- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.530
- Поени од реакции
- 114.733
Тука е проблемот, НЕ МОЖЕ тоа да го прави менаџерот или било кој. Конташ дека има закон за заштита на производи, потрошувачи и слично? Значи КАМ има легитимно право да направи акција купи 1 зејтин земи 2, ама нема право да го повлече производот од употреба и да го дава стрикно како гратис производ за направена сметка над икс цена. Има закони за вакви ствари, за дампинг цени, за триста други тракатанции, не е туку така плукни залепи, му текнало на Петко и по 100е зејтин ќе продава.Што ако се смета за основен прехранбен производ? Може менаџерот имал идеја сите зејтини да ги повлече за да отворат КАМ СУПЕР ЗЕЈТИН СУПЕР СТОРЕ и таму да се продава? И кој ќе каже дека лаже, дека не е така? Менаџерот вика така е, тоа е идејата.. И?
Ако нема закон можат сите работодавци да се соберат на состанок и да кажат од утре лебот по 200 денари ќе се продава и ние може да се сликаме. Затоа државата има норми и регулативи во вакви ситуации за да не можат да забегуваат работодавците.
Автоматски споено мислење:
Апсолутно. И Бислимоски рече во интервју дека ќе бидат казнети сите што одбивале да точат гориво или што точеле нафта во туби од 5 литра, ама не се деси тоа. Се слагам дека е дупли стандард ама тоа не значи дека КАМ е неоправдано казнет или дека не треба да биде казнет.Пред недела дена отприлика Макпетрол одбиваше да точи гориво се со цел да си го максимизира профитот. Никој не ги казни, тоа е чист дупли стандард.