казни го, ама не ми глуми правна држава, а во останатиот дел не смееш да помислиш да испратиш инспектори.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.717
Поени од реакции
6.092
Најдобронамерно... Се надевам никогаш нема да имаш продавница или сличен бизнис, зашо ќе пропаднеш за многу брзо со вакво размислување.
Cccc...
15 godini rabotam trgovija. Fala bogu, dosega gobro odi...
I jas ti kazuvam od praksa deka imas realna situacija koga nekogas si primoran da prodades poevtino od nabavna cena.
Ili, sto ako imas potpisano godisen dogovor so fiksna prodazba Cena, a vo meguvreme se poskapi nabavkata?
Ne tresete zeleni...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.334
Поени од реакции
7.698
Дури, и не знам дали знаеш дека законски недозволено е увезена роба да се продава по пониска цена од набавната. Не можеш нешто да го купиш 50 денари а да го продаваш за 40.
o_O :confused:
Дај цитирај член од законот каде не е дозволено да продаваш по пониска цена од набавната!!! Јас имам продавано и немам казна од УЈП добиено. :toe:

Замисли за леб направат така, да немаш леб на полиците и само со сметка над 800 денари да можеш да го купиш истиот, во ред ли ќе е?
Па во 2020, 2021, 2022 како беше (и сеуште ви е) во ред да барате невакцинирани или без маски да не можат леб да купат ... лицемерен народ

му текнало на Петко и по 100е зејтин ќе продава.
Петко сам го набавил/произвел, сам ќе си одреди по која цена ќе го продава. Ако не можете или не сакате да платите 100еур, идете кај некој друг, никој не ве присилува. Идете државата нека ви продаде зејтин. Ти како наплаќаш провизија за секоја трансакција... државата ме присилила преку банка да ги поминувам парите, а банките слободно си ставаат провизија колку си сакаат.

Што е “профитирање на маката“? Масло во државата има цело време. Ако нема во Кам , има во Тинекс, Веро...
Џабе објаснуваш, народ си сака системот да е главен. Ова било профитирање на маката, ама тестовите за ковид, маските за ковид, за кои си присилен да ги правиш и носиш, тоа не беше и не е профитирање :D

Ех камо среќа вака народ да се бореше и да бараше системот да се казни за сите негови лаги, крадења, корупција итн итн. Вака е полесно, испразни се на Петко и Петкана, па продолжи да живееш во жабокречината.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Не е проблемот во тоа дека е зејтин, туку дека маркетот не смее да ги крие производите од купувачите, за тоа и се казнети. Значи кога зејтинот што го даваат гратис би го имало и на рафт, немало да има никаков проблем, тоа е легитимно право на маркетот да дава гратис производ. Но тие целата количина на зејтинот ја чувале во магацин, и тоа не во еден маркет, туку во неколку, додека на рафт не може да се купи зејтин, зашто нема. ДПИ ова го гледа како маркетот да те условува, ако сакаш да „купиш“ (добиеш) зејтин, да мораш да направиш сметка од 800 денари. Таму лежи проблемот.
Не се разбираме... Кога даваа на каса зејтин имаше по рафтовите неколку врсти на зејтин. Значи, не гледам никакво условување. Можеби претходно калкулирале, не знам ама конкретно во случајов е неточно.
Баш ме заболе за КАМ искрено и не ги сакам нешто посебно ама лага е дека немало зејтин по рафтовите и дека имало некакво условување. Имаш сметка над некоја сума имаш гратис, толку.
Автоматски споено мислење:

Туку, друг момент.. Вчера во ВЕРО кај Сити кога пазарев приметив многу јак момент: шише зејтин иста цена 90 и нешто ама нешто ми изгледа чудно.. Направиле шишиња пигмејци од 850мл со иста цена :)
Браво! Закон се...
Автоматски споено мислење:

Инаку, зејтинот ја уби дури и темата со корона... :sneaky:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.530
Поени од реакции
114.733
Петко сам го набавил/произвел, сам ќе си одреди по која цена ќе го продава.
Не може, не знам како да ти се објасни.
Автоматски споено мислење:

Не знам како било во Скопје, ама во помалите градови, полиците си беа полни со секакво масло. Никој никого не уценуваше дека мораш да направиш сметка од 800 денари за да си купиш основен прехрамбен производ. Едноставно одиш си земаш масло и чао молим.
Доколку сметката ти е над 800 денари на каса ти даваат некое си Ш класа масло гратис и повторно чао.

Само што не гледам да сте толку праведни кога станува збор за правилата и прописите кои треба да важат на територијата на целата држава, а не само на одредени места. Постапил противзаконски, казни го, ама не ми глуми правна држава, а во останатиот дел не смееш да помислиш да испратиш инспектори.
Не ти го сфаќам последниот дел од постот... Зашо ми ставаш зборови во уста и ми наметнуваш настани? Демек ќутам за други неправди а сеа се бунам? Wtf? Јас не ни знам дали е точно ова со КАМ, затоа пишав АКО праеле така треба да ги казнат, толку. Ме заболе мене таквото за КАМ, коментирам само како е според закон.
 
Последно уредено:
Член од
16 октомври 2021
Мислења
682
Поени од реакции
1.521
Не знам како било во Скопје, ама во помалите градови, полиците си беа полни со секакво масло. Никој никого не уценуваше дека мораш да направиш сметка од 800 денари за да си купиш основен прехрамбен производ. Едноставно одиш си земаш масло и чао молим.
Доколку сметката ти е над 800 денари на каса ти даваат некое си Ш класа масло гратис и повторно чао.
Претпоставувам не си економист и не разбираш некои работи, ќе пробам да ти поедноставам иако @Stefan-kobe и @Zlatikevichius кажаа се што требаше да се каже. Значи се е тоа у реду што си го пишала со акцијата и се слагам да има таква акција се додека трае кризава и сум за да има секакви акции од тој тип се додека се во рамки на законот. Меѓутоа додека на рафтови немаш ниту еден зејтин ставено (у овој пример КАМ маркет), а си ги повлекол во магацин и ги чуваш како залиха за да правиш ваква "акција" е строго казниво со закон. Значи зејтинот, лебот, млекото, маргаринот или путерот и ред други производи ти се конвенционални производи, т.е. твојата егзистенција зависи од нив и кога одиш во продавница не размислуваш воопшто за нивно купување, туку ги купуваш веднаш и без голема споредба или напор за купување. Затоа и постојат закони за нивните цени, да не бидат дискриминирачки, да нема дампиншки цени и менаџерите да немаат дотолку нивно влијание за формирање на цената. Си постојат закони и регулативи. Нема да навлагам дали тие се почитуваат или не, дали се казнуваат бидејќи е друга тема. Во моментов дискутираме за целта на оваа акција.

Тука е проблемот кај КАМ, на производ како што е зејтинот, те условува да направиш сметка од 800 денари за да ти дадат гратис. Еве не можам да направам сметка од 800 денари за да си дозволам основен прехрамбен производ како што е зејтинот, но меѓутоа потребен ми е зејтинот веднаш, во моментот. Треба да го имаат ставено на рафт како опција (вчера го немаше кај мене во КАМ, проверено), за да се купи поединечно по негова регуларна цена, а не единствен пристап до производот да биде со услов, т.е. само ако направиш сметка над 800 денари па да го добиеш истиот гратис иако ти кажале дека количините за зејтин им се потрошиле, кога тоа е потполно неточно и истиот го имаат повлечено само од рафтовите со цел да иницираат поголема продажба на сметка на граѓанинот како што кажав казниво со закон. Вака да функционираше економијата, ехее еве првиот маркет ќе го отворам во некое село каде што луѓето патуваат за да си дозволат основни намирници и со сметка над 400 денари таму ќе продавав леб и млеко.
Дај цитирај член од законот каде не е дозволено да продаваш по пониска цена од набавната!!! Јас имам продавано и немам казна од УЈП добиено. :toe:
Не дека не е дозволено да продаваш по пониска цена од набавната, туку овде станува збор за сосема нешто трето. Еве закон согласно таквата продажба како што е случајот со зејтинот.

Лажна информација е дека немаат зејтин за продажба на рафтовите поради тоа што имаат мала количина на зејтин на залиха и истата ја чуваат за овие што ќе направат над 800 денари сметка. Жими газот. Ги повлекле во магацини и лажат дека го немаат како поединечен производ и те условуваат да направиш сметка од 800 денари за да си го дозволиш. Затоа им отиде инспекција, затоа им ги најдоа зејтините, затоа попија казна и затоа денес цел рафт беше полн со зејтин во КАМ маркетот кај мене.

bafra glupak.PNG

Еве го условувањето под 3). Те условува да купиш лепеза на производи за да направиш сметка до 800 денари за да можеш да си го дозволиш зејтинот во овој случај.

bafra teska gluperda, Gospod napomos.PNG

Не знам што овде расправате основни економски работи а немате ни Е од економија во познавањето. Ама најинтересни, и експерти за корона, за војнава у Украина, сеа и експерти за економија станавте а благе везе си немате. Кажете сега како не сме у право со тоа што ќе ми кажете дека како совршена конкуренција маркетот може што кур сака да прави и да ја покачи цената на зејтинот на 1000 денари ако му е ќејф.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.899
Поени од реакции
37.018
Дај цитирај член од законот каде не е дозволено да продаваш по пониска цена од набавната!!! Јас имам продавано и немам казна од УЈП добиено. :toe:
Член 45-а

Ако некоја стока се увезува во Република Македонија по пониска цена од нејзината нормална вредност (дампинг) и ако во истражна постапка, која ја спроведува Комисијата, се утврди дека таквиот увоз предизвикува или се заканува да предизвика материјална штета на домашното производство, или би можел да го забави развојот на домашното производство Владата може, на предлог на Комисијата, да пропише антидампинг давачка за увозот на таа стока. Се смета дека стоката е увезена во Република Македонија по пониска цена од нејзината нормална вредност (дампинг), ако цената на таа стока е пониска од споредбената цена на иста стока по која таа под вообичаени услови се продава во земјата извозник за потрошувачка во таа земја.
______________________________________________________
BTW, УЈП не постапува по Закон за трговска дејност, секако не може да казни никого за член од Закон за трговија, само ДПИ може. ;)
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
1.040
Поени од реакции
4.033
Инаку тие 16к евра или колку и да се пак ќе ги плати рајата што сега се радува за казната, ќе си стават КАМ плус по некој денар на одредени артикли за да се изедначат финансиски, а парите од казната ќе одат за добротворни цели во џебовите на УЧК, па смеј се ти Македонче.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.899
Поени од реакции
37.018
Не се разбираме... Кога даваа на каса зејтин имаше по рафтовите неколку врсти на зејтин. Значи, не гледам никакво условување. Можеби претходно калкулирале, не знам ама конкретно во случајов е неточно.
Баш ме заболе за КАМ искрено и не ги сакам нешто посебно ама лага е дека немало зејтин по рафтовите и дека имало некакво условување. Имаш сметка над некоја сума имаш гратис, толку.
Не е точно. Во трите маркети што се казнети немало никаков зејтин на полиците. Можело да се „добие“ само ако направиш сметка од 800 денари. Еве и видео за тоа, ако баба лаже трап не лаже. Се гледа и на видеото дека рафтот е празен, а и самиот касиер кажува дека не може да се купи зејтин. ;)

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Не е точно. Во трите маркети што се казнети немало никаков зејтин на полиците. Можело да се „добие“ само ако направиш сметка од 800 денари. Еве и видео за тоа, ако баба лаже трап не лаже. Се гледа и на видеото дека рафтот е празен, а и самиот касиер кажува дека не може да се купи зејтин. ;)

Во грешен КАМ сум влегла изгледа...
 
Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.657
Поени од реакции
7.305
Зејтинот им беше повлечен, имаше и некој други работи беа повлечени па после извадени.
Мислам дека и зеленчукот и овошјето го повлекоа, па не го вратија одма. Им седеа празни рафтови. Може немаше краставица и домат, ама другите работи ги имаше, така да ова со зејтинот им е тргнат од рафт.

Имале у магацините залиха на зејтин, зејтин Брилијант, Бисер и од како се направи фамата пак стигаше.
 
Член од
28 април 2011
Мислења
276
Поени од реакции
114
Во Тетово во Кам Марект кај Тетовчанка зејтин немаше ни за лек. Го даваа строго само за сметка над 800 ден.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.877
Поени од реакции
23.448
Ама чекај сега. Имало или немало зејтин на полиците во КАМ маркет кога ја спровеле оваа акција?
Јас не сум запознаен со ситуацијата, ама ако имало зејтин како што тврдеа на првите страни од темава, а направиле акција тогаш оваа казна е само мачкање очи на јавноста демек нешто работи инспекцијава а секако КАМ ќе поднесе жалба и нема да плати ништо од тие 16.000€
Воопшто не гледам проблем за некоја ваква акција и не знам што толку врева се кренало. Ако снемало зејтин затоа што секој купувал по 100 литри тогаш не знам што е КАМ крив и зашто они да се казнат и воопшто да се коментира 12 страни за некоја нивна акција.
Генерално во Македонија нема недостаток на зејтин па ако не ви се свиѓа КАМ како работат, слободно идете во друг маркет и купете го тој производ.
Еве само мала споредба - Ако државата ограничи цена на бензин на 100 денари по литар, а набавна е 110, дали бензиските пумпи и натаму треба да работат само затоа што владата така наредила?
 
не немаше проверено во Кам Маркет во Тетово
 
Kajgana Shop

На врв Bottom